Обработувајте ја градината Македонија

„Голем дел од здравјето е желбата за здравје (Шпанска).”[1]

Сите желби кои што не предизвикуваат болка, доколку ги оставиме неостварени, не спаѓаат во она што е неопходно потребно и лесно е да се ослободиш од желба, доколку е тешко да се прибави таа посакувана ствар.[2]

Оваа максима помага во време на светска епидемија од корона вирус. Им помага на оние што се незаразени од корона вирус, а мора да се откажат од секојдневниот живот што го воделе досега.

Уште повеќе помага, доколку се обработува градината, што скоро секој ја има, или лесно може да дојде до неа.  Градината, нека ја обработува со своите деца. Работата во градината одбива три зла: бедата, порокот и досадата.[3]

Во новонастанатите околности заради светската епидемија, секој во Македонија треба да обработува градина со своето семејство. Тие што се вработени помала, тие што се невработени поголема. Така, нема да има глад. Работата во градината, не остава време за пороци, а човек без пороци е добар човек. Добрите луѓе прават добра држава. Работата во градината ја одбива досадата, за која секој нормален човек ќе ви рече дека може да предизвика болка, колку и некоја физичка, или душевна болка.

На овој начин, поголеми се шансите да не се заразите од корона вирус и мерките што ги воведува државата да не ви паднат тешко. Да останете здрави.

„На здравиот секој ден му е празник (Турска).”[4]

Скапо е здравјето, кое што се купува во аптека, а за болни од корона вирус, сеуште нема лек ни во аптека.

Како компетентен за делувањето во кризата на Министерството за правда, за мене е позитивен пример оној претседател на суд од Штип, а негативен пример е министерката д-р Рената Дескоска. Таа ништо не направи.

Зоран Заев, воодушевен од Словенија, на словенечките медиуми пред неколку месеци им изјави, дека од Македонија[5] сака да направи Словенија.

Овој камшикар[6] ги излажа и Словенците дома.

“Здравјето не е пари, па да го земеш на заем (Руска).”[7]

Па сепак, министерката за правда д-р Рената Дескоска, доколку сака да ја реализира идејата на својот шеф Зоран Заев, можеше да ги позајми мерките на Министерката за правосудство и Претседателот на Врховниот суд на Словенија. За здравјето на македонскиот народ.

Во конкретниов случај таа има дополнителен мотив од Македонија да направи Словенија: да го спречи ширењето на корона вирусот преку судовите.

Таа не прави ништо. И несторувањето е инкриминирано дејствие.

Особено, кога го имаме позитивниот пример со штипскиот претседател на суд.

Ја прашувам министерката за правда д-р Рената Дескоска; што мисли да прави со процесните рокови?

Знае ли таа каква правна несигурност предизвикува? Знае ли дека го крши човековото право на владеење на правото?

Наместо министерката за правда, ultra vires одлука број  02-606/1 од 17.03.2020. носи Судскиот совет. Одлука без член од закон за својата надлежност. Овој ненадлежен орган, нема ниту збор во одлукат за процесните рокови. Само список на желби.

Во Законот за судовите има посебна глава за правосудната управа, а во член 82, став 1, експлицитно е наведено дека работите на правосудната управа ги врши Министерството за правда. Министерството комуницира со претседателите на судовите.

Словенечката министерка му предложи на 12.03.2020. година на Претседателот на Врховниот суд на Република Словенија да донесе мерки заради светската епидемија од корона вирус. Врз основа на член 83.а од Законот за судовите, на 13.03.2020. година, Претседателот на Врховниот суд на Република Словенија донесе мерки, кои почнаа да важат на 16.03.2020. година.

Во став четири од одлуката на Претседателот на Врховниот суд на Република Словенија, за процесните рокови тој одреди: „Освен во горенаведените итни работи, за време на траењето на посебните мерки процесните рокови не течат, а исто така не се врачуваат писмена. Доколку писменото било врачено, процесните рокови почнуваат да течат наредниот ден, по престанувањето на важењето на посебните мерки.[8]

 

Посебните мерки ќе важат 60 дена, односно до 16.05.2020. година.

Со посебните мерки, Словенија таксативно одредува само  девет итни случаеви во кои продолжуваат судските постапки. Адвокатите, полномошниците и странките не смеат да влегуваат во судовите, доколку не се дел од таксативно наведените постапки. Комуницирањето со судот е само преку пошта и по телефон.

Дури и во итните, таксативно наведени постапки, доколку адвокатите, полномошниците и странките сакаат да направат увид, или да прибават исправи, мора претходно да се најават во судот. Дури и во итните постапки е ограничено присуството на медиумите. Во судовите ќе може да се влегува само на една влезна точка, заради спречување на заразата. На лицата, кои покажуваат јасни знаци на зараза, ќе им биде спречен влез во судската зграда.  Во врска со одлуката на Претседателот на Врховниот суд на Република Словенија, тој може да одреди и други мерки во врска со организацијата и работењето на судовите.

На министерката за правда д-р Рената Дескоска, многу лошо и оди справувањето со спречување на епидемијата во судовите.

„Кому лошо му оди, за него и луѓето лошо мислат (Германска).”[9]

Министерката д-р Рената Дескоска треба веднаш да си поднесе оставка, како лош министер за правда. Тоа го виде штипскиот претседател на суд и самиот почна да се справува со заканата.

„Некоја камила преминувала река што брзо течела. Но, се искакала и в час, поради брзата струја, ја видела лепешката веднаш пред себе, па рекла: „Што е ова? Она што ми е одзади, го гледам кај напред ми поминува!”

 

Басната прилега за држава во која владеат последните и безумните, место првенците и разумните.”[10]

 


[1] Превел М.П. , RADIĆ, Tomislav, Vox populi : zlatna knjiga poslovica svijeta/2. prošireno izd.-Zagreb : Nakladni zavod Globus, 1995, strani a 381.

[2] Epikur vo: DIOGEN, Laerie, Život i mišljenja istaknutih filozofa-Beograd: Dereta, 2003, stranica 378.

[3] ВОЛТЕР, Кандид или оптимизам-Скопје: Феникс, 2006, страница 112.

[4] Превел М.П. , RADIĆ, Tomislav, Vox populi : zlatna knjiga poslovica svijeta/2. prošireno izd.-Zagreb : Nakladni zavod Globus, 1995, strani a 381.

[5] тој сигурно рекол Северна Македонија.

[6] Нека види како поминуваат камшикарите во книгат на Германецот, Б. Травен, „Бунтот на бесените”, Скопје, Македонска книга : Мисла, 1988.

[7] Превел М.П. , RADIĆ, Tomislav, Vox populi : zlatna knjiga poslovica svijeta/2. prošireno izd.-Zagreb : Nakladni zavod Globus, 1995, strani a 381.

[8] Превел М. П. , став четири, од одлуката на Претседателот на Врховниот суд на Република Словенија, Су 315/2020 од 13.03.2020.

[9] Превел М.П. , RADIĆ, Tomislav, Vox populi : zlatna knjiga poslovica svijeta/2. prošireno izd.-Zagreb : Nakladni zavod Globus, 1995, stranica 185.

[10] АЈСОП, Басни-Скопје : ТРИ, 2008, страница 123.

  •