Д-р Мицковски пак лаже

„На една лага и требаат десет други, за да не умре од глад (Германска).”[1]

Затоа д-р Мицковски ја повторува до изнемоштеност лагата „обнова на Македонија”, на која укажав во колумната „Д-р Мицковски повторно лаже”. Кога некој постојано повторува некоја лага, то е еристички трик, чиј што технички термин е argumentum ad nauseam (до повраќање).

 

„Опис: Понекогаш соговорникот го повторува своето тврдење до изнемоштеност, се разбира не затоа што во него е многу убеден. Тактиката е мизерна, ама неверојатно ефикасна, доколку има кондиција и доколку има наивна публика. Смета на следново: доколку на неговите погрешни тврдења не му одговараме повеќе, доколку не го одбиваме повеќе, себеси ќе се прогласи за победник во расправата. Од фактот, дека не ќе го одбива никој повеќе, ќе заклучи, дека неговото тврдење е вистинито.”[2]

Патот до таму е долг и повраќањето се однесува на нашатa реакција и отпор, на кој што смета. Во основа трикот е едноставен и темели на бесконечно повторување на истото. Од самиот факт дека некој го повторува своето погрешно тврдење, не произлегува дека погрешното тврдење станува повистинито. Особено не, доколку тоа го прави откако веќе бил побиен и сега се надева дека со повторување на погрешното тврдење, тоа ќе стане важечко.[3]

Ние во друга колумна веќе го побивме тврдењето на д-р Мицковски дека ќе ја обнови Македонија, но бидејќи тој продолжи да ја повторува оваа лага, ние мораме да му парираме, за да не биде ефикасен трикот „до повраќање”.

Д-р Мицковски повторува до изнемоштеност; „обнова на Македонија”. Лаже.

обнова f. 1. Чин, процес, или начин на обновување: економска обнова; обнова на град/градба/пријателство. 2. Повторување на нешто: обнова на судски процес[4]

Значи, поимот обнова се однесува на нешто што постои.Поимот обнова се однесува на нешто дотраено, оштетено. Тоа е постапка по која нешто повторно добива соодветни посакувани својства.

Македонија не постои. Врз основа на Преспанскиот постои Северна Македонија.

Значи, д-р Мицковски ќе ја обновува Северна Македонија. Му го разоткрив лукавството.

“Кога лисицата ќе се најде во канџите на лавот, малку и помага нејзиното лукавство (Руска).”[5]

За да биде појасно; постои разлика помеѓу поимите исчезнување и поимот промена на квалитетот. Ова станува појасно, доколку се знае дека постои категоријата супстанца, а од друга страна својства кои што природно и припаѓаат на супстанцата, кои се подложни на промена.[6]

Промена е кога телото е еднаш здраво, друг пат болно, но останува тело. Додека водата кога ќе се претвори во пареа, зборуваме за исчезнување. Исчезнала супстанцата вода, од која настанала супстанца пареа.[7]

Кога од образован човек ќе настане необразован човек, тоа не е исчезнување, туку промена на квалитетот.[8]

Бидејќи поимот Македонија е супстанца, кога од овој поим ќе настане Северна Македонија, исчезнува супстанцата Македонија.

Значи промената во Северна Македонија не е промена на квалитетот на поимот Македонија, туку настанува нова супстанца.

“Како што кажавме пред малку, првиот [погрешен] начин дефиницијата да не се изведува врз основа на попознати одредби се состои во тоа, поранешното да се изрази со подоцнежното.”[9]

Значи, бидејќи Северна Македонија е подоцнежна, а Македонија постара, поимот Македонија не може да се дефинира со поимот Северна Македонија.

И на овој начин доаѓаме до заклучокот дека Македонија исчезнала.

“Доколку се случи, она што е дадено во дефиницијата да и припаѓа на сегашноста и на минатото, додека она што има име не им припаѓа, тогаш нема идентитет [помеѓу дефиницијата и она што е дефинирано].”[10]

Значи, доколку ја дефинираме Македонија со поими што и припаѓаат на сегашноста и на минатото, а знаеме дека Северна Македонија нема ништо од минатото на Македонија, тогаш помеѓу Македонија и Северна Македонија нема идентитет.

“А освен тоа, треба да се разгледа дали деловите пропаѓаат истовремено со целината, бидејќи треба да биде обратно,-кога ќе пропаднат деловите да пропадне целината. Но, доколку пропаднала целината, не е нужно и деловите да пропаднале.”[11]

Македонија пропадна со договорот за прекин на огнот од Букурешт 1913. Со помош на Русија (Сталин) македонските комунисти го остварија правото на македонскиот народ што беше во рамките на Србија, на самоопредлување и формира своја национална држава.

Со пропаѓањето на единствениот дел на Македонија (Република Македонија), со склучувањето на Преспанскиот, исчезна Македонија.

“Така, како што рековме, исто е да се знае што е една ствар и да се знае причината за нејзиното постоење, а причината за тоа е што една ствар мора да има причина.”[12]

Причина за Македонија е македонскиот народ, а тој е укинат со Преспанскиот договор.

Значи, укината е причината за Македонија.

Доколку нештата ги поделиме на добрини и зла, д-р Мицковски е зло, а јас сум добрина, заради тоа што моето правно средство од докторатот го решава најголемиот македонски проблем и го враќа името.

“Добрините, оти послаби, биле истиснати од злата, па се качиле на небото. И, го прашале Добрините Ѕевс како треба да им пристапуваат на луѓето. А овој им рекол-не сите заедно, туку една по една кај луѓето да одат. Поради тоа, Злата, зашто се блиску, почесто им доаѓаат на луѓето, а Добрините од небото побавно се симнуваат.

Басната објаснува, дека на добро никој бргу не се намерува, од злата, пак, секој е катаден удиран.”[13]



[1] RADIĆ, Tomislav, Vox populi : zlatna knjiga poslovica svijeta/2. prošireno izd.-Zagreb : Nakladni zavod Globus, 1995, stranica 119.

[2] BREGANT, Janez, Zmote in napake v argumentaciji : vodič po slabi argumentaciji v družbenem vsakdanu/Janez BREGANT, Boris Vezjak.-Maribor : Subkulturni azil, 2007, stran 99.

[3] Ибидем.

[4] МУРГОСКУ, Зозе, Речник на македонскиот јазик-Скопје: Филолошки факултет “Блаже Конески”, 2005, страница 491.

[5] RADIĆ, Tomislav, Vox populi : zlatna knjiga poslovica svijeta/2. prošireno izd.-Zagreb : Nakladni zavod Globus, 1995, stranica 126.

[6] АРИСТОТЕЛ, O nastajanju i nestajanju-Beograd: Grafos, 1989, stranica 25.

[7] Ибидем.

[8] Ибидем, страница 26.

[9] Превел М.П. , ARISTOTEL, ORGANON, KULTURA, 1970, BEOGRAD, stranica 503.

[10] Превел М.П. , ибидем, страница 513.

[11] Превел М.П. , ибидем, страница 526.

[12] Превел М.П. , ибидем, страница 334.

[13] АЈСОП, Басни-Скопје : ТРИ, 2008, страница 3.

  •