Платон Каратаев

Тежнеењето за слава ни најмалку не се разликува од нагонот за самоодржување кај сите суштества. Се чини дека ние го зголемуваме своето суштество кога можеме да им го наметнеме на памтењето на другите; така стекнуваме еден нов живот, кој што ни станува исто така драгоцен како и животот што ни го дал бог.[1]

Кога зборува оружјето, законите молчат.

Затоа, судот пред кој што се решаваат случаевите од меѓународното право е јавното мнение.[2]

Затоа, мојот разумен читател треба да има свое мнение и да го спореди со јавното мнение во светот за судирот помеѓу Русија од една страна и Украина, помогната од над педесет држави.

“Главата не е само за тоа да носи капа (Осетска).”[3]

Русија се повикува на правото на постоење од член 51 на Повелбата, Украина се повикува на правото на постоење од член 51 на Повелбата, а деловите што влегоа во состав на Русија, велат дека го реализирале правото на самоопределување од член 1, став 2 на Повелбата, посочувајќи го примерот на Косово.

Софизмот е во тоа што Америка сака како јавно мнение во светот да го прикаже исходот од гласањето на државите во ОН, а Русија бројот на жителите на планетава, притоа прикажувајќи ги жителите на државите кои гласаа воздржано, како да имаат јавно мнение во прилог на Русија.

За јавното мнение, најдобро е да се примени ставот на Аристотел; дека она што на многумина им се чини, тоа и е.[4]

Значи, јавното мнение не го формираат држави, туку поединци.

Светското јавно мнение за она што се случува во Украина и деловите на Русија (од скоро припоените области со референдум за самоопределување) имаат големо влијание на исходот на овој вооружен судир. Светското јавно мнение е како изречена пресуда, која што мора да се операционализира.

Дека ова што Америка и го префрла на Русија самата го направила, пишувавме во колумната “Америка и правото на самоопределување”, повикувајќи се на правото на постоење од член 51 на Повелбата на ОН. И уште два пати после тоа во Заливот на свињите и во Виетнам, Америка интервенираше.[5]

Договорите за мир се таква светиња за луѓето, што се чини како да се глас на природата која ги бара своите права. Тие секогаш се оправдани, кога условите на мирот се такви што двата народи можат да опстанат. Доколку тоа го нема, оној од двата народи кој мора да изумре затоа што со мирот е лишен од одбрана, може да бара одбрана во војна.[6]

Постоеше договор од Минск, со кој немаше да изумре, ниту Украинскиот, ниту Рускиот народ во Украина. Рускиот народ со тој договор доби право на внатрешно самоопредлување, односно само права од член 27 на Пактот за граѓански и други политички права.

Овој договор Украина не го почитуваше. Не поведе постапка за невалидност на договорот пред меѓународниот суд на правдата, или арбитража.

“Доколку не земеш кога ти нудат, подоцна ќе мораш да молиш (Лакшка).”[7]

Втора важна работа што произлегува од вооружен судир е губење на права.

Само што војската остварила победа и веднаш се зголемуваат правата на народот што победил на штета на победениот. [8]

Доброто на поединецот секогаш се наоѓа во заедничкото добро, а желбата за издвојување е исто што и желбата за пропаст.[9]

За природата единката има само посредна вредност. Само доколку е средство за одржување на видот. Надвор од тоа, природата е сосема равнодушна кон животот на единката, па дури ја води во пропаст, кога ќе види дека единката не и служи на таа цел.[10]

Последниот голем филозоф Ниче, им признава на Толстој и Достоевски дека нивните селани (мужици) во пракса се поголеми филозофи и посреќно се однесуваат при вршењето на она што е неопходно.[11]

Платон Каратаев е руски селанец (кмет) и олицетворение на се’ што е руско, што е добро и заокружено. Рацете ги држеше секогаш како да се спрема да прегрне, а имаше и пријатна насмевка и крупни костенливи очи. Искусен војник кој учествувал во многу походи. Главна особнина на неговиот говор беше непосредност и концизност. Тој никогаш не размислуваше за она што го рекол, или што ќе го рече. Затоа неговата брза и точна интонација имаа некоја особена убедливост. Неговата физичка сила и подвижност оставаа впечаток како да не знае што е замор и болест. Само што ќе легнеше заспиваше како заклан, а лесно се будеше, веднаш спремен да изврши било каква работа, како дете што одма се фаќа за играчката. Тој знаеше се’ да работи. Печеше, куваше, шиеше, делкаше, крпеше чизми. Пееше како што пеат птиците. Затоа што му беше неопходно да ги пушти од себе тие гласови, како што на човек му е потребно да се протегне. Тие гласови беа секогаш фини, нежни, скоро женски. Тажни. Притоа, лицето секогаш му изгледаше многу сериозно. Кога зборуваше употребуваше народни поговорки, кои што ако се земат одвоено изгледаат како без смисол, а кога ќе се стават на вистинското место добиваат длабока мудрост. Каратаев живееше во љубов со се’ со што животот го зближил.Беше поим за едноставност и вистина. Неговиот живот, како што тој го разбираше, немаше смисол како одвоен живот. Имаше смисол само како еден дел од целината, која што тој постојано ја чувствуваше. Неговите зборови течеа од него како што мирисот се одвојува од цветот.[12].  


[1] МОНТЕСКИЈЕ, Персиски писма, Просвета, Београд, 1951, страница 141-142.

[2] ШОПЕНХАУЕР, Артур, Svet kao volja i predstava. Tom 2-Beograd : Službeni glasnik, 2005, stranica 643.

[3] VOX populi : zlata knjiga pregovorov vsega sveta/izvbral Tomislav Radić ; Ljubljana : Mladinska knjiga, 1996, stran 136.

[4] ARISTOTELLES, Nikomahova etika-Zagreb : Globus, 1988, stranica 217.

[5] KOSKENNIEMI, Marti, Blagi prosvetitelj narodov : vzpon in padec mednarodnega prava : 1870-1960-Ljubljana : Založba Fakultete za družbene vede : Ministrstvo za zunanje zadeve  Republike Slovenije, 2012, stran 457.

[6] МОНТЕСКИЈЕ, Персиски писма, Просвета, Београд, 1951, страница 150.

[7] VOX populi : zlata knjiga pregovorov vsega sveta/izvbral Tomislav Radić ; Ljubljana : Mladinska knjiga, 1996, stran 42.

[8] Лав Н. Толстој, Рат и мир II, Просвета, Београд, 1961, сртраница 579.

Има еден исклучок кога Руискиот народ не постапи така, туку ја грабна првата ластегарка што му дојде под рака, па со неа тепаше толку долго, додека во неговата душа чувството на навреда и одмазда, не ги заменија чувствата за презир и жалење (Ибидем, страница 582).

[9] МОНТЕСКИЈЕ, Персиски писма, Просвета, Београд, 1951, страница 29.

[10] ШОПЕНХАУЕР, Артур, Svet kao volja i predstava. Tom 2-Beograd, Službeno glasnik, 2005, stranica381-382.

[11] NIETZSCHE, Friedrich, Volja do moči : poskus prevrednotenja  vseh vrednot-Ponatis iz leta 1991.-Ljubljana : Slovenska matica, 2004, stran 435.

[12] Лав Н. Толстој, Рат и мир II, Просвета, Београд, 1961, сртраница 499-502.

  •