Д-р Јанев и ја враќа услугата на д-р Силјаноска

Кој сака да стане славен, обично говори дека е веќе славен.[1]

Така и д-р Игор Јанев.

По својот повик Македонскиот народ да излезе да гласа за д-р Силјаноска, тој се претставува како веќе славен, во еден портал близок до д-р Силјаноска. Дури имал завршено и постдокторски студии. Кое научно звање го стекнал после ова; не кажува. Јас пак мислев дека највисоко научно звање е доктор.

Вистината е поинаква.

Тешко ги поднесуваме измамите на непријателите и издајството на пријателите, но често сме задоволни кога се мамиме самите себеси.[2]

Д-р Јанев и неговиот ultra vires не беше прифатен ниту од Глигоров, ниту од Трајкоски, ниту од Црвенкоски, ниту од д-р Иванов.

Единствено го подржа д-р Силјаноска и оние 200 интелектуалци.

После контактите на д-р Силјаноска со мене и таа не го спомува повеќе, туку се повикува на мојот ius cogens и моето право на самоопределување, без да се повика на мене и мојот докторат. Откако во мојата колумна ETOS ја предупредив да не го прави тоа повеќе (тоа инкриминирано дејствие[3]), таа престана да се повикува на правото на самоопределување и ius cogens, но повеќе воопшто не го спомна д-р Јанев.

Како што кажав, Претседателот д-р Иванов, побара научнички услуги од мене и храбро ги употреби на 27.09.2018.година во ООН во оној историски говор. Тој, релативно чесно, состави и писмена исправа за научничките услуги што ги доби од мене.

За да се знае кој е кој во Македонија моментално интелектуално; никој не се ни обиде да го побива говорот на Претседателот д-р Иванов. Ни надвор, ни дома.

Кога видоа дека е безбедно, и д-р Силјаноска, и д-р Груески, па дури и м-р Милошоски се повикуваат на моето решение, без да ме цитираат.[4]

Значи, д-р Силјаноска и цело ВМРО ДПМНЕ[5]се откажа од д-р Дескоски и од “победата”[6], а за д-р Јанев не ни размислувале да го применат.

Србите го применија д-р Јанев и настрадаа. Си имаа златна резолуција 1244, а сега имаат и за нив неповолно мислење на Меѓународниот суд на правдата, кое сами си го бараа.

Ерго, д-р Јанев и ја враќа услугата на д-р Силјаноска, која што беше на врвот на оние 200 што се потпишаа за да се прекинат преговорите и да се примени ultra vires на д-р Јанев. Таа во меѓувреме се откажа од неговото решение, но тој, агитирајќи за неа, сеуште се надева дека ќе биде применето неговото решение, кое во Македонија ниеден од досегашните претседатели не го сакаше.

Па, ни коњ кој има златни узди и раскошна опрема, а инаку е лош, не го сакаме и го сметаме за невреден. Повеќе сакаме коњ во добра состојба.[7]

Како што во оној живот, подароци добиваме за праведност, така во овој живот, добиваме подароци за разборитост.[8]

Македонскиот народ треба повеќе да разликува вистина од лага за најголемиот проблем што го има.

Доколку разборито процени дека моето решение е вистинито, а на д-р Јанев лажно и во овој живот ќе добие награда.

Мојот разумен читател да размисли, дали моето решение, или она на д-р Јанев е вистинито.

За секого е едноставен и лесен заклучокот, дека оној што размислува живее повеќе, а најповеќе од сите живее оној кој најмногу ја достига вистината. Тоа е оној што е разборит и кој што расправа во склад со најточното знаење. Совршен живот, треба да им се признае, на оние што се разборити, а знаеме, дека совршеното и непопречувано делување, содржи само во себе задоволство. Способноста за правилно расудување, носи најголемо задоволство.[9]

И најголемото славољубие исчезнува, кога ќе се најде во ситуација, да не може да го постигне тоа, кон што се стреми.[10]

За да може правилно да расудува мојот читател, неколку правила на Aристотел (“Органон”) за побивање. Противникот е побиен кога ќе му уништиме една премиса; големата, малата, или заклучокот. Противникот е побиен и кога ќе му направиме контрасилогизам.

Во конкретниов случај јас ќе го побијам д-р Јанев со тоа што ќе ми ја уништам големата премиса. Според големата премиса на д-р Јанев, Генералното собрание на ОН има право да му предложи на Меѓународниот суд на правдата да донесе незадолжително правно мислење по поставеното прашање.

Големата премиса на д-р Јанев ја побивам со моето тврдење дека неговата голема премиса има партикуларно дејство, а не универзално дејство како што сака да прикаже д-р Јанев. Своето тврдење за партикуларна важност на неговата голема премиса го докажувам со член 12 од Повелбата на ОН. Според член 12 од Повелбата, Генералното собрание на ОН не смее да се бави со прашање, со кое веќе се бави Советот за безбедност на ОН.

Доказ дека Советот за безбедност се бави со спорот за името се двете резолуции на Советот за безбедност, врз основа на кои е склучена Времената согласност. Доказ дека сум во право е фактот што Генералното собрание на ОН никогаш не се бавело со спорот за името.

Мојот разумен читател веќе сфаќа дека со член 12 од Повелбата на ОН како голема премиса и со резолуциите на Советот за безбедност направив и контрасилогизам, откако претходно ја уништив големата премиса на д-р Јанев со тврдењето дека таа има само партикуларна важност. Доказ дека има само партикуларна важност е член 12 од Повелбата на ОН.

Јас му го уништувам и прецеденсот на д-р Јанев.

Тој се повикува на мислење на Меѓународниот суд на правдата од 1948 година.

Јас го уништувам прецеденсот на д-р Јанев со помош општото правно начело што признаваат цивилизираните народи lex posteriot derogat legi priori.

Имено, Меѓународниот суд на правдата во 1950 година носи ново мислење, со кое го дерогира своето мислење од 1948, на кое што се повикува д-р Јанев.[11]

 


[1]LA Rochefoukauld,, Francois de, Maksime: misli o človeški naravi-Ljubljana: Mladinska knjiga, 2007, stran 14.

[2]Ибидем, страница 23.

[3]Учествував како адвокат во кривична постапка помеѓу две професорки, која се води по службена должност.

[4]Во мојата колумна ETOS објаснив зошто.

[5]Со исклучок на Александар Николоски кој ќе направел подобар договор од Преспанскиот.

[6]Јас ја нареков судско убиство во мојата колумна “Судски убиства”.

[7]ARISTOTEL, “O duši” i “Nagovor na filozofiju”, Naprijed, Zagreb, 1996, stranica 109.

[8]Ибидем, страница 121.

[9]Ибидем, страница 131-132.

[10]LA Rochefoucauld, Francois de, Maksime: misli o človeški naravi-Ljubljana: Mladinska knjiga, 2007, stran 20.

[11]Поопширно во мојот докторат.

Во полемика, големата премиса му ја поби и Ристо Никоски. Меѓутоа, многу нечесно, не кажа дека тоа го презел од кај мене. Прво излезе мојот фељтон и колумни, каде што јас го побив д-р Јанев, па дури потоа Ристо Никоски го поби со мојот интелект, без да го каже тоа.

Со ова му правам услуга на д-р Јанев.

Да бидеш побиен од еден доктор по меѓународно право кој донел докторат според “Болоња” од ЕУ, не е срамота.

Да бидеш побиен од Ристо Никоски, кој не е ни правник, би било срамота.

  •