Д-р Мицковски ми ги пушти “ќосињата”, што значи дека е “готоф”

“Никој не сака човек, од кого што се плаши (Данска).[1]

На последната колумна, кога докажав дека д-р Мицковски повторно лаже, тој ми ги пушти “ќосињата” за да ме застраши.

“Не оној што луто гледа, туку оној што гледа паметно, тој изгледа страшен и опасен-како што човековиот мозок е пострашно оружје отколку канџите на лавот.”[2]

“Ќосињата” се доказ дека интелектуално пред мене капитулирал. Не можат да му помогнат ни “трите невести” и “клисарот” на д-р Фрчковски.

Значи, покрај што призна дека интелектуално е инфериорен во однос на мене, тој стана омразен кај многу Македонци, бидејќи застрашува.

Д-р Груевски ги пушти “ќосињата” непосредно пред својот пад. Штом д-р Мицковски ги пушти “ќосињата” и тој е “готоф”.

“Се се одигра како кога човек за да обезбеди добра состојба на дишниот и пробавниот систем, пред огледало почнува себеси да си го сече вратот со брич.”[3]

Така македонскиот народ под водство на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, за да влезе во ЕУ и НАТО, почна да си го сече вратот.

Но, моето правно средство од докторатот може ова да го спречи, доколку на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ македонскиот народ им го одземе бричот, така што ќе се определи за Партија на македонскиот народ, која ќе го употреби моето правно средство.

И сега, “ќосињата” на ВМРО ДПМНЕ мене ме обвинуваат за предавство.

“Во царството на неправдата, мажот го обвинуваат за прељуба со сопствената жена (Индијска).”[4]

ВМРО ДПМНЕ која лажно се претставуваше за партија што го штити македонскиот народ, направи двојна неправда.[5]

Двојната неправда е најгнасна. Индигнацијата на независните сведоци расте со големината на неправдата, а кај двојната неправда го достигнува најголемиот степен. Од ова најгрозно злодело, дури и боговите го одвраќаат својот поглед.[6]

“Оваа двојна неправедност се случува кога некој решително презел обврска да штити некого во одреден однос, следствено на тоа и самото неисполнување на таа обврска веќе е повредување на другиот, т.е. неправда; меѓутоа тој другиот згора на тоа, токму таму каде што би требало да го брани, самиот го напаѓа и повредува. Ова е, на пример, случај кога нарачаниот стражар или телохранител ќе стане убиец, доверливиот чувар ќе стане крадец, кога старателот ќе му ја одземе сопственоста на штитеникот, адвокатот ќе ја подржува спротивната страна, кога судијата ќе се подмити, запрашаниот за совет намерно ќе му даде погубен совет на оној што прашува: сето тоа заедно ќе се подразбере под поимот предавство, што е најодвратното на светот. Според тоа Данте предавниците ги сместува на дното на пеколот, каде што се наоѓа и самиот сатана.”[7]

Во конкретниов случај ВМРО ДПМНЕ го предаде македонскиот народ. Неговите членови лажеа дека се единствени заштитници на името (право на самоопределување). Особено тоа го правеа во емисии на новинарот Миленко Неделковски.

“Во секој пук и секоја чета има луѓе со нееднакви вредности. Свесните луѓе способни за пожртвување претставуваат малцинство. На другиот крај, постои незнатно малцинство расипани луѓе, полтрони или свесни непријатели. Помеѓу двете малцинства се наоѓа бројната средина на несигурни и колебливи. Неуспехот се случува кога најдобрите стрепат за својата кожа…”[8]

Во ВМРО ДПМНЕ и СДСМ е она расипано малцинство, полтрони, или свесни непријатели. Тоа расипано малцинство во двете партии брои околу илјада луѓе. Крајно време е најдобрите да престанат да стрепат за својот живот и да ги отстранат расипаните, зашто бричот е на македонскиот врат.

Прво треба да се отстрани ВМРО ДПМНЕ заради двојната неправда. Сега, кога веќе д-р Фрчковски им кажа на СДСМ дека на изборите ќе претрпат катастрофа, македонскиот народ да не дозволи ВМРО ДПМНЕ повторно да го предаде и да гласа за него.

Значи, се создаваат идеални услови најдобрите од македонскиот народ на изборите да им се даде можност да ги поведат, да го употребат моето правно средство од докторатот и како слободни луѓе, да си го сочуваме правото на самоопределување, кое што е норма ius cogens.

Притоа, игнорирајте ја лагата на д-р Фрчковски, односно поимот “граѓани”.

Тој не знае и не може да знае, бидејќи е некомпетентен за меѓународно право. Тој дури не е ни доктор по меѓународно право. Тој е доктор по социологија и новинарство.

Словенците, каде што д-р Фрчковски докторирал, Обединети нации ги преведуваат како Здружени народи. Исто и Хрватите.

Значи, прво треба македонската правна наука, да ја отстрани од правните факултети оваа лага, за да се знае дека во Организацијата на здружените народи прима народи, а не граѓани. И со историскиот метод на толкување се доаѓа до истиот заклучок; претходникот на Организацијата на здружените народи се викаше друштво на народите.

Најкраткиот начин да им се одземе бричот на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, кој почнал да го сече македонскиот врат е најдобрите Македонци да победат на избори против ВМРО ДПМНЕ, зашто како што правилно заклучи д-р Фрчковски, СДСМ ќе доживее катастрофа. ВМРО ДПМНЕ по поразот ќе се распадне, а најдобрите Македонци што ќе формираат влада, веднаш да го применат моето правно средство од докторатот против Грција. Втор чекор да биде прогласување на комунистичкиот режим за злосторнички. После ова, ниеден нормален не ќе се декларира за член и симпатизер на СДСМ, кој е правен сукцесор на комунистичкиот режим, односно СКМ. Така и ова партија ќе згние. Трет чекор да биде импичмент против сегашниот претседател д-р Стево Пендароски, заради кршење на правото на самоопределување на македонскиот народ. Ова ќе биде многу лесно, бидејќи последниот претседател на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов до посдледниот ден од својот мандат не го прекрши правото на самоопределување.

И уште едно предупредување за македонскиот народ кога се во прашање оние околу илјада расипани од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ: “Значи, кој мисли дека во светот ѓаволите никогаш не одат без рогови, а будалите без прапорци, секогаш ќе биде нивни плен и нивна играчка.”[9]

 


[1] Превел М.П. , RADIĆ, Tomislav, Vox populi : zlatna knjiga poslovica svijeta/2.prošireno izd.-Zagreb : Nakladni zavod Globus, 1995, stranica 313.

[2] ШОПЕНХАУЕР, Артур, Paraneze i maksime-Nova Pazova : Bonart, 2001, stranica 87.

[3] Превел М.П. , ТРОЦКИ, Лав, Moj život-Niš, Gradina, 1990-II tom, stranica 333.

[4] Превел М.П. , RADIĆ, Tomislav, Vox populi : zlatna knjiga poslovica svijeta/2.prošireno izd.-Zagreb : Nakladni zavod Globus, 1995, stranica 180.

[5] ШОПЕНХАУЕР, Артур, Етика-Скопје : Култура, 1998, страница 293.

[6] Ибидем.

[7] Ибидем, страница 293-294.

[8] Превел М.П. , ТРОЦКИ, Лав, Moj život-Niš, Gradina, 1990-II tom, stranica 148.

[9] Превел М.П. , ШОПЕНХАУЕР, Артур, Paraneze i maksime-Nova Pazova : Bonart, 2001, stranica 62.

  •