На ВМРО ДПМНЕ и СДСМ им недостасува доблеста воздржаност

Просечниот човек е лош.[1]

За некого велиме дека е лош, доколку нема доблести, а како што кажавме во друга колумна; вистината им се покажува само на добрите. Но, не е лесно да се разликува добар од лош човек.

“Трагите на волкот и трагите на кучето малку се разликуваат (Румунска).”[2]

Затоа Еврипид во “Медеја” ќе викне:

”О Диве, зошто на луѓето им даде мерило,

со него лажното злато да можат да го препознаат,

а на човечкото тело не му удри белег

по него да знаат кој е човек злосторник?”[3]

Со Македонија владеат околу илјада лоши луѓе од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.

А, како што вели Шопенхауер; лошотилакот и глупавоста одат заедно.

Македонија во времето на Филип и Александар ги поттикнувала доблестите со закони. Така, вели Аристотел, за да ја поттикнат доблеста храброст, во Македонија постоел закон ; тој што нема убиено ниеден непријател, мора да биде опашан со коњски оглавник.[4]

Постојат три добра; надворешни, телесни и душевни.[5]

Надворешните добра како; богатство, имот, моќ, слава и слично, бараат вишок до бесконечност. Од друга страна, колку и малку да имаме доблест, доволно е. Со богатство, имот, слава и моќ, доблест не се стекнува и одржува, туку со последнава, претходните.[6]

Од исти причини произлегува дека блажена е она држава која што е најдобра и функционира убаво.[7]

Мерило на тоа; што е добро, а што лошо е добар човек.[8]

Ова би бил одговор на прашањето; зошто во Македонија и после повеќе од три години од мојот докторат од ЕУ, се фали лошото. Се фали тужбата на д-р Тони Дескоски и пресудата како нешто добро. Иако јас, уште додека д-р Дескоски и ВМРО ДПМНЕ го славеа “судското убиство” (на една телевизија во февруари 2012.) пресудата ја нареков магаре, а не прекрасен коњ, за каков ја претставуваа пресудата д-р Дескоски и ВМРО ДПМНЕ. И тоа добро го образложив.

“На будалата ниедна функција не му е превисока ни тешка, колку и да му е празна главата (Германска).”[9]

Лошите, кои се истовремено и глупави, се` знаат и се` можат.

Повикувањето на помош на најголемиот филозоф против оние околу илјада морални и интелектуални чудовишта од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ е нужно, бидејќи против нив единствен Херкул е филозофијата.[10]

ВМРО ДПМНЕ го краде моето решение, а СДСМ го премолчува.

Првите ги разобличив за време на претседателските избори, а со вториве е најтешко. Тие само ме премолчуваат. Но, мојот докторат е дел од словенечката доктрина и не ќе можат уште долго да молчат.

“Па дури и доколку зависта би предизвикала молчење на сите твои современици, ќе се појави тој кој ќе суди без неправда и пристрасност.”[11]

На ова интелектуална немоќ на луѓето, заради која она што е најубаво уште поретко добива признание и почитување и се додава уште и моралната расипаност во форма на завист. Со славата што ја постигнува еден човек над останатите научници кои му се еднакви: тие стануваат понижени. Секоја изразита заслуга ја постигнува својата слава на сметка на оние кои немаат никаква заслуга. Но, дури и лицата кои сами имаат заслуги и кои со нив веќе постигнале слава, не гледаат благонаклоно кон појавата на нова слава. Заради сјајот на новата слава, во одредена мера темнее нивната слава.[12]

Така во храмот на книжевната слава престојуваат многу умрени, кои за време на својот живот не биле таму и некои од живите, кои после нивната смрт, скоро сите ги исфрлуваат оттаму.[13]

Во староста, нема подобра утеха од сознанието, дека сета сила сме ја вложиле во дела кои што не стареат заедно со нас.[14]

Моето решение за најголемиот проблем на Македонија е толку големо дело, што доколку претпоставиме дека овие околу илјада лоши и глупави луѓе и исти такви нивни наследници бидат власт уште сто години, моето дело ќе ги чека добрите и паметни Македонци да го применат.

Време е да донесеме заклучоци, кои ќе го појаснат и насловот на текстов.

Порокот невоздржаност се состои во тоа што невоздржаниот бара претерани сетилни наслади, кои што се во спротивност со здравата памет, меѓутоа, тоа не го прави од убедување. Затоа невоздржаниот може да се убеди и да се насочи на прав пат.[15]

Во конкретниов случај, Македонците во ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, заради ЕУ, која е синоним за сетилни наслади, не го употребуваат моето решение. И тоа во ситуација, кога последниот претседател на Република Македонија го употреби во Генералното собрание на ООН.

За ваквите, Аристотел, преку Демодокос ќе рече: “…Милеќаните не се глупави, меѓутоа постапуваат така, како да се глупави.”[16]

Како човек што ја поседува доблеста воздржан, го нарекуваме оној што им се покорува на резултатите на умственото заклучување, како невоздржан пак, оној што не им се покорува.  Кој што не може да се воздржи, делува лошо, иако знае дека делува лошо. Тоа го прави под влијание на страст (афект). Кој знае да се воздржи, знае дека тие склоности се лоши и затоа-под влијание на умот-не ги следи.Луѓето уште ги нарекуваме невоздржани заради гневот, лакомост на пари и желба за слава.[17]

Паметен човек, не може да биде невоздржан.[18]

Тоа што понекогаш се чини дека паметен човек е невоздржан, произлегува од тоа што некои не разликуваат способен од паметен. Тоа ние го објаснивме на примерот на “фри шоповите” на сопругот на д-р Силјаноска Давкова. Објаснивме дека таа е способен човек, но не и паметен. Паметниот мора да е добар, а “фри шоповите” д-р Силјаноска Давкова не ја прават добра. Затоа, таа е способна, а не паметна.

Друг заклучок е, во ситуација кога Македонецот има порочна, невоздржана власт, да ја игнорира таа власт (и ВМРО ДПМНЕ и СДСМ) и да се труди да ја сруши таквата власт, што му го крши правото на самоопределување, и самиот да се погрижи за своето семејство, за да може неговото семејство да донесе исправен став за најголемиот проблем на Македонија.

Ова, од причина што семејството е поважно и понеопходно од државата. Човекот по природа е создаден повеќе да живе во заедница со жена, отколку во држава.[19]

Трет заклучок е дека основна цел на човекот е добар живот. Таа цел се постигнува со блаженство, а блаженството со живеење според доблестите, а најмногу според душевните.

Доблеста е средина помеѓу премногу и премалу. Меѓутоа не математичка, туку средина во однос на поединецот. За некого е доволен оброк со триста грама месо, но за сумо борач, треба многу поголема количина. Се разбира дека делување според доблест е се` освен лесна работа и затоа Аристотел ќе рече: “Еден е патот да сме добри, а има сто патишта да бидеме лоши.”[20]

Бидејќи блаженството го определуваме како душевно дејствување, тоа значи дека државникот мора што повеќе да знае за душата, како што очниот лекар мора да го познава целото тело на човекот.[21]

“…кај државникот е уште повеќе потребно, колку што е политичката наука повисока и поважна од лекарската наука. Образованите лекари темелито се трудат да го усовршат своето знаење за човековото тело. Слично мора и државникот да го усоврши своето знаење за човековата душа и тоа од такви причини и во толкава мера, колку што е потребно за неговата професија.”[22]

За разлика од црквата, Аристотел смета дека блаженството може да се стекне со учење и вежбање (освен природните доблести умереност и храброст) и дека блаженството е сопственост на многумина: “Понатака, блаженството е сопственост на многумина: со вежбање, или со труд може да го стекне секој кој не е хром за доблест.”[23]

Западот тврди дека парите се најбитни за добар живот.

Во Словенија дури имаат римувана изрека: “Denar je svetu vladar (Парите се владетел на светот).”

Меѓутоа, Аристотел не мисли така: “Обликот на “живеење во служба на парите” е нешто изсилено. Јасно е дека богатството не е тоа добро што го бараме; богатството е само средство за постигнување на нешто друго.”[24]

Мене ми направи впечаток изјавата на една жена во зрели години при бомбардирањето на Србија за Западот и богатството на Западот. Отприлика одеше вака: “Нека си ги грицкаат тие своите хамбургери и нека си ја пијат својата “кока кола”, а нас нека не остават на мира.” За мене ова е пример на воздржан човек, кој што се раководи според резултатите на заклучувањата што ги направил нејзиниот ум. Воопшто не покажа завист кон богатството на Западот. Дури од срце им посака да продолжат да уживаат во она што го прават, само да не и наметнуваат и нејзе дека ; парите се владетел на светот.

Четврти заклучок е дека, се додека Македонците се невоздржани и лакоми на пари како Западот, ќе си добиваат државници од типот на “Бомбона Бизнис”, “Фри Шопови”, “Хидроцентрали” и слични на нив. А тие нема да го вратат името.

Бидејќи примерот во општествените науки е она што е експериментот во природните, во историјата е познат случајот кога Данската кралска академија не му ја додели првата награда на Шопенхауер, а згора на тоа и го искара затоа што Хегел[25] го нарекувал шарлатан, а неговите дела ги нарекувал; говор што не може да се најде ни во лудница.

Денес, цел свет знае за Шопенхауер, а ништо за тие дански академици што го искарале. Затоа, повисоко стои Норвешката кралска академија, која му го дала своето злато на Шопенхауер и првата награда.

Да се чешаш со Шопенхауер било опасно. Во сите расправи победувал и своите противници ги доведувал до лудило.

Еве како поминала Данската кралска академија, заради тоа што не го препознала доброто, а уште згора на тоа го фали лошото (Хегел).

“Понатаму велам дека овој summus philosophus на Данската академија чкртал бесмислици, како што тоа не го сторил ниеден смртник пред него, така што оној што би можел да го чита неговото најпризнато дело, таканаречената “Феноменологија на духот”, без притоа да се чувствува како да е во лудница.-тогаш тој навистина таму и припаѓа; и во тој случај не би имал помалку право.”[26]

За да ги докаже своите ставови за Хегел, против Данската академија, Шопенхауер избира примери од делото на Хегел, каде според Шопенхауер, Хегел најмногу промислува за она што го напишал. Тоа е “Енциклопедија на филозофските науки”.[27]

Во таа книга, Хегел расправа за специфичната тежина и ја оспорува претпоставката дека таа почива врз различна порозност: “Пример за егзистирачкото спецификување на тежата е појавата кога железна шипка што на својата потпорна точка стои во рамнотежа, кога ќе се магнетизира ја губи рамнотежата и на едниот пол се покажува потешка одошто на другиот. Овде еден дел се инфицира така што станува потежок не менувајќи го својот волумен; материјата чија што маса не се зголемила , на тој начин станала специфично потешка”. Овде, значи, sumus philosophus на Данската академија го заклучува следново: “Кога шипката што е потпрена на своето тежиште станува потешка на една страна, таа се навалува на една страна; откако била магнетизирана, железната шипка сега се навалува на една страна ; следствено, тука таа станала потешка”. Вреден аналогон за заклучокот: “Сите гуски имаат две нозе, ти имаш две нозе, значи, ти си гуска”.[28]

Преку ништо не можеме толку интелектуално да се понижиме, како преку воодушевувањето и славењето на лошото. Степенот на духот што е неопходен нешто да ни се допадне е точен показател на нашиот сопствен дух.[29]

“…величењето на лошото и погрешното, на бездуховното, или на апсурдното, па дури и на бесмисленото, не дозволува никакво оправдание, туку тоа непобитно докажува дека човек е бедник и тоа останува до крајот на својот живот затоа што разумот не може да се научи…Волтер и Гете…[Наклонетоста што се троши на вакви лоши дела, исто толку го попречува напредокот на духот, колку и тешкиот напад против добрите



[1] ARISTOTELES, Nikomahova etika, Reprint iz leta 1994.-V Ljubljani : slovenska matica, 2002, stran 286.

[2] Превел М.П. , RADIĆ, Tomislav, Vox populi: zlatna knjiga poslovica svijeta, 2.prošireno izd.-Zagreb : Nakladni zavod Globus, 1995, stranica 60.

3 Превел М.П. , ГРЧКЕ трагедије/Есхил,Софокле, Еурипид-Београд : Дерета, 2001, страница 473.

[4] ARISTOTELES, Politika-Zagreb : Globus, 1988, stranica 221.

[5] Ибидем, страница 217.

[6] Ибидем, страница 218.

[7] Ибидем, страница 219.

[8] ARISTOTELES, Nikomahova etika, Reprint iz leta 1994.-V Ljubljani : Slovenska matica, 2002, stran 105.

[9] Превел М.П. , RADIĆ, Tomislav, Vox populi: zlatna knjiga poslovica svijeta2.prošireno izd.-Zagreb : Nakladni zavod Globus, 1995, stranica 37.

[10] ШОПЕНХАУЕР, Артур, O životnoj mudrosti-Beograd :  Grafos, 1987, stranica 97.

[11] Превел М.П. , Сенека во: ШОПЕНХАУЕР, Артур, O životnoj mudrosti-Beograd : Grafos, 1987, stranica 102.

[12] ШОПЕНХАУЕР, Артур, O životnoj mudrosti-Beograd : Grafos, 1987, stranica 105.

[13] Ибидем, страница 111.

[14] Ибидем, страница 112.

[15] ARISTOTELES, Nikomahova etika-Reprint iz leta 1994.-V Ljubljani : Slovenska matica, 2002, stran 226-227.

[16] Превел М.П. , Ибидем, страница 226.

[17] Ибидем, страница 208-209.

[18] Ибидем, страница 209.

[19] Ибидем, страница 264-265.

[20] Ибидем, страница 85.

[21] Ибидем, страница 71.

[22] Ибидем.

[23] Превел М.П. , ибидем, страница 64.

[24] Превел М.П. , ибидем, страница 53.

[25] Кај нас д-р Ферид Мухиќ изјави дека својата кариера ја завршува со Хегел.

[26] ШОПЕНХАУЕР, Артур, Етика-Скопје : Култура, 1998, страница 22.

[27] Ибидем.

[28] Ибидем, страница 22-23.

[29] Ибидем, страница 31.

  •