Тужба за заменето исполнување (член 297 од ЗОО)

Обврската престанува, доколку доверителот во договор со должникот прими нешто друго, наместо она што тој му го должи. Во тој случај должникот е одговорен како продавач, за стварни и правни недостатоци на предметот, кој што го дал наместо оној што го должел врз основа на договорот. Меѓутоа, доверителот може да бара од должникот, наместо барањата што произлегуваат од одговорноста за стварни и правни недостатоци, должникот да ја исполни првобитно договорената обврска и штета. Но, ова не може да го бара од гарантот.

Превземете овде Word верзија од Тужбата за заменето исполнување.

  •