Д-р Гордана Силјаноска Давкова (LOGOS)

Иако вредноста докажувањето, односно силогистиката треба да има најголема убедувачка моќ врз широките народни маси, тоа е дури на трето место. Иако само со силогистика ја спознаваме вистината.

Возрасните луѓе од широките народни маси можеме да ги убедиме само со она што тие веќе го знаат: ETOS (нема човек со здрав разум што не препознава кој политичар делува етички), PATOS (секој човек ги поседува основните чувства радост и жалост и доколку имаме реторички способности да предизвикаме гнев кон нашиот политички противник, а наклонетост кон нас, го придобиваме за нашето тврдење, или политички ставови) и LOGOS (секој човек може да донесе заклучок доколку му ги поставиме двете премиси, но дијалектичката способност е многу ретка, а според Шопенхауер, способноста да се постават двете премиси е најретко во човековиот род).

Д-р Гордана Силјаноска Давкова има докторирано под менторство на Албен Игличар, кој предава социологија, а не Уставно право. Веројатно затоа, во последно време таа него го изостава, а во својата биографија наведува дека претседател на комисијата бил д-р Франц Град, кој предава Уставно право. Д-р Град пред неколку години стана судија на Уставен суд на Република Словенија, но кога виде колку треба да се работи (во Словенија Уставниот одлучува и по уставни жалби), после неколку месеци си замина на факултет. Беше изложен на општа критика, па дури и на подсмев.

Д-р Гордана Силјаноска Давкова не знае словенечки, па на кој јазик докторирала во Словенија, останува тајна. Д-р Денко Малески си признава дека докторирал на македонски, а одбраната му била на српски.

Д-р Гордана Силјаноска Давкова не го знае добро ни својот предмет, а камоли Меѓународното право. Нејзините теоретски докажувања се софистички ујдурми, а расправите класична еристика. За да не ми биде префрлено за petitio principi прочитајте ја колумната на д-р Фрчковски “Три невесте тикве брале”.[1]Ги поби сите три на купче најекспонирани научници на ВМРО ДПМНЕ.

Сега јас ќе докажам, дека д-р Гордана Силјаноска Давкова, другите две невести и клисарот на д-р Фрчковски, не го знаат својот предмет а камоли Меѓународно право.

Моето побивање, за разлика од д-р Фрчковски, ќе биде со правен силогизам (доказ).

Имено, три невесте и клисарот на д-р Фрчковски, цела година го убедуваа Претседателот д-р Иванов дека само тој можел да потпишува меѓународни договори, дека министеот за надворешни работи Никола Димитров не смеел да го потпише Преспанскиот. Се повикуваа на уставни и законски одредби.

Горните факти се општо познати и не треба да се докажуваат. Внесете го името на трите невести и клисарот на интернет и ќе ги видете овие ставови.

Дури и Претседателот д-р Иванов едно време ги прифаќаше овие ставови, на неговите експерти. И ова може да се провери на интернет.

Бидејќи ова е колумна, а не научен труд, за да го задржам вниманието на мојот разумен читател, прво ќе ги побијам невестите и клисарот на д-р Фрчковски со реторичкото средство знак.

Стево Црвенкоски во својство на министер за надворешни работи ја потпиша Времената согласност. Претседателот Глигоров не се бунеше. Д-р Тони Дескоски, врз основа на вака потпишана Времена, вложи тужба. Судот донес пресуда.

Меѓутоа, реторичкиот силогизам (ентимем), мора да биде текмерион, да не може да се побие, за да има доказна вреност на правен силогизам.[2]

Затоа, еве го и моето силогистично побивање на трите невести и клисарот на д-р Фрчковски.[3]

Согласно член 7, од Виенската конвенција за договорно право[4], меѓународни договори без полномошно можат да склучуваат врз основа на својата функција; шефот на државата, премиерот и министерот за надворешни работи.

Никола Димитров, во време на потпишувањето на Преспанскиот беше министер за надворешни работи и сеуште е министер за надворешни работи.

Еве правен силогизам.

ГОЛЕМА ПРЕМИСА: Врз основа на член 7 од Виенската конвенција за договорно право, според својата функција министерот за надворешни работи има право да склучува меѓународни договори.

МАЛА ПРЕМИСА: Никола Димитров го склучи Преспанскиот меѓународен договор со функција министер за надворешни работи.

КОНКЛУЗИЈА: Никола Димитров, со функција министер за надворешни работи имал право да го склучи Преспанскиот меѓународен договор.

Покрај правен силогизам, еве и прецеденс против д-р Гордана Силјаноска Давкова.

Во спорот помеѓу Нигерија и Камерун, Нигерија тврдела дека нејзиниот претседател немал овластувања во земјишниот спор да потпише заедничка изјава 1975 година со Камерун, во спротивност со нигерискиот устав[5]. Тврдела дека декларацијата е ништовна. Судот не го прифатил приговорот на Нигерија. Судот аргументирал дека државите не се должни да го следат правниот развој на други држави.[6]

A fortiori.

Доколку д-р Гордана Силјановска Давкова не го знае она што го предава, како ќе знае Меѓународно право? Таа не знае дека меѓународното право има супремација над националното право[7], а вели дека ќе го реши најголемиот проблем на Македонскиот народ.

Забележувате дека не го побивам СДСМ и неговите. Неема потреба. Тие потпишаа капитулација.

Овие колумни се доказ дека во Македонскиот народ има подобри научници и политичари.

Јас докажав дека сум подобар научник од д-р Гордана Силјаноска Давкова.

Д-р Горазд Росоклија, Љупчо Палески, д-р Солза Грчева, Александар Пандов, Виолета Тировска, Ана Бобинкова, Мирка Велиновска, Миленко Недековски, ќе бидат подобри пратеници од Владимир Ѓорчев, м-р Антонијо Милошовски, Илија Димоски, Даниела Рангелова, Лилјана Затуроска, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов.

Јас, не само што сум подобар научник, туку имам и докторат (решение) донесен од ЕУ за најголемиот проблем на Македонскиот народ. Другите што ги набројав, освен што се интелектуално супериорни во однос на оние од ВМРО ДПМНЕ, имаат и чиста македонска волја.

Значи, д-р Гордана Силјаноска Давкова, падна, и на ETOS, и на PATOS, и на LOGOS.

 


[1]Д-р Фрчковски додуше еристички ги побива, но бидејќи трите невести расправаат само еристички, според Шопенхауер, дозволено е да бидат побиени еристички.

[2]Аристотел го дава следниов пример за текмерион: една жена има млеко, значи пред извесно време се породила. Овој ентимем не може да се побие и затоа се вика текмерион.

[3]Има дарба за еристика, што е женска особина. Мажите се логичари. Своевремено му го залепи на Никола Димитров (кога беше со ВМРО ДПМНЕ) “Кен”, алудирајќи на неговите интелектуални способности.

[4]Словенците од пред неколку години го сменија преводот и сега ја нарекуваат Виенска конвенција за правото на меѓународните договори (Dunajska konvencija o pravu mednarodnih pogodb).

[5]Како што тврди д-р Гордана Силјаноска Давкова.

[6]TURK, Danilo, Temelji mednarodnega prava-Ljubljana: GV Založba, 2007, stran 267-268.

[7]Од прецеденсот се гледа дека и над уставот.

  •