Ќе го полудат ли ВМРО ДПМНЕ и СДСМ Македонскиот народ

“Никој не сака да постане нешто друго, па дури и доколку тоа “нешто друго” би го имало сето добро (бидејќи бог веќе го има сето добро), туку сака да остане тоа што е.”[1]

Најголемиот ум е најголем, затоа што секогаш е во право. Македонскиот народ го потврди и на референдум одби да биде “нешто друго”.

ВМРО ДПМНЕ и СДСМ Македонскиот народ го направија “нешто друго”. Уништија цел еден народ.

Замислете си каква душевна болка предизвикува ова кај секој Македонец.

“Страдањата им ги дале на карпите, ама тие не издржале, па му ги дале на човекот (Ерменска).”[2]

Фактот дека настанува лудило поради силна душевна болка, заради ужасен настан може да се објасни. Секој таков настан, кој предизвикува душевна болка, обично е ограничен на сегашноста, што значи дека проаѓа и како таков не предизвикува прекумерни душевни болки. Душевната болка е неизмерно голема тогаш, кога е постојана. Неизмерно голема душевна болка предизвикува една мисла, која што лежи во помнењето.[3]

Ужасната мисла; нема повеќе Македонски народ, лежи во помнењето, трае, предизвикува ужасни душевни болки, за кои нема надеж дека ќе поминат. Умот ни порачува дека оваа мисла ќе остане во помнењето засекогаш и постојано ќе ни предизвикува ужасна душевна болка.

И тогаш, таква една болна мисла, такво едно болно знаење и сеќавање, со огромна количина на страдање, станува неподносливо. Тогаш, нашата престрашена природа, се фаќа за лудилото, како последно средство за спас на животот. Човековата душа, мачена на овој начин, го кине конецот на своето помнење и го исполнува со празнина. Така, пред душевните болки, кои ги надминуваат неговите сили, бега во лудило.Како што се отстранува екстремитет зафатен со гангрена и се заменува со дрвен. Како пример, да го посматраме бесниот Ајакс, кралот Лир и Офелија, бидејќи се дело на гениј и затоа се вистинити, како и реални личности. Дури и дневното искуство, укажува на истото. Еден слаб аналогон од тој вид на преод од болка кон лудило е фактот, да ние често, некое мачно сеќавање, кое што одненадеж не обзема, скоро механички го бркаме со некој гласен исказ или гест. Го одалечуваме од себе, за на сила да се разонодиме.[4]

Мислата; ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, Македонскиот народ го направија “нешто друго”, предизвикува ужасна душевна болка. Таа стои во помнењето и може да го полуди Македонскиот народ.

За ужасни душевни болки, потребен е најдобар психолог.

Ужасот е уште поголем, поради јасното сознание дека Македонскиот народ го направија “нешто друго” тие што беа овластени да го чуваат Македонскиот народ; ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.

За вакви ситуации, најголемиот ум и најголемиот психолог (“За душата” и “Реторика”), предлага да си помогнеме со прирачници (“Никомахова етика”). Прави убава споредба со лекар, кој наместо да не лечи, тој не убива. Тогаш, вели Аристотел, земаме прирачници и сами почнуваме да се лечиме.

Во таква ситуација е денес Македонскиот народ, заменет со она “нешто друго”.

Мое мислење е дека Македонскиот народ, претворен во она “нешто друго”, денес треба да си помогне со прирачниците на најдобрите психолози, што се однесува до ужасните душевни болки заради претворањето на Македонскиот народ, во “нешто друго”.

Најдобар психолог е Аристотел, потоа Шопенхауер, па Стендал, па Ниче, Спиноза и Фројд (како ученик на Шопенхауер).

Шопенхауер за вакви ужасни душевни болки предлага начин на ослободување со илузија. Со присутните предмети, како и со далечните (кои што предизвикуваат ужасни болки), се издигаме до нивна објективна контемплација и така успеваме да створиме илузија, дека се присутни само тие предмети (поими) што предизвикуваат ужасни болки, а не и ние. Тогаш се ослободуваме од нашата жалосна состојба и стануваме едно со тие предмети (поими) што предизвикуваат ужасни болки. Тогаш, како што тие предмети (поими) не ги допира нашата невоља и нас не не допира невољата.[5]

Спиноза предлага да го откинеме афектот (во конкретниов случај ужасни душевни болки) од мислите за внатрешната причина и да го поврземе со други мисли. На тој начин, ќе биде уништена љубовта, или непријателството кон внатрешната причина, како и душевните колебања, што произлегуваат од овие два афекти. Според Спиноза, тоа што создава облик на љубов, или непријателство се радоста и жалоста, што ја прати идејата за внатрешната причина. Доколку се отстрани причината, се отстранува и обликот на љубов, или непријателство и така се уништени тие два афекти, како и тие афекти што извираат од тие два афекти.[6]

Мој избор е Диоген (киничарот), кој што на афектот (во случајов ужасни душевни болки) му ја претпоставува логиката.[7]

“Во голема болка, нужен е голем ум (Ерменска).”[8]

Автор на најсовршената наука, логиката, е Аристотел.

Со помош на Аристотел јас создадов полисилогизам како Македонскиот народ да не биде “нешто друго”. Овој мој полисилогизам, освен што делувa психолошки, делува и правно во корист на Македонскиот народ. Му го штити правото на самоопределување како норма ius cogens и го спречува културниот геноцид-“нешто друго”.

Ќе го најдете во мојата колумна “Последна шанса за одбрана на името”, а уште подобро е да се прочита мојата книга “Решение на проблемот со името во меѓународното право”.

Кој и да го одбере македонецот од најдобрите психолози, нема да погреши. Јас се одлучив за Аристотел. За логиката. Се препорачувам со својот полисилогизам кај секој Македонец, за отстранувањето на ужасните душевни болки.

Но, само во рамките на семејството на Македонецот.

Бидејќи семејството e попрво и понеопходно од државата.[9]

А освен тоа, оваа држава не е наша.

 


[1] Превел М.П. , ARISTOTELES, Nikomahova etika-Reprint iz leta 1994.-V Ljubljani: Slovenska matica, 2002, stran 279.

[2] Превел М.П. , RADIĆ, Tomislav, Vox populi: zlatna knjiga poslovica svijeta/2.prošireno izd.-Zagreb-nakladni zavod Globus, 1995, stranica 24.

[3] Artur Šopenhauer, Svet kao volja i predstava, Matica srpska, Novi Sad, 1981, stranica 182.

[4] Ибидем, страница 182-183.

[5] Ибидем, страница 187.

[6] Baruch de Spinoza, Etika, Reprint izdaje iz leta 1963, Slovenska matica v Ljubljani, Ljubljana, 1988, stran 333.

[7] Diogen Laertije, Život i mišljenja istaknutih filozofa, Beograd, 2003, Dereta, stranica 16.

[8] RADIĆ, Tomislav, Vox populi: zlatna knjiga poslovica svijeta/2.prošireno izd.-Zagreb: nakladni zavod Globus, 1995, stranica 24.

[9] ARISTOTELES, Nikomahova etika-Reprint iz leta 1994.-V Ljubljani: Slovenska matica, 2002, stran 265.

  •