Груевски и правото на самоопределување
(прв дел)
Според Спиноза[1], државните универзитети не се наменети за да ја развиваат способноста на духот, туку за да го попречуваат развојот на духот. Спиноза вели дека во слободна република науката најубаво ќе цвета тогаш, кога на секому(кој што сака јавно да предава) ќе му биде дозволено тоа да го стори, меѓутоа на сопствен трошок и на сопствена одговорност за своето име.
И универзитетите на Груевски, не се наменети за да ја развиваат способноста на духот, туку да ја попречуваат. Ние сме доказ за тоа. Бесплатно во „Нова Македонија“, не жалејќи време и напор, докажавме дека духот најубаво цвета, кога на секому му е дозволено јавно да советува. Особено кога станува збор за најважното прашање, спорот со Грција.
Дотука, пофалба за Груевски, бидејќи како по дефиниција, се однесуваше во склад со советите на Спиноза. Така, Македонскиот народ го доби најдоброто, клучот за решавање на спорот со Грција, правото на самоопределување.
Read MoreОдбрана на правото на самоопределување од нападот на д-р Дескоски
„Лошото можеш секогаш да го славиш:
за тоа ќе имаш дури и пофалба!
Од твојата кал ќе испливаш нагоре
и ќе бидеш патрон на сите фушери.Доброто да го кудиш? Сакаш да пробаш?
можеш и тоа кога безобѕирно ќе се дрзнеш:
но кога луѓето ќе почувствуваат
во што е работата
ќе те фрлат во калта, кога тоа ќе го заслужиш.“[1]
Д-р Дескоски го куди доброто:
„Моето мислење е дека не постои начин за Република Македонија преку правни средства да издејствува решавање на спорот, а посебно не преку поведување на постапка пред МСП со повикување на правото на самоопределување(потенцирал М. П. ).“[2]
Read MoreПравото на самоопределување и македонските влади
„Смирувањето со нашите непријатели е само желба да ја поправиме сопстената позиција, замор од борбата и страв да не ни се случи нешто лошо.“[1]
Бранко Црвенкоски и Љубчо Георгиевски имаат од што да се плашат.
Дека ова максима важи, можете да се уверите и преку фактот што проф. д-р Љубомир Фрчкоски и проф. д-р Владо Попоски се смирија. За првиот знаете дека за спорот со Грција заговара име „Северна Македонија“, а според Бранко Геровски(„Фокус“) и вториот заговарал исто име.
Зошто се смирија овие двајца? Првиот е близок до СДСМ, а втоориот беше близок до СДСМ, а сега е близок до ВМРО.
Read MoreПравото на самоопределување е Ius Cogens
(трет дел)
Во друга колумна, напишавме како една норма може да стане ius cogens и како правото на самоопределување стана ius cogens. Најсилен аргумент беше пресудата на Меѓународниот суд на правдата за случајот Источен Тимор од 1995 година.
Во продолжение ќе го претставиме овој пример. Овој случај е првиот случај пред Меѓународниот суд на правдата, што е воден со цел да се обезбеди правото на самоопределување[1]. Досега сеуште не е воден случај пред Меѓународниот суд на правдата каков што сугерираме ние;ништавност на меѓународен договор, заради кршење на правото на самоопределување како ius cogens.
Read MoreПравото на самоопределување е Ius Cogens
(втор дел)
За разлика од Грција и Бугарија, Србија не ни го негира културниот идентитет и не признава како народ. Дури ствара и привид дека не ни го спори ни правото на самоопределување. Велиме привид, зашто УДБОМАФИЈАТА во најголем дел ја создаде и контролира Белград, а таа одвнатре го негира културниот идентитет и правото на самоопределување. Да потсетиме дека пишувачите на Уставот проф. д-р Љубомир Фрчкоски(близок до СДСМ) и проф. д-р Владо Поповски(близок до ВМРО), го избришаа од Уставот она што со крв го стекна Македонскиот народ(најголема заслуга за ова имаат најстарите комунисти под влијание на Ленин и Сталин), правото на самоопределување.
Read MoreПравото на самоопределување е Ius Cogens
(прв дел)
Nemo plus iuris ad alium transferre potest quam ipse habet (Никој не може да пренесе на друг повеќе права отколку што самиот ги има.).
Ова важи и за ОН, кои што со Времената согласност, во чие што составување и потпишување учествуваа преку Саирус Венс, на Грција и пренесоа право да преговара со Македонија за правото на самоопределување.
Според член 1, став 2 и член 55 од Повелбата на ОН, правото на самоопределување е ius cogens и за ова најважно човеково право не смеат да преговараат ниту ОН со Македонија, а уште помалку имаат право на Грција да и пренесат право со Македонија да преговара за правото на самоопределување.
Правдата понекогаш спие, но таа секогаш доаѓа.
Read MoreМакедонците и правото на самоопределување
„Не е тешко да се фалат Атињаните пред Атињаните, ама тешко е пред Лакедемонците(Aristotel, “Retorika, Naprijed, Zagreb, 1989, stranica 206).“
Како што Аристотел го цитира Сократ, за да ни даде средство со кое ќе ги убедиме слушателите дека пофалбата вреди, така јас ќе ви соопштам една пофалба на Србите кон Македонците.
Адвокат д-р Рајко Даниловиќ, во последната глава на третото издание на својата книга(“Upotreba neprijatelja. Politička suđenja u Jugoslaviji 1945-1991”, Javno preduzeće Zavod za udžbenike, Beograd, 2010), тврди дека македонските комунисти се бореле за правото на самоопределување. Според д-р Даниовиќ, Методија Шаторов Шарло е сменет 1940 година токму заради тоа. Заради правото на самоопределување уште полошо поминува првиот претседател на Македонија, Методија Андонов Ченто, кој што е осуден на монтиран судски процес. Во поглавјето за Македонија, како референтни автори се посочуваат д-р Стојан Ристески од Охрид и д-р Виолета Ачкоска од Охрид.
Read More
Последни коментари