Денацификација на Германија, како решение за кризата во Украина
Доколку целта на Западот е прогрес и ширење на цивилизација, тогаш многу лесно може да се претпостави, дека освен уништувањето на луѓето и нивното богатство, има други поупатни патишта за ширење на цивилизацијата.[1]
Како што пред два века на Западот му требаше човек кој ќе ги оправда измамите, грабежите и убивањата што требаше да се случат, така и сега се наѕира таквиот човек. Тој треба да биде како Наполеон. Човек без убедувања, без навики, без традиција, без име, кој што не беше ни Француз. Луѓето што прават такви злосторства, се уверуваат себеси, а особено водачот, дека е тоа славата, налик на онаа на Александар Македонски.[2]
Значи, битно е, не само да не сметаш дека е зло она што го правиш, туку и треба да се гордееш со злото.[3]
Наполеон со војска од 600 илјади ја освои Москва, а потоа побегна. Чудна симетрија.По бегството се одигрува спротивно движење од исток на запад. Како и при првото движење од запад на исток, движењето од исток на запад ги повлекува со себе народите од средна Европа и стигнува до Париз. До почетната точка.[4]
После повеќе од сто години имаше повторно движење од запад на исток со Хитлер, кое повторно предизвика движење од исток на запад кое што заврши во почетната точка Берлин. Овој пат водач беше уште поголем злосторник.
И ова што се случува во Украина, се случува по втор пат. Мацкиндер му шепна на кралот дека тој што ја поседува Украина, ја контролира Русија. Во 1919 Мацкиндер е пратен за амбасадор на Англија во јужна Русија. Тој ја поттикнува Украина да се отцепи од Русија. Ова се покажало како невозможно, заради угледот што го имале бољшевиците.[5]
“Се разбира, потполно е можно во Германија да постојат лудаци, кои фантазираат да го припојат слонот, Советска Украина, кон бубачката, таканаречена Карпатска Украина. И доколку таму навистина има такви лудаци, можете да бидете сигурни, дека во нашата земја ќе се најдат доволно лудачки кошули за такви лудаци…Размислете малку. Дошла бубачката подбочена кај слонот и му вели: “Ах брате, колку ми е жал за тебе…Живееш без спахии, без капиталисти, без национално угнетување, без фашистички главешини-каков живот е тоа…Те гледам и морам да ти кажам-ти нема спас додека не се припоиш кон мене…(општа смеа). Па добро, нека биде, ти допуштам твојата мала територија да ја припоиш кон мојата непрегледна територија…” (општа смеа).”[6]
Карпатска Украина со мала територија, брои во тоа време 700 000 жители, а Советска Укрина со огомна територија, брои 30 милиони жители.[7]
Фактот што Русија влезе само со 100 000 војници, во земја со 45 милиони, а украинскиот режим само во Донбас има 200 000 војници, нам ни говори дека слонот пак не сака да се припои кон бубачката.
Како и пред Втората светска војна, Англија, Америка и Франција ја поттикнуваат Германија да војува со Русија и да си ја земе Украина. Како што пред Втората светска војна ја подмитија со територија од Чекословачка и со пропаганда дека Русија е слаба, така и сега под превезот Европска унија и ја подарија цела Европа и сега Англија, Америка и Франција ја поттикнуваат да војува со Русија за Украина.[8]
Виде ли онаа што се тресеше, некаква плашливост, или глупавост на Путин, па му го смисли ова со Украина?[9]
Со оваа вест ќе си натоварам непријателство.[10] Но, како македонска благодарност кон Русија; Германија е најголемиот непријател на Русија.
Вие, околу Путин, не галете ја лудоста на Путин, бидејќи со тоа не му правите ништо добро.[11]
Не велете му дека Германија е пријател на Русија, само затоа што службувал таму и знаел германски.
При прогнозите за Англичаните, Путин нека има во предвид дека нивниот менталитет е спротивност на она што Шопенхауер најмногу го цени. Немаат сожалување.
Англичанецот повеќе би дал за некоја слика од чудна риба, отколку жолта пара на некој куц просјак. Уште повеќе би дале да видат мртов индијанец.[12]
Нека се сети на Толстој кој за Западот рече дека најголема вредност им се парите. Дека го бара она што го мрази, што значи Западот си ја бара својата несреќа.[13]
“Само цврсти луѓе знаат навистина да бидат нежни; тие, кои што изгледаат благи, обично се само слаби и згора на тоа лесно стануваат злобни.”[14]
Сега, Путин ќе правел денацификација на Украина. Ова е погрешен заклучок, кој е донесен при заклучување од последицата кон причината.
Причината е Германија. Прво треба денацификација на Германија, па потоа на Украина.
Во 1944 година Черчил и Рузвелт го прифатиле предлогот на министерот за финансии Henry Morgenthau. Според овој прифатен програм: „…можно би било, нацизмот и латентната германска опасност за мирот да се искорени само така, што ќе се уништи целата германска индустрија и во годините што доаѓаат, Германија да постои само како агрикултурни држава.„[15]
Подоцна, Рузвелт не само што се откажал од тоа, туку и од денацификацијата.
Денес, гледаме зошто.
[1] Лав Н. Толстој, Рати и мир II, Просвета, Београд, 1961, страница 712.
[2] Ибидем, страница 714-716.
[3] Ибидем, страница 716.
[4] Ибидем, страница 779-780.
[5] ПОПЕСКИ, Марјан, Реторика ; Осило или последна империјалистичка војна- Скопје : Матица македонска, 2022, 131-133.
[6] Превел М. П. : Josif Staljin, Pitanja Lenjinizma, Centar društvenih djelatnosti Saveza socijalističke omladine Hrvatske, Zagreb, 1981, stranica 623.
[7] Ибидем.
[8] Ибидем, страница 620-625.
[9] Софокле, Цар Едип во: ГРЧКЕ трагедије, Есхил, Софокле, Еурипид -Београд, Дерета, 2001, страница 353.
[10] W. SHAKESPEARE, Zimska pravljica, Državna založba Slovenije, Ljubljana, 1969, stranica 48.
[11] Ибидем, страница 39.
[12] W. SHAKESPEARE, Vihar, Državna založba Slovenije, Ljubljana, 1969, stranica 142.
[13] Lev N. Tolstoj, Gospodar in hlapec in druge povesti, Državna založba Slovenije, Ljubljana, 1978, stran 26.
[14] Превел М. П. :LA Rochefoucauld, Maksime : misli o človeški naravi-Ljubljana : Mladinska knjiga, 2007, stran 81.
[15] Превел М. П. : ZIDAR, Andraž, Lustracija: izločitev nasprotnikov demokracije z javnih položajev-Ljubljana : Nova revija, 1996, stran 75.
Последни коментари