Правото на самоопределување и македонските влади

„Смирувањето со нашите непријатели е само желба да ја поправиме сопстената позиција, замор од борбата и страв да не ни се случи нешто лошо.“[1]

Бранко Црвенкоски и Љубчо Георгиевски имаат од што да се плашат.

Дека ова максима важи, можете да се уверите и преку фактот што проф. д-р Љубомир Фрчкоски и проф. д-р Владо Попоски се смирија. За првиот знаете дека за спорот со Грција заговара име „Северна Македонија“, а според Бранко Геровски(„Фокус“) и вториот заговарал исто име.

Зошто се смирија овие двајца? Првиот е близок до СДСМ, а втоориот беше близок до СДСМ, а сега е близок до ВМРО.

Одговорот на ова прашање лежи во фактот што овие двајца го избришаа правото на самоопределување од Уставот на Република Македонија. Она за што се изборија македонските партизани во уставот од 1974, тие го избришаа.

Го избришаа најважното човеково право[2] и со тоа го трасираа патот за пораз во спорот  со Грција, бидејќи македонскиот устав(по нивна заслуга), нема голема премиса.

Фактот што ниту првата влада на ВМРО, ниту ова влада го исправа ова, упатува на заклучок дека сите влади од осамостојувањето до денес, работат против Македонскиот народ.

Редоследот на настаните што се случува, не поттикна да заклучиме така. Прво Тито Петкоски изјави дека „Северна Македонија“ е добро име, потоа проф. д-р Владо Попоски(според новинарот Героски во „Фокус“) и сега Љубчо Георгиевски.

Ова недвосмислено упатува на заклучок дека се создава клима, името „Северна Македонија“ да се даде на референдум.

Во друга колумна образложивме дека правото на самоопределување е норма ius cogens, која што не дозволува да биде прекршена. Со примена на логичката метода на толкување, односно a fortiori, на секого му е јасно дека правото на избор на име е дел од правото на самоопределување.

Последен доказ дека горните наводи се вистинити е новиот учебник по меѓународно право.[3] Проф. д-р Фрчкоски во поглавјето „Меѓународно право за правата на човекот“, кое што тој го има напишано, само еднаш го спомнува правото на самоопредлување и тоа во контекст на малцинствата. Од 16 страници, колку што има поглавјето, 11 им се наменети на малцинските права. Нема ништо за правата на Македонскиот народ(Проф. д-р Петрушевска, како најкомпетентен стручњак во Македонија за Меѓународно право, нема ништо со овие ставови. Таа ги прифаќа и потврдува нашите ставови).

За разлика од него, Претседателот на Словенија проф д-р Данило Тирк, на ова поглавје во својот учебник[4]  му има посветено 35 страници, од кои само 7 на малцинските права. Во центарот на неговото проучување е правото на самоопределување.

Бидејќи постојат сериозни докази дека ниту една влада од осамостојувањето до денес не го штити основното човеково право на Македонскиот народ, правото на самоопределување, предлагаме индивидуално правно средство против Македонија, заради кршење на основното човеково право на Македонскиот народ, правото на самоопределување.

Правното средство ќе биде вложено до Одборот за човекови права, кој што е орган на ОН, формиран врз основа на Меѓународниот пакт за граѓански права. Меѓународниот пакт во член 1 го гарантира правото на самоопределување. Одбоорот го сочинуваат 18 независни стручњаци, а на нивниот избор нема влијание географската застапеност, туку стручноста. Одборот има право да постапува и по индивидуални жалби.

Бидејќи ние составивме совршен правен силогизам дека Врмената согласност е ништовна, со тоа што го крши во член 5 правото на самоопределување на Македонскиот народ, а тоа право е ius cogens, ние имаме право да заклучиме дека ниедна влада од осамостојувањето до денес не сака да му го заштити на Македонскиот народ оссновното човеково право.

Поради тоа, како припадници на Македонскиот народ, должност ни е да го направиме она што не сака да го направи ниедна македонска влада од осамостојувањето до денес. Да го заштитиме основното човеково право на Македонскиот народ и да вложиме во огромен број индивидуални жалби против Македонија до Одборот за човекови права.

Мислењата на Одборот за човекови права не се правно обврзувачки, меѓутоа нивната морална моќ е огромна.

Материјал за составување на жалба против Македонија можете да најдете на овој сајт. Еве накратко што треба да содржи секоја индивидуална жалба:

  1. жалбата не смее да биде анонимна, односно секој подносител треба да се легитимира,
  2. мора точно да наведе кое право од Меѓународниот пакт му е прекршено(на пример: во конкретниов случај член 1 од Меѓународниот пакт, односно правото на самоопределување),
  3. индивидуалната жалба не смее да биде предмет на некој друг меѓународен трибунал и
  4. претходно треба да бидат исцрпени домашните правни средства(Уставот на Република Македонија во член 50 и член 110 гарантира заштита на човековите права, што значи дека националното средство треба да се вложи до Уставниот суд на Република Македонија).

Основен аргумент ќе биде дека Македонија со склучување на Времената согласност(13. 09. 1995.) на Македонците им го крши правото на самоопредлување.

Најголем проблем ќе биде што Фрчкоски и Попоски го избришаа од Уставот на Република Македонија, но и за тоа имаме решение.

И за крај.

Фрчкоски и Попоски сватија дека комунизмот загуби, но не сватија од кого.

Комунизмот загуби од правото на самоопределување и правото на културен идентитет.[5]

 


[1] Франсоа Ларошфуко, „Максими“, Мисла, Скопје, 2001, страница 17.

[2] Dr. Ernest Petrič, »Pravica do samoodločbe«, Založba obzorja, Maribor, 1984.

[3] Д-р Љубомир Данаилов Фрчкоски, д-р Сашо Георгиевски, д-р Татјана Петрушевска, „Меѓународно јавно право“, Магор, Скопје, 2012, страница 357-373.

[4] Danilo Tirk, »Temelji mednarodnega prava«, GV Založba, Ljubljana, 2007, stran 150-185.

[5] John Baylis, Steve Smith and Patricia Owens, “The Globalization of World Politics”, Oxford University Press 2008, slovenski prevod 4 izdaja, Fakulteta za družbene vede, Ljubljana, 2008, stran 18.

  •