Јас, комунистка
(втор дел)

До неодамна имаше таа многу поубав трик „Фати го дрвото за корен“, тврдејќи дека името е цена за членство во ЕУ и НАТО, ама откако ја фати дијаспората на дело со „прекарот“ за Македонија, го напушти ова тврдење.

Дека СДСМ и Велиновска играат за иста цел(болеста комунизам), говори и трикот лажна дилема(англиски false dilemma). Описот на овој трик изгледа вака:две можности прикажуваме како единствени кои што можеме да ги избереме, иако во стварност ги има повеќе. Пример може да биде:или си со мене, или си против мене. Варијанта од ова дилема е она што го пласира СДСМ:„Или ќе станеме членка на ЕУ и НАТО, или ќе пропаднеме. “Ова лажна дилема, многу лесно ја побива Велиновска со својот текст, бидејќи и ЕУ и НАТО имаат многу проблеми, а Велиновска ги слика со хиперболи. Освен тоа, постои и трета можност.

Но, доколку се постави дилема:или членство во ЕУ и НАТО, или застој во демократизацијата на Македонија, тогаш Велиновска има проблем да ја уништи ова вистинска дилема.

Мене, не може да ми се префрли дека околу 70% од граѓаните не сакаат влез во ЕУ и НАТО со променето име, бидејќи и самиот спаѓам во нив. Од друга страна, покрај Јанев сум втор што направил правен силогизам како Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО без да го промени името. Но, Владата и Велиновска, не сакаат да го применат. Повеќе сакаат да кукаат, особено Велиновска.

Меѓутоа и за кукањето има лек:

„Во стварност, ние долго кукаме или се жалиме, само тогаш, кога ќе се понадеваме дека со тоа ќе делуваме на други, или самите себе ќе се поттикнуваме на невиден напор.Но и децата и возрасните добро знаат како да се задоволат, штом јасно ќе увидат дека стварите се онакви, какви што се…(Шопенхауер, „Светот како волја и претстав“, прв том).“

На ова голема премиса, одлично одговара однесувањето на Владата. Како што фатени слонови, со денови се борат и беснеат, се додека не увидат дека тоа не води кон ништо и тогаш наеднаш спокојно го подметнуваат вратот, така и Владата по Букурешт беснееше и вложи тужба за исполнување на Привремената согласност, а сега, кога виде дека тоа беснеење со тужбата никаде не води, кротко ја подава главата за „прекарот“ што го подготвува Велиновска.

Уште не е  доцна. Наместо слоновско беснеење, она што го предложив во колумната „Последна шанса за одбрана на името“.

Невозможно е да не се сеќавате на Јуруј Густинчич. Беше, според многумина, најдобриот новинар во СФРЈ. Беше допсиник од Лондон и Њујорк, а пишуваше и за најугледниот неделник НИН. Ортодоксен комунист, како и Велиновска, но Велиновска не му беше ни до колена. Татко му на Голи оток, брат му излегува од партија уште за време на СФРЈ, но тој и денес  си е комунист. Годинава наполни деведесет години, но уште работи за телевизија Словенија и пишува колумни за најпродаваниот неделник во Словенија.

Дури и овој најпознат комунистички новинар во својата колумна „Јас, комунист“, за комунизмот говори само во минато време. Најдалеку оди со изјавата дека не треба да се срамат бившите комунисти. Но, признава дека сите се срамат во Словенија.

Кога би знаел македонски, не само што би се утешил со текстовите на Велиновска, туку би помислил дека овој вампир(комунизмот) има свој замок во Македонија и редовно им ја пие крвта на Македонците.

Толку се сожалив на следното ламентирање над комунизмот на Густинчич, што помислив да му преведам неколку текстови на Велиновска, со број на кликнувања, како и со позитивни коментари:

„Навистина, откако ја нема `партијата`, се чини како никогаш да ја немало. Бројни нејзини, некогаш активни членови одат наоколу како идеолошки свежо бојадисани месечари. Луѓе без минато. Или пак, за тоа минато зборуваат таинствено.

Партија?Во неа, во најдобар случај залутале. Не, не биле долго… Кај нас има  дури и странка за која што други мораат да кажат, дека е наследничка на партијата. Сама тоа никогаш не го вели(http://www.mladina.si/tednik/200238/clanek/jurij38/, превел М.П.).“

Но, Густинчич не би бил најголем, доколку и денес не отиде чекор пред сите. Тој за разлика од Велиновска, која што го довикува вампирот(комунизмот), тврди дека тој успешно се размножил. Не, туку дека:„Европа, едноставно е преполна со бивши комунисти, кои што енергично и надарено го длабат патот за глобалниот капитализам и тука и таму, јавноста весело ја потсетуваат, дека глобализмот во стварност прв го опишал Маркс во Комунистичкиот манифест(истата колумна, горната референца).“

Од цитатот на најголемиот комунистички новинар во СФРЈ произлегува дека Велиновска многу назадувала, или поточно останала во минатото. Според комунистот Густинчич;глобализмот е на Маркас, а ЕУ ја водат комунисти.

И?Што правиме сега госпоѓо Велиновска. Вие тврдите дека Западот е гнил и кај и да е ќе даде душа, а најголемиот комунистички новинар вели дека глобализмот бил марксизам и дека Западот е цврсто в седло, затоа што го водат комунисти.

Меѓутоа, не е само Западот, не е само името, не е само обрзованието, не е само економијата. Велиновска знае се и пишува за се и доколку ги читате само нејзините текстови, добивате впечаток, дека таа ја води државата.

„По стрмен, каменлив и нерамен пат
шест коњи в горештина, ко секојпат
ја влечеа поштенската кола по нагорнината.
Слегоа сите:мажи, жени и попот здрав,
зашто крцкаа тркалата покриени со прав.
И долета една мува во горештината
и со брмчење почна тие коњи добри
да ги апе, мислејќи дека ги бодри
и дека таа тркалата ги движи,
кацна врз носот на коларот полн со грижи;
и кога колата не запре,
а патниците си врвеа напред,
мувата на себе си ја припиша таа слава.
Скока ваму, скока таму, фрчи, прета,
како сержантот кој во бојот лета,
борците ги сили, за победа да дадат и глава.
Но, во општата несреќа, во таа драма,
мувата се жали дека дејствува сама,
дека на коњите не им помага никој,
попот, глеј, во требник чита стихој,
а една дама пее со весел глас,
божем за песни е време во тој тежок час!
Тогаш и таа својот глас го дигна
и во ушите на патниците почна да дува.
И кога по многу труд колата на врвот стигна:
`Да здивнеме најпосле-рече гордата мува-
со мака ја дотерав горе вашата спрега,
еј, господа коњи, па платете ми сега.`

Многу луѓе така во трудот наш
се мешаат непоканети и глуви,
но тие здодевни, ко досадни муви,
треба да се тераат секогаш (Лафонтен, „Басни“, Поштенската кола и мувата, Матица македонска, Скопје, 2002).“

Read More

Јас, комунистка
(прв дел)

„Кога болеста е смртна, тогаш смртта е лек (португалска поговорка).“

Русија ја примени ова поговорка за комунизмот и се спаси и денес е повторно голема.

Чешка дури и донесе закон со кој што го прогласи комунизмот за злосторнички и денес е водечка земја од поранешните комунистички земји. Се сеќавате на оној гуру за економија Џефри Сакс?Јанша во Словенечкиот парламент го цитираше, укажувајќи дека Чешка според Сакс оздравела од комунизмот, бидејќи прва направила лустрација и се ослободила од комунизмот.

Read More

Книга за одбрана на Македонија

„Гледај да најдеш наклонетост кај видни луѓе. Слабичкото `да` на еден одличен човек, мора да се уважува повеќе, отколку целосното одобрување на масата. Бидејќи, од мудриот говори умереност, па поради тоа нивната пофалба ни носи неисцрпно задоволство… Платон го нарекуваше Аристотел цела своја школа(Valtazar Gracijan, “Vrelo mudrosti, ili pravila za život,Ušće, Beograd, 1997, превел М.П.).“

Моите ставови за спорот со Грција арогантно и безочно беа нападнати од повеќе професори. Нападите ги одбив, бидејќи сите беа ad hominem.

Во вистински момент ја добив наклонетоста за моите ставови на најкомпетентниот стручњак по меѓународно право во Македонија, на проф.д-р Татјана Петрушевска од УКИМ.

Ја имав и таа чест таа да биде претседател на комисијата пред која што магистрирав.

Read More

Грчка лажга

„Има маскирани лажги што претставуваат толку убава вистина што човек би испаднал глупав кога не би се фатил на нив“ (Франсоа Ларошфуко, „Максими“).

Таква е грчката лажга со кршење на Привремената согласност, со блокирање на нашата интеграција во НАТО и во ЕУ. Како што грешат жените што сакаат да имаат деца, кога повеќе се интересираат за деца, отколку за мажи, така и Македонија греши кога повеќе се интересира за НАТО и за ЕУ, отколку за меѓународното иус цогенс.

Read More

Што е паметно во спорот со Грција

Учената глава зборува и по смртта (германска поговорка).

Особено Аристотел:
„Најдобар човек е оној што сам знае да просуди;
Вреден е и оној што збор ќе послуша добар.
А кој не мисли ниту сам, ниту во душата прима
Она што другите го говорат, тој е невреден човек“ („Никомахова етика“).

„Адвокатите“ на левицата и на десницата ниту самите знаат да просудат, ниту, пак, го слушаат оној што добро просудил. Тие се невредни луѓе. „Адвокатите“ на левицата и на десницата, сите се комунисти. Вака им се потсмева Едо Равникар („УДБОМАФИЈА“, Љубљана, 1994 г.): „Погледнете нé, до газ длабоко во струка, пребројте ги нашите магистри и доктори“. Тука не влегуваат оние млади луѓе, зашто, според Аристотел, човек е способен за етика, право и политика дури по четириесеттата година. Интелектуалниот зенит, пак, го достигнува во четириесет и деветтата година („Реторика“). Ова десницата ја прави во голема мера некомпетентна. Кој не знае дека секоја диктатура темели на негативна селекција на кадри? Ова е најпотенцирано во комунизмот, како најстрашна диктатура. Доколку десницата не е способна да процени дека тие ништо не знаат, како ќе процени дека решението за спорот со Грција што го нудат тие е добро? За ова второво треба многу повеќе памет. Има двајца луѓе што досега направиле правен силогизам за спорот со Грција. Врз првиот, се чини, успешно е спроведен остракизам, а врз вториот неупешно.

Read More

Нужна одбрана

„Доколку неспособноста да се браниме со тело би била срамота, бесмислено би било кога за срамота не би се сметала неспособноста да се браниме со говор, чиешто користење и е посвојствено на човековата природа, отколку користењето со телото“ (Аристотел, „Реторика“)

Најнапред дисквалификација, па потоа ликвидација. Ова е начинот на дејствување на „комунистот“. Особено на „комунистот“ од стар ков.

Меѓутоа, како дел од десната влада, тој ја застапува Македонија пред Европскиот суд за човекови права.
Дека овој начин на дејствување е доминантен и денес кај комунистите, обвини десницата во Словенија. Така и Јанез Јанша: „Сé тече во контекст на Кучановата изјава, која ја изрече на 23 февруари 1994 година на пратеничката вечер на Борут Пахор во Нова Горица. Тоа е најнапред дисквалификација, а потоа ликвидација, доколку е потребна, дури и физичка („Младина“ од 5.3.2010 г., најпродаван словенечки неделник, близок до левицата)“.

Read More

Дилема

Не бев поштеден ниту јас, па меѓу редови, беше поставена дилема; тужбата што ја поднесе власта и тужбата што ја предлага Попески е дилема. Според Речникот на словенечкиот книжевен јазик, дилема е ситуација кога треба да се одлучи помеѓу две дадени можности. Од логички аспект, дилемата е посредно условно заклучување. Бидејќи ниеден коментатор не направи контрасилогизам на ниеден од моите правни силогизми, оценив дека поставената дилема е најсилен напад на фељтонот.

Read More