Иредентизам, лош аргумент на Грција

Во Речникот на Македонскиот јазик (Зозе Мургоски), поимот иредентист се дефинира како: „Националист што се залага за отцепување на дел од државата…“.

Во Речникот на словенечкиот книжевен јазик, поимот иредентизам се дефинира како: „…политичко движење за приклучување на територија со народно малцинство кон матичната држава.“.

Со оглед на контекстот во кој што го истакнува овој аргумент Грција, се чини дека словенечката дефиниција е попримерна.На здравиот разум му е јасно дека Грците афектираат, односно им се обраќаат на чувствата, а не на разумот, но бидејќи најголемиот дел од луѓето живеат под притисок на афектите, овој аргумент на Грците треба да се побие.

Секој афект, предизвикува или веселост, или желност, или жалост. Иредентизмот кој што ни се препишува, кај нас предизвикува жалост, а овој лош афект, ја има таа способност да ја намалува, или целосно оневозможува нашата духовна моќ, односно моќта логично да размислуваме, се додека трае афектот.

Првиот чекор, веќе го направив со тоа што го дефинирав поимот и веќе чувствувате дека сте почнале да му се измолкнувате на афектот жалост. Имено, афектот го предизвикува неадекватната идеја на поимот иредентизам. Секој чекор во прилог на адекватна идеја за поимот иредентизам е чекор кон ослободување од притисокот на афектот.

Корисен начин за ослободување од афектот е одење со контраафект.

Најдобар пример за ова се „Мусо“ и „Забеган“, како коментатори во „Нова Македонија“. Вториов постојано оди со лоши афекти(жалост);или Македонците се многу сиромашни, или ќе го загубиме спорот со Грција, или ЕУ ни е недостижна. Првиот оди со контраафекти и ги добива аплаузите на публиката, односно кај нив предизвукува афект на веселост и желност, добри афекти, кои што поттикнуваат умот на логика. И лошите афекти на „Забеган“ и добрите афекти на „Мусо“ се резултат на неадекватни идеи, но користа од „Мусо“ е голема, бидејќи го крепи духот на Македонците. Се сеќавате на неговите сиџимки и колци.

Но, најголема е користа од адекватната идеја што ја постигнува умот, доаѓајќи до вистината со помош на логиката.

Картата на голема Македонија покрај која што е сликан премиерот е реторички знак во прилог на поимот иредентизам. Поставувањето на споменикот на Александар Македонски исто така. Но, реторичките знаци ја имаат доказната сила, само доколку ги издржат сите приговори. Така на пример, за картата може да се каже дека не е по желба на премиерот тука, туку дека некој претходно му ја подметнал. За споменикот може да се каже дека ние само се идентификуваме преку него со Александар Македонски.

Од друга страна, проектот на ЕУ за глобализација и фрагментација(за кој што пишував во текстовите „Македонија не ја загуби војната“) на Македонија и го дава она што, наводно, Македонија сака да го добие со иредентизам. Нелогично и нечовечки е некој да посакува со крв да освои нешто, што ќе го добие со зачленувањето во ЕУ. Границата со Грција паѓа.

Постои историски пример дека такви желби Западот спречил пред стотина години, на тлото на Европа.

Доколку војната не помогнала за иредентистички желби, тогаш, зошто денес би успеала.

И на крајот;со која воена сила може петпати помалата Македонија да ги реализира евентуалните иредентистички желби.

Во 1919 година, југословенските чети успеваат да ја освојат и Корошка после страшен отпор на месните германски сили. Со тоа, Словенија(СХС) има под војна контрола, 10% повеќе од денешната територија и 10% повеќе државјани од денешниот број.

Меѓутоа, со Сен Жерменскиот договор е одлучено ова прашање да се реши со комисија, во која што главна улога добиле Американците. Комисијата ја поделила спорната област на зона А и зона Б. Одлучено било да се одржи референдум. Прво во зона А со центар Великовец, а доколку референдумот биде успешен за Словенија(СХС), тогаш да се одржи референдум и во зона Б, со центар во Целовец. Според последниот попис пред референдумот, околу 70% од населението на подрачјето на зона А зборувале Словенечки јазик и Словенците очекувале сигурна победа. Оние што зборувале Германски јазик, најмногу биле концентрирани во Великовец, Плиберк и Боровје.

Иако бил одреден шестмесечен рок за одржување референдум(плебисцит), тој се одржал дури на 10 октомври 1920 година.

Пред референдумот, обете страни спроведувале интензивна пропаганда. Австриската пропаганда ја потенцирала пред се економската корист од останувањето во Австрија. Го истакнувала и братството помеѓу германското и словенечкото население. Австријците во пропагандата користеле Словенечки јазик и потенцирале дека тој ќе има ист статус со германскиот.

Југословенската страна(односно словенечката) пак, скоро исклучиво настапувала со аргументи, кои што ја потенцирале народната свест и била изразито противгермански настроена. Австриската пропаганда била повеќе противјугословенска, отколку противсловенечка. Односите во СХС ги прикажувала како хаотични.

На референдумот Словенија(СХС) загубила со 59,1%(22.055 гласачи) против 40,9%(15.279 гласачи).

Подробната анализа покажува дека поголемиот дел од народно освестените Словенци, гласале за Австрија.

  •