Договор за дело (член 619-648)

Договорот за дело е уреден со Законот за облигационите односи (член 619-648).
Со договор за дело вршителот на работата (претприемач, изведувач на работи) се обврзува да изврши определена работа, како што е изработка, или поправка на некој предмет или извршување на некоја физичка или интелектуална работа и слично, а нарачувачот се обврзува за тоа да му плати надомест.
Со член 647 од овој договор се воспоставува залог и хипотека по сила на закон, во корист на вршителот на работата, кој обично е подизведувач во градежништвото, или занаетчија, кој што го менува местото на престојот и нема можност за водење парници, па законодавецот решил специјално да го заштити.

Превземете овде Word верзија од Договорот за дело.

  •