„КЕНГУРСКИТЕ СУДСКИ ПРОЦЕСИ„ на судиите на УДБОМАФИЈАТА

Судијата на Врховниот суд на САД, Douglas, во случајот SPANO v. NEW YORK ја дава дефиницијата за „КЕНГУРСКИ СУДСКИ ПРОЦЕС„: „…Во овој случај станува збор за обвинет, кого што наместо судија и порота, претходно го судела полицијата. Тоа е КЕНГУРСКИ судска постапка (kangaroo court procedure), каде што полицијата ги произведува неопходните докази, суштински докази против обвинетиот и спречува присуство на адвокат (потенцирал М.П.).„[1]

 

Она што е експериментот во природните науки, тоа е примерот во правото. Следниот пример уште повеќе ќе ја осветли дефиницијата за „КЕНГУРСКИ СУДСКИ ПРОЦЕС„.

 

Во случајот MIRANDA v. ARIZONA, Врховниот суд на САД, врши ексклузија на доказите добиени без поучување за правото на молчење и правото на адвокат и ја укинува одлуката против обвинетиот. Во пресудата Врховниот суд на САД ја опишува бруталноста на полицијата и тактиките што ги употребува за да ја скрши волјата на лицата што се предмет на полициската постапка:

„До скоро, полицајците во Kings Countri, New York, брутално го претепуваше и клоцаше осомничениот, од кого што сакаа да извлечат изјава, која што би товарела трето лице, а потоа на гол грб, уште му гаселе запалени цигари…

Повторно потенцираме дека, модерните начини на кустодиалното (осредоточено) сослушување, повеќе темели на психолошки, отколку на физички методи. Како што веќе запишавме, „од случајот Chambers v. Florida, 309 U.S. 227, овој суд признава дека присилата може да биде, како физичка, така и душевна и дека крвта на осомничениот не е единствен доказ за противуставна инквизиција.„ …Сослушувањата и понатака течат во приватност. Последица на приватноста е тајност, која што предизвикува празнина во нашето познавање на случувањата во собите за сослушување. Драгоцен извор на податоци за сегашните полициски пракси се различните полициски прирачници и текстови, во кои се опишани постапките, кои во минатото се покажале како успешни и во кои се препорачуваат различни ефикасни тактики…

Полицајците од прирачниците се научуваат дека „главен психолошки фактор, кој што помага при сослушувањето е приватноста-сослушувачот е со лицето што го сослушува сам„…

[Судот во продолжение ги претставува најважните методи, кои што ги наведуваат прирачниците. Важни средства што учебниците ги обработуваат, а судот ги превзема се:

-вината на сослушуваниот треба да се претпостави како факт и да се посветите на мотивот на казнивото дејствие;

-сослушувањето го вршат две лица, од кои едниот е љубезен, а другиот нељубезен и постојано се менуваат…;

-сослушувачите го измамуваат сослушуваниот, дека имаат одредени докази, дека сторителот е тој, иако во стварност ги немаат;

-доколку сослушуваниот не сака да одговара, сослушувачот тоа привидно му го допушта (бидејќи со тоа го разоружува) и му појаснува дека лицето што молчи е сомнително, бидејќи кој е навистина невин, ќе каже се што знае за работата.]

(потенцирал М.П.).„[2]

 

Овие гнасни тактики ги применуваат, и УДБА (СДСМ), и Депандансот на УДБА (ВМРО ДПМНЕ), но многу повеќе и побрутално УДБА (СДСМ).

Овој легален начин за заканување и застрашување на македонскиот народ мораме да го демаскираме, да ги запишеме судиите на УДБОМАФИЈАТА што учествувале во „КЕНГУРСКИ СУДСКИ ПРОЦЕСИ„ и кога ќе дојде македонска партија на власт да им судиме.

 

„Тешко на она поколение, чии што судии заслужуваат да им се суди (Арапска).„[3]

Прва работа што треба да ја направат жртвите е да се јават на „информативен разговор„, но да се бранат со молчење (полицијата мора да ве пушти да си одите), повикувајќи се на член 6 од ЕКЧП. Второ, веднаш чесен адвокат за да изврши увид во полицискиот предмет, врз основа на член 6(3) точка г од ЕКЧП и да утврди дали има разумно сомнение за постапување на полицијата, согласно член 5 од ЕКЧП.

Доколку чесен адвокат, утврди дека не постои разумно сомнение за повикување од страна на полицијата, адвокатот веднаш да поднесе жалба до судија на претходна постапка против полицаецот што ве викнал, заради незаконити дејствија. Доколку не ви ја покажат кривичната пријава, односно сите списи за да може адвокатот да ги сослуша тие што ве товарат согласно член 6(3) точка г од ЕКЧП, поднесете жалба до судија на претходна постапка, бидејќи полицаецот не е повеќе полицаец, туку криминалец кој ви ги крши човековите права. Доколку судијата на претходна постапка не ги осуди полицајците за незаконити дејствија, знајте дека сте во „КЕНГУРСКИ СУДСКИ ПРОЦЕС„.

Поднесете кривични пријави за злоупотреба на службената должност против полицаецот и судијата.[4]

Иван Илич како правник успеа во се’. Беше обвинител истражен судија и судија во висок суд. Убав семеен живот, жена, деца, луксузен стан, зет истражен судија, слуги. Свесен беше за огромната моќ што ја има. Дека може да го уништи угледот и на најблагородниот човек со благородничко потекло, само со едно повкување. Но, тоа никогаш не го правеше и сметаше дека живее добро. Дека е добар човек. Кога тешко се разболе беше на врвот на среќата. Болеста беше тешка со неподносливи болки, кои што можеа да ги смират само опиум и морфиум. Но, душевните болки што почна да ги чувствува беа поголеми од физичките болки. Гледајќи го лицето на својот добродушен слуга Герасим, се’ повеќе мислеше дека го промашил животот. Почна да сваќа дека ги пригушувал своите одвај приметливи склоности да се бори против она што луѓето на највисоки позиции го сметаат за добро. Сваќа дека неговата служба, неговите животни правила, неговото семејство, интересите на општеството и службата е погрешно. Страшно му беше сознанието дека заминува од овој живот свесен дека упропастил се’ што му било дадено. Кога ги гледаше неговата жена, неговата ќерка, неговиот слуга, докторот-му се чинеше како да се гледа себеси. Се’ за што тој живееше. Виде дека сето тоа не е она вистинското, дека живеел во голема заблуда и од тоа сознание десет пати му се зголемија физичките болки. Сознанието дека цел живот живеел во лага, му ја одземаше волјата за живот.[5]



[1] Превел М.П. : USTAVNO kazensko procesno pravo/avtorji Boštjan M. Zupančič…et al.-Ljubljana : Atlantis Publishing,1996, stran 150.

[2] Превел М.П. : USTAVNO kazensko procesno pravo/avtorji Boštjan M. Zupančič…et al.-Ljubljana : Atlantis Publishing,1996, stran 157-158.

[3] Превел М.П.: RADIĆ, Tomislav, Vox populi : zlatna knjiga poslovica, 2. prošireno izd.-Zagreb : Nakladni zavod Globus, 1995, stranica 317.

[4] Се разбира дека нема ништо да се случи, но кога ќе дојде македонска влада, тоа ќе биде доказ за осуда на полицајците и судиите. Обвинителите поретко влегуваат во „КЕНГУРСКИ СУДСКИ ПРОЦЕСИ„ сами.

[5] Толстој во “Smrt Ivana Iliča”: TOLSTOJ, L. N. , “Obiteljska sreća”, Matica hrvatska, Zagreb, 1965, stranica 197-201.

  •