Каква партија му треба на Македонскиот народ за да го употреби моето правно средство и да ја победиме Грција и цел Запад
“И рекло стеблото на секирата:’Не ќе ме собореше ти мене, доколку рачката не беше моја.”[1]
Не ќе ни го прекршеа правото на самоопределување, кое е норма ius cogens, доколку рачката од секирата не беа ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.
Западот го освои светот не со вредности, туку со надмоќност во примена на организирано насилство. Западот често го заборава овој факт, но другите никогаш.[2]
Ова е заклучок на професор на Харвард и советник на поранешниот претседател на Америка, Џими Картер.
“Политичарите во незападните општества, не ги добиваат изборите покажувајќи колку се прозападни. Наместо тоа, изборната конкуренција ги поттикнува да го вообличат она што веруваат дека ќе бидат најпопуларни апели, а тие, според карактерот, вообичаено се етнички, националистички и религиски.”[3]
Поимот национализам во Македонија се употребува само во пежоративна смисла.
Вистината е поинаква. Поимот национализам е тесно поврзан со поимот национална држава. Се изучува на катедрата по меѓународно право. Во оксфордскиот учебник по Меѓународни односи има посебно поглавје.[4]
Според професорот од Харвард, рецепт за победа на избори се; етничкото, националистичкото и религиското.
Така било секогаш.
Кога Александар I Македонски[5] ги убедувал Атињаните да и се покорат на Персија, а Лакедемонците да не го прават тоа, Атињаните, прво му се заканиле на Александар I Македонски да не се појавува пред нив со такви предлози, па им одговориле на Лакедемонците: “Тоа што Лакедемонците се плашат дека ние би можеле да се договориме со Варварите е сосема природно. Но сепак, би морало да ви биде срам заради тој страв, кога добро знаете, дека ние за сето злато на овој свет, па и за најдобрата и најплодната земја која би можел некој да ни ја даде, не би им ги понудиле на Персијците рацете за подјармување на Елада! Зошто и кога би сакале, многу важни причини ни бранат да сториме нешто такво: најнапред и пред се запалените светилишта и разбиените кипови на боговите, за што мораме темелито да се одмаздиме, пред да се помириме со непријателот кој што го има тоа на совест; понатака и ние сме Грци со еднаква крв и еднаков јазик и имаме еднакви светилишта и кипови божји, еднакво богослужење и исти обичаи; затоа би било срамота, кога Атињаните би ги издале тие светињи (потенцирал М.П.).”[6]
“Може крвта да биде и ретка, ама секогаш е погуста од вода (Руска).”[7]
Заедничка крв имаат Македонците и Македонците муслимани. Тие имаат и заеднички јазик. Македонците и Македонците муслимани е најприродно да се членови и симпатизери на националистичка Партија на Македонскиот народ.
Крвта и јазикот се постари од религијата. А Македонците муслимани и религиски за најблиски ги имаат христијаните: “Навистина ќе видиш, исто така, дека на верниците најблиски пријатели им се тие кои говорат: ‘Ние сме христијани,’ бидејќи меѓу нив има духовници и монаси, а исто така и не се надуени.”[8] Имаме заеднички предок, Александар Македонски, кого муслиманите го почитуваат и бараат помош од него.[9] Го почитуваат Мојсие[10] и знаат за неговите чуда. Веруваат дека Бог на христијаните и Бог на муслиманите е еден ист Бог.[11] Ги почитуваат Ное, Абрахам, Исус и Марија.[12]
Во Македонија, ВМРО ДПМНЕ ни се претставуваше за националистичка партија, а се покажа дека била депанданс на УДБА. Тоа го докажав во последните неколку колумни.
Значи, на Македонија и треба нова националистичка Партија на Македонскиот народ, која што ќе го употреби мојот докторат и правното средство во него, врз основа на правото на самоопредлување, кое што е норма ius cogens.
Депандансот на УДБА (ВМРО ДПМНЕ) уште во 2009, кога во медиумите се појави моето правно средство, ме игнорираше. На шефот на Депандансот на УДБА д-р Груевски му ја испратив магистерската со решение на најголемиот проблем, тој ја нарече петиција. На магистерските студии соросоидните инсталации на Депандансот на УДБА не ми даваа дест по меѓународно право и ми се закануваа. Проблемот беше во есејот кој беше решение за најголемиот проблем. Ги издржав сите закани и добив десет. Инсталациите на Депандансот на УДБА ме чекаа во комисијата за магистрирање. Иако со просек десет, не ми дозволуваа да магистрирам. Ниеден факултет во Македонија не сакаше да ме прими за да магистрирам. Вложив правни средства, побарав претседател на комисијата да биде најголемиот стручњак во Македонија за Меѓународно право и магистрирав.
Отидов на тригодишни докторски во Љубљана.
Прв од генерацијата и досега единствен докторирав на Словенечки јазик и докторатот беше напишан на словенечки.
Прв и досега единствен што докторирал право според Болоња во Словенија од Македонија на словенечки.
Амбасадорот во Словенија беше на Депандансот на УДБА.
Не се појави на одбраната на докторатот. Ни возачот не го прати.
При одбраната на магистерската на еден египетски државјанин на англиски на Туристички факултет во Цеље, присуствуваше амбасадорката на Египет.
Докторирањето беше во 2016 и на власт беше Депандансот на УДБА.
Никој не ме повика по докторирањето.
Во 2017 и 2018 објавив два фељтони од докторатот (530 страници) во весник.
На сите им стана јасно, дека преку мене Македонија може да го реши својот најголем проблем. Типови како Салиери, сакаа да го искористат тоа. Весникот ми понуди да објавел книга со мои колумни, но и други автори, за името. Кои се тие други автори? Тоа е како некој да ве понуди со кафе и да ви рече; донеси шеќер и кафе, а јас ќе донесам ѓезве и вода и ќе пиеме кафе.
Се разбира дека одбив.
Весникот ме избриша во целост. Од 2009 до 2018.
Во 2018 на еден портал се појавија написи крадени од моите фељтони и колумни.
Крадени од членови и симпатизери на Депандансот на УДБА.
Во 2017 ме повика последниот Претседател на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов. Побара и писмено кратко презентирање на моето решение и го доби.
После неколку месеци побарав средба на која се скаравме. Тој навреди мој пријател. Мојот пријател призна дека погрешил. Му призна и на Претседателот д-р Иванов.
Сепак, јас немав намера да ги обновам контактите.
Претседателот д-р Иванов во 2018 ме повика. Ова го сметам за доблест. Не бил суетен. Иако тој беше во право за мојот пријател. Повеќе му беше важна судбината на Македонскиот народ, отколку мојата лојалност кон мојот виновен пријател.
Станав негов научен советник.
Советите ги разбираше лесно. Немав дури проблем ни со пресудата која ја нареков “Судско убиство” и напишав колумна со тој наслов.
Советувањето го преточи во неговиот историски говор на Генералното собрание на ОН на 27.09.2018.година. Тој влезе во македонската историја. Тој е прв и единствен македонски државник, кој побара заштита на правото на самоопределување, како норма ius cogens. Им ја кажа и дефиницијата на правото на самоопределување.
После тоа, веднаш се построија зад него со правото на самоопределување; прво д-р Никола Груевски, кандидатката за претседател на Депандансот на УДБА, д-р Гордана Силјановска Давкова, м-р Антонијо Милошевски, а подоцна цело ВМРО ДПМНЕ, а според мене Депанданс на УДБА.
Во 2018 добив покана за средба од важна личност на ВМРО ДПМНЕ (Депанданс на УДБА). Средбата ја прифатив и барем јас така разбрав; тоа беше покана за соработка (никогаш не сум бил член на ниедна партија).
По средбата имаше кратка комуникација, во која соопштив дека услов да се примени моето правно средство (докторатот) е да се отстранат ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Моето правно средство да го употреби нова националистичка Партија на Македонскиот народ, со голема македонска волја.
Се разбира, комуникацијата престана. Им предложив да се самоубијат.
Сега цело ВМРО ДПМНЕ (Депанданс на УДБА) е за правото на самоопредлување како норма ius cogens, односно за моето правно средство од докторатот.
Пред дваесетина години, еден мој пријател Македонец муслиман, во пријателски разговор со повеќе нему блиски и мене блиски луѓе ја изговори оваа реченица: “Касно е Бакаре за србење.”
Јас побарав да ми појасни. Неговото појаснување отприлика одеше вака. Кога дошле Србите, некој Македонец муслиман по име Бакар кој во турското го примил исламот, се колебал дали да се посрби. Колебањето траело долго, но еден ден се одлучил и отишол кај српските власти за да се посрби. Кога му кажал на претставникот на српската власт, претставникот на српската власт му рекол: “Касно е Бакаре за србење”.
[1] Превел М.П. , RADIĆ, Tomislav, Vox populi: zlatna knjiga poslovica svijeta/2.prošireno izd.-Zagreb : Naklada zavod Globus, 1995, stranica 329.
[2] ХАНТИНГТОН, Семјуел П. , Сукоб цивилизација и преобликовање свјетског поретка-Подгорица : ЦИД; РОМАНОВ Бања Лука, 2000, страница 55.
[3] Превел М.П. , ибидем, страница 103.
[4] GLOBALIZACIJA svetovne politike. Zv.2, Mednarodni problemi/[uredili John Baylis, Steve Smith, Patricia Owens;-1.natis.-Ljubljana : Fakulteta za družbene vede, 2008, stran 264-286.
[5] И тој во одлучен момент им дава информација на Атињаните што ја одлучува војната, што значи преминал на страната на Атињаните. Тие му биле поблиски според обичаи, етнички и религиски.
[6] Превел М.П. , HERODOTUS, Zgodbe-Ponatis 2.izd.-V Ljubljani: Slovenska matica, 2006, stran 638.
[7] Превел М.П. , RADIĆ, Tomislav, Vox populi: zlatna knjiga poslovica svijeta/2.prošireno izd.-Zagreb : Nakladni zavod Globus, 1995, stranica 329.
[8] Превел М.П. , KORAN, -Tržič : Učila international, 2004, stran 88.
[9] Ибидем, страница 224-226.
[10] Ибидем, страница 281,
[11] Ибидем, страница 307.
[12] Ибидем, страница 321.
Последни коментари