Соросоиди и македоноиди (TUTTI KOMUNISTI)
(втор дел)

„На еден евреин, возот му избегал пред нос. `Тотален антисемитизам`-горко промрморел евреинот. Ова е пример за логичка грешка `преурането воопштување`. Така и авторот , од референдумот за минарето, преурането заклучува дека швајцарците се верски нетолерантни(па  сходно и европјаните).  Еве контрасилогизам за македонска верска нетолерантност, односно атеистичко комунистичка диктатура. Слободата на манифестирање на верата и верската поука се основни човекови права, заштитени со член 9 од ЕКЧП И член 2 од првиот протокол кон ЕКЧП. Во Швајцарија и во старите членки на ЕУ, овие права се практицираат така што државата и дава пари на црквата(некаде и црковен данок) и другите религиозни заедници за да функционираат и имаат верска поука(сите верски заедници). Кај нас државата не и дава пари на црквата и другите верски заедници, а Уставниот ја укина и веронауката. И кој е сега верски нетолерантен?

Доколку внимателно ја читаме библијата(ќе видиме дека црквите(како објекти) се скоро неважни за христијанското учење, а од она што го имам читано, исто е и со исламот, односно минарињата. Значи, минарињата не се доказ на верска нетолерантност, туку почитување на различните верски учења, а тоа се докажува со давање пари за функционирање на верската заедница и со финансирање на верска поука. Покрај тоа, во животот многу често се случува две човекови права да си противречат и тогаш е голема мудрост на судијата да оцени кое право ќе го заштити. Во конкретниов случај, сите Швајцарци имаат согласно член 5 од ЕКЧП човеково право на безбедност, согласно член 8 право на почитување на приватниот и семејниот живот. После она што се случи во Америка, Британија и многу места во христијанскиот свет, нема да му биде лесно на еден судија да оцени дали да му даде предност на едно верско обележје, во ситуација кога ги ужива сите верски слободи и има верска поука, или на правото на безбедност и приватност.

Не е неразумно да му се даде предност на основниот иснстикт, инстиктот на преживување. Впрочем, прво човеково право е правото на живот(член 2 од ЕКЧП) и нему му се подредени сите други права.

Да се потсетиме дека исламот не успеа со војничка победа да се прошири на запад, па западот сепак дозволи ислам. Кај нас исламот однел војнкичка победа. И кој е сега потолерантен, ние или Западот. Колку што ми е познато, Словенија нема ниту една џамија, но не сум слушнал муслиманите да се жалат на верска нетолеранција. Словенија дава пари на верските заедници и има верска поука. Значи, не е до минарињата. Да не ја окривуваме Европа за она што не е крива. Доколку е проклето крива за кршење на човековото право на идентитет на Македонија, поради толерирање на Грција, не смееме да сме  во заблуда дека Европа нема верски слободи.

Од ваквиот погрешен заклучок ние ќе имаме штета, бидејќи при носење на други важни заклучоци за Македонија, голема премиса ќе биде дека Европа е верски нетолерантна(заради минарињата) и самите ќе се повредиме, ќе си нанесеме шптета, поради невистинитите силогизми. Минарето е само реторички знак од кој што може да се направи ефектен ентимем, кој што ја нема силата на еден дијалектички силогизам.“

Од некаде се залета макенодоидот Миленко Неделкоски и удира по мене ad hominem:

„`Овој ЈОВ треба да си се препрочита сам, па да си се најде во текстот на Дарко. Глупак. Сам себе си се побива. Што им лилчи на неговите „швицарци“, не ни личи на нас македонците. Или Quod licet lovi, non licet bovi!!!“

Еве како се одбранив од македоноидот Миленко Неделковски:

„Од голема помош , овде може да биде ладнокрвноста, штом противникот прејде на полето на личното, мирно возвратиме дека не станува збор за тоа и веднаш да го вратиме разговорот на стварта и продолжуваме да докажуваме дека не е во право, не обрнувајќи внимание на неговата навреда, како што Темистоикле му вели на Еврибијад:`Удри ме, ама чуј ме(Шопенхауер, „Еристичка дијалектика“).`

Значи, овде не станува збор за тоа дали сум јас глупак, туку дали се Швајцарците верски нетолерантни. Поимот глупак, е аргумент ад хоминем и не претставува дел од силогизам. Пословицата што ја употребивте е многу убава, ама не и е местото овде.

Тоа е како во торта да ставите лук. Лукот сам по себе е многу корисен за регулирање на крвниот притисок и штити од настинки, но во торта не се става. Никоја нема да ја јаде, како што вашава аргументација никој нема да ја прифати. Вие правите логичка грешка ignoratio elenchi(непознавање на спорната точка). Ова логичка грешка ја прават оние што немаат смисол за тоа што е битно.

Во конкретниов случај вие со пословицата сакате да кажете дека јас го оспорувам македонскиот референдум, а го дозволувам швајцарскиот. Ама тоа не е спорана точка. Најбитно во текстот е тврдењето на Јанески дека Швајцарците се верски нетолерантни и тие тврдења јас ги побивам ад рем. Со самото тоа што сум рекол дека Европа е проклето крива за нашиот идентитет, јас сум се екскулпирал дури и од вашето небитно обвинување за референдумот, за кој што ниту Јанески, ниту јас не расправаме.

Имено, тоа е како за еден човек да речете дека има снага. Се разбира дека штом има  снагадека има и здравје. Исто и јас;штом тврдам дека се проклето криви за идентитетот, се разбира дека и за референдумот се проклето криви.

Меѓутоа, покрај тоа што сте неинтелигентни, вие сте и необразовани. Пословицата го има токму тоа значење што вие и го одрекувате. И Аристотел вели дека не се сите лѕуѓе исти(„Никомахова етика“) и го дава примерот со човек од власта и обичен човек:доколку обичен човек удри човек од власта, не само што ќе му биде вратен ударот, туку ќе биде и казнет(парафразирано).

И во денешната реалност е така и друга пословица: Si duo faciunt idem non est idem(Доколку двајца прават исто не е исто), го потврдува фактот дека сте необразован. `Заради тоа е потребно двајцата соговорници да бидат дораснати еден на друг по знаење, интелект и вештина на водење дијалог. Му недостига ли на едниот она првото, не е на ниво и поради тоа не може да ги свати аргументите на собеседникот и истовремено, во текот на борбата, е надвор од дофат. Но, доколку му недостига она второто, тогаш, поради огорчувањето, кое што поради тоа настанува во него, ќе го наведува на разноразни нечеститости, трикови и подметнувања во препирката, а кога тоа ќе му се докаже, може да стане груб.

Заради тоа, како што на турнирите пуштаат меѓусебно еднакви, учен човек не треба да расправа со незнајко, бидејќи против него не може да ги употреби најдобрите аргументи, бидејќи на овој му недостига знаење да ги разбере и процени(Шопенхауер, Еристичка дијалектика“).`

Верувам дека е прифатливо образложението, зошто нема да расправам повеќе со вас.

Најмногу може да и се наштети на одредена добра ствар кога се брани со погрешни аргументи. Миленко Н. најмногу му штети на добриот новинар Дарко Јанески, кога релативно лошиот текст(и Сергеј Бубка при секое скокање не го рушеше рекордот) го брани со погрешни аргументи.

`На оној што тврди некоја бесмислица, не му е очигледен дури ни привидот кој што лежи во основата на таа лажност. Најнапред, мора да му се предочи таа лажност.

Доколку тој и после тоа остане при тоа, тогаш тој, секако дека е невкусен, но тогаш со него не може повеќе ништо да се направи. Тој со тоа се направил, како неспособен, така и недостоен, за секое понатамошно упатување на прав пат и побивање на неговите разлози. Бидејќи никому не може да му се докаже дека е луд;притоа залудно би било секое мудрување(Кант, „Логика“)`. “

Да се послужам со говорот на Груески, бидејќи јас, за разлика од него имам правен силогизам(неговиот му го уништив) за името и судски пресуди дека сум бил прогонуван и дека сум ги победил комунистите(сега УДБОМАФИЈАТА):

Ајде да се обединиме и да ги победиме македоноидите.

Ајде да се обединиме и да и доставиме изјава за ништавност на Привремената согласност на Грција.

Ајде да вложиме жалба за ништавност на привремената согласност пред Меѓународниот суд на правдата.

  •