Отстранување на комунистичкото право

Љубезно ве молам да ја прочитате мојата колумна „Десетте Божји заповеди на комунистичкото право“, објавена во „Нова Македонија“ од 29.10.2010.година, за да можете да го разберете ова што следи.

Проверете дали наведените тврдења го издржале периодот од скоро една година и доколку заклучите дека е така, утврдете дали сум нашол решение.

„Кога неколклу тела од иста или од различна величина ќе бидат притиснати од други тела, така да се потпираат едно на друго, или доколку се движат со ист, или со различен степен на брзина, така да едно на друго си го предаваат своето движење на еден извесен начин, тогаш велиме дека тие тела се соединети едно со друго и дека сите заедно сочинуваат  едно тело, или еден индивидуум, кој што од другите се разликува со тоа единство на телото(Spinoza, Etika”, Izdavačko-grafički zavod, Beograd, 1983, str.62, превел М.П).“

Спиноза треба да биде голема премиса и слика за сложената ствар, комунистичкото право, кое што го сочинуваат други ствари, во случајов „Десетте Божји заповеди на комунистичкото право“.

Според Спиноза, колку се поголеми површините со кои што деловите на стварта се потпираат едни на други, толку потешко е да бидат приморани да ја променат својата положба. Од десетте заповеди веќе заклучивте дека науката му служу на комунистичкото право и се потпира со цела површина на него, а исто и адвокатите. Ова важи за сите составни делови на комунистичкото право и неверојатно е тешко да се отстрани само еден дел, а камоли да се растури цела ствар.

Стварта(комунистичкото право) воопшто не е загрозена, кога делови од сложената ствар се заменуваат со исти такви делови. На пример, претседателот во своите редови зема комунистички делови: Светомир Шкариќ, Димитар Мирчев, Ристо Никовски. Премиерот исто така:Михајло Маневски, Љубисав Иванов, Владо Поповски, Павле Трајанов.

„Доколку од едно тело, или индивидуум, кој што е сложен од повеќе тела, неколку тела се одвојат, а во исто време, исто толку други тела, од иста природа, стапат на нивно место, тогаш индивудуумот ќе ја задржи својата поранешна природа, без било каква промена на својата форма(Spinoza, “Etika”, превел М.П.).“

Бидејќи Советот на Европа и ЕУ издадоа „правилник“(резолуции) за демонтирање на комунизмот, комунистичкото право и ред, со помош на тој „правилник“ и со повеќе мои оригинални решенија, изнајдов начин за отстранување на комунистичкото право.
Постапката оди вака:

  1. Се поднесува изјава до Република Грција за ништавност на Привремената согласност и се известува Меѓународниот суд на правдата за тоа.

    Доколку во рок од 12 месеци Република Грција не одговори, се вложува жалба против Република Грција пред Меѓународниот суд на правдата.

  2. Правото се издига на највисокото место(Аристотел, „Никомахова етика“) и на власт се поставуваат луѓе како проф.д-р Татјана Петрушевска и проф.д-р Гордана Силјановска.

    На адвокатите им се дава она место што го имаат во Словенија и се ослободуваат од обврската, да бидат измеќари на комунистите.

  3. Се донесува закон за прогласување на бившиот комунистички режим за злосторнички, користејќи го чешкото искуство и закон.
  4. Се спроведува лустрација на налогодавците(раководители на комунистичката партија и на нејзините сателити како ССРНМ) и на припадниците на тајната комунистичка полиција.
  5. Се врши генерален реизбор на судиите и изборот на судиите се враќа во парламентот. Првиот избор ќе биде со ограничен мандат. По истекот на мандатот, судиите можат повторно да конкурираат и доколку повторно бидат избрани, тогаш добиваат траен мандат.
  6. Се носи закон за Уставниот суд, со кој што ќе го укине неуставниот Деловник на Уставниот суд и се воведува постоење на правен интерес, како услов за поднесување иницијатива против некој закон.
  7. Се воведува ново правно средство(уставна жалба), по примерот на Словенија.

    По завршување на постапката пред редовните судови, врз основа на новото правно средство, Уставниот суд ќе одлучува дали нападнатата судска одлука(или одлуки) повредиле посочено човеково право од ЕКЧП, или пак посочено уставно право.

    За ова цел ќе биде побаран од ЕУ „твининг“ со правници од Словенија како проф.д-р Грегор Вирант и проф.д-р Ловро Штурм.

  8. Се овозможува национално помирување со обештетување на жртвите на комунизмот и се формира Центар за документација по примерот на Словенија и Литванија, кој што ќе може врз основа на најдените докази, да поднесува кривични пријави против сторители на злосторства во комунизмот.
  9. Се укинува Академијата за судии и ибвинители(инкубатор за комунистички судии) и разните испити за нотари, извршители, медијатори и стечајни управници и на правосудниот испит му се враќа вистинското значење, како што е  во Словенија.
  10. Се укинува Вишиот управен суд, кој што не постои во Европа.
  •