Сонот на Раскољников

Прва причина зошто се чини дека телесните уживања се најважни е таа, што уживањата ја изгонуваат душевната болка. Особено доколку болката е преголема, тогаш луѓето посегнуваат по прекумерно телесно уживање, како некаков лек. Секс, прејадување, пијанчење. Лековите мора да бидат ефикасни, затоа луѓето бараат такви лекови, кои што предизвикуваат впечаток дека се вистинска спротивност на душевната болка.[1]

Западниот човек под поимот слобода си стави заблуда; дека таа претставува задоволување на потребите. Во корист на ова заблуда ги умножува потребите. Резултатот е осаменост и духовно самоубиство кај богатите, а кај сиромашните завист и убиство, бидејќи правата им се дадени, но не и средства да ги задоволат потребите. [2]

Во секој случај можам да бидам убеден дека знам, кои начела важат, не само за мене и мојата група, туку и за било која особа и било која група. Доколку доаѓам во контакт со нив, не треба да ги третирам како еднаквовредни. Не треба да сум отворен за нивните преференци, бидејќи веќе знам дека моите се универзално важечки, за мене и за нив. Кон нив можам (или пак можеби морам) да бидам љубезен и стрплив, меѓутоа цел на мојата средба со него може да биде само промена на неговиот поглед на свет, а исто така мора да ги прифатат и моите начела (кои што во стварност не се „мои„ , туку универзални добра). Ова е надворешнополитичката цел на „либералните луѓе„ , па мене ме чуди што Лавров се жалеше по средбата со Лиз Трас, што воопшто не го слушала.[3]

Овие луѓе сметаат дека не само што можат, туку имаат и целосно право да вршат секакви недела и злосторства и за нив, кобајаги законот не е пишуван. Тие припаѓаат на „необичните„ луѓе, а „обичните„ луѓе мора да живеат покорно и немаат право да го прекршат законот, затоа што се обични. Доколку пронајдоците на Њутн не би можеле да им станат достапни на луѓето, според нив Њутн би имал право да потамани стотина обични луѓе, доколку тие се пречка за неговите пронајдоци. Крволочноста ја оправдуваат со историски личности како Мухамед и Наполеон.[4]  

Ваквите луѓе од ништо станале нешто и болно се навикнати да уживаат во себе, високо ја ценат својата памет и способност, а не ретко со уживање го гледаат своето лице во огледало. Но, најповеќе од се’ ги сакаат и ги ценат своите пари, кои ги стекнале со труд и со сите можни средства. Со помош на парите мислат дека се израмнуваат со сето она што е повисоко од нив.[5]

Секој за себе се грижи и највесело живее оној што најдобро ќе се измами самиот себе си.[6]

Казуистите убаво лажат. Тие се потребни луѓе во Европа и Америка. Лагата не спаѓа во седумте смртни гревови и тука настапуваат казуистите. Човек кој ќе направи зло, а не мисли дека направил зло, има мирна совест. На таквите лоши дејствија, казуистот ќе им додаде малку добрина, која што дејствието ја нема, за да ги прогласи за добри. За да ги увери дека во дејствието нема зло, казуистите им одземаат секакво зло што се наоѓа во дејствијата.[7]

Има два вида гревови: смртни, поради кои никако не може да се отиде во рајот и опростиви, коишто навистина го навредуваат бога, но не го лутат до таа мера за да не лиши од блаженство. Сета вештина на казуистот се состои во тоа; да ги разликува овие два гревови. Христијаните сакаат да одат во рајот, но малку се такви што не сакаат блаженството да го добијат по поевтина цена. Кога човек знае кои се смртните гревови, тој се труди да не ги прави, па неговиот случај е во ред. Има луѓе кои не тежнеат по совршенство, бидејќи не се славољубиви. Тие одат во рајот, но одвај. Ним им е доволно да се наоѓаат во него. Нивната цел е да не направат ништо повеќе и ништо помалку, за да одат во рајот. Тие повеќе го земаат, отколку што го добиваат рајот.[8]

Како можат казуистите со лажење да се порамнат со бога?! Кога муслимански владетел би имал некој кој би му го чинел тоа што казуистите му го прават на бога, кој би ги издвојувал неговите наредби, па би им велел на поданиците кога мораат да ги извршуваат, а кога можат да се огрешат, тој сместа таквиот би го наденал на кол.[9]

Целиот свет е осуден да биде жртва на некаква страшна чума. Сите мораа да пропаднат, освен мал број избрани. Се појавија некакви трихини, одвај видливи под микроскоп, кои продираа во човековите тела. Тие беа духови, обдарени со ум и волја. Луѓето што ги носеа во себе, станува веднаш луди. Но, никогаш луѓето не се сметале толку паметни, како што себе си се сметаа заразените. Никогаш светот своите пресуди, научни заклучоци, своите морални убедувања и верувања не ги сметаше така сигурни и цврсти. Цели населби, градови и народи беа заразени и полудуваа. Сите беа немирни и не се сваќаа еден со друг. Секој мислеше дека само во него е вистината и се мачеше гледајќи ги другите. Не знаеа, кого и како да го судат. Не можеа да се се сложат што да сметаат зло, а што добро. Не знаеа кого да обвинат, а кого да оправдаат. Луѓето се убиваа еден со друг во некаква бесмислена омраза. Се собираа во цели армии за да удрат едни на други, но тие армии уште по пат почнуваа сами себе да се командуваат, војниците јуриша едни на други и се јадеа еден со друг. По градовите цели денови ѕвонеше на узбуна. Ги повикуваа сите, но кој ѕвонеше и зошто ѕвонеше-никој не знаеше, а сите беа неспокојни. Ги напуштија секојдневните занимања, затоа што секој предлагаше свои мисли, свои реформи, а не можеа да се сложат. Замре земјоделието. Понекаде луѓето се собираа масовно, ќе се согласеа во нешто, се колнеа дека нема да се раздвојуваат-но веднаш започнува нешто друго од она што пред малку сами намислиле. Почнуваа да се окривуваат еден со друг, се тепаа и се сечеа. Почнаа пожари, настана глад. Се’ пропаѓаше. Чумата се ширеше се’ подалеку и подалеку. Во целиот свет можеа да се спасат само неколку луѓе. Тоа беа чисти и избрани, одредени да основаат нов човечки род и нов живот. Да ја обноват и очистат земјата, но никој и никаде не ги виде тиа луѓе, ниту пак некој слушна нивни збор и глас.[10]


[1] ARISTOTELES, Nikomahova etika, Reprint iz leta 1994-V Ljubljani: Slovenska matica, 2002, stranica 237.

[2] Фјодор М. Достојевски, Браќа Карамазови, Просвета, Београд, 1972, 369.

[3] KOSKENNIEMI, Marti, Blagi prosvetitelj narodov : vzpon in padec mednarodnega prava : 1870-1960-Ljubljana : Založba Fakultete za družbene vede  : Ministrstvo za zunanje zadeve Republike Slovenije, 2012, stran 465.

[4] F. Dostojevski, Zločin i kazna, Izdavačka radna organizacija “Rad”, Beograd, 1979, stranica 283.

[5] Ибидем, страница 334.

[6] Ибидем, страница 520.

[7] Монтескије, Персиска писма, Просвета издавачко предузеќе Србија, Београд, 1951, страница 94.

[8] Ибидем, страница 93.

[9] Ибидем, страница 94.

[10] F. Dostojevski, Zločin i kazna, Izdavačka radna organizacija “Rad”, Beograd, 1979, stranica 590-591.

  •