Македонија не ја загуби војната
(трет дел)

Г.Р.Бериџ(DIPLOMACY-THEORY AND PRACTICE, Palgrave Macmillan, Bsingstoke, Hanpshire, 2005) уште од фазите на припрема на преговорите знае кој е победник, а Ванквска и десет години по војната тврди дека Македонија загубила.

Бериџ уште од фазата „согласност за преговори“ заклучува кој е победникот. Од фактот кој бара преговори заклучува кој е победник. Било која страна, со која што се поврзува сомневање дека е во послаба позиција, може да поверува дека е потребно токму во тој момент да ја подигне температурата во конфликтот, едновремено испраќајќо сигнали за преговори. Третите страни(во нашиот случај олеснувачите), наместо да покажат гестови на добра волја, можат да го зглемат притисокот со цел зачувување равнотежа, или пак, од домашните заговорници на тврда линија. Освен тоа, доколку моќните трети страни, сами се наметнат како посредници (како што беше во Македонија 2001 година), тие ќе бидат способни сами да создадат ситуација на ќорсокак, на пример преку „канализирање“ на доставување на вооружување на завојуваните ривали. Во јавност и во некои медиуми, можеше да се сретне дека македонските безбедносни сили добиле одреден рок за Арачиново. Доколку во тој рок моќните трети страни прават се Арачиново да не падне, ете ви ќорсокак.

Read More

Македонија не ја загуби војната
(втор дел)

Сега гледате, како убаво се вклопи моето инсистирање на правото на самоопределување во спорот со Грција и во војната од 2001. Па што мисли Ванковска; зарем ние доколку ја изгубевме војната 2001, денес ќе се викавме Македонци?

За полесно да се сфати зошто и покрај поразот на ОНА, Албанците добија „Рамковен“ договор, претходно треба да се познава меѓународното право и фактот дека ЕУ го напушти концептот на национална безбедност и го преферира концептот на меѓународна безбедност.

Пред да направам правен силогизам дека „Рамковниот“ не е пораз, туку примена на меѓународното право, треба да се признае дека во комунистичка Југославија, а подоцна самостојна комунистичка Македонија, системски се кршеа човековите права во Македонија. Како и во Југославија порано и во самостојна комунистичка Македонија (и денес е комунистичка), некои „поштени Албанци“ служеа за декор дека не им се прекршуваат човековите права. Албанците не ги интересираше дека и најголемиот дел од Македонците се жртви на комунизмот. Тие сакаа огромен дел од Македонија и своја држава, а по воениот пораз, се задоволија со човекови права.

Read More

Македонија не ја загуби војната
(прв дел)

„Потешко е да се поднесува победата, отколку поразот(германска поговорка).“

Со професорката Билјана Ванковска, потешко е да се поднесе победата од 2001. Ванкоска десет години повторува дека Македонија загубила 2001 година (на пример во нејзината колумна „Епитаф“, објавена во „Нова македонија“ и во колумната „Леб и игри“, исто така објавена во „Нова Македонија“).

Бидејќи е експерт за војна и мир (народот им верува на стручњаците), се создаде впечаток дека тоа е вистина.

Додуше, нејзината колешка Мирјана Најческа многу вулгарно се изрази за нејзиниот интелект и јас нема да го повторам тоа, бидејќи е аргументација ad hominem и нема никаква вредност. Тоа повеќе говори за интелектот на Најческа(http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=94DFD54AD7858542A0B3C624955C7A81).

Познавам случај, кога Европакиот суд за човекови права не му дал заштита на политичар, иако бил наречен идиот, но неговите ставови биле идиотски, а судот немал друг начин да им порача на Европјаните дека меѓу политичарите има идиоти, чии што ставови не можат да се објаснат со друг збор.

Бидејќи знаеме дека и кај нас ги има во не мал број, ја разбираме одлуката на судот.

Но, просто е неверојатно, еден универзитетски професор да западне во ваква заблуда. Јас ќе се обидам да ја побијам нејзината невистина аргументирајќи ad rem. Со правен силогизам.

На здравата памет и е јасно дека ова е голема невистина.

Се додека оваа невистина на Ваковска не се побие аргументирано, таа кај Македонците предизвикува и ќе предизвикува негативни чувства, отпор и желба за одмазда. Владата и сите учесници се оградуваат, што говори во прилог на тоа дека Ванковска успеала да ги придобие за своето тврдење.

Да видиме што велат фактите.

Генералот Стојанче Ангелов изјавува дека македонските безбедносни сили не загубиле ниедна битка. Ниеден генерал не му противречи. Ако е така, за каков пораз зборува Ванковска?

Противниците на Македонија, борците на ОНА не беа ни дел од потписниците на договорот со кој што се завршија воените дејствија. Од овој факт може да се извлече логичен заклучок дека ОНА била поразена.

По завршувањето на војната ОНА го предаде оружјето, како и секоја поразена страна.

По завршувањето на војната борците на ОНА беа амнестирани, како и секоја поразена страна.

Ванковска погрешно заклучува од последиците кон причините и носи невистинит заклучок дека Македонија е поразена заради „Рамковниот договор“ и територијалната поделба.

Причините за војната беа освојување на територии (Тачи тоа јавно го кажа), а заврши со добивање човекови права.

Прв мој постулат е дека „Рамковниот“ му припаѓа на меѓународното право, па затоа Ванковска мерејќи го со погрешни инструменти, добива чудовишно невистинити резултати. „Рамковниот“ е работа на предметот дипломатија, специјалност мултилатерална дипломатија, субспецијалност самитска дипломатија.

Како и сите нови војни и војната во 2001 е последица на глобализацијата, контрадикторен процес, при кој што се работи за интеграција и фрагментација. Новите војни се случуваат при распадот на некоја држава (по распадот на СССР имаше многу такви војни), а потоа се одвиваат вооружени судири за надзор на државата, помеѓу противставените заедници, кои што истовремено сакаат да ја наметнат својата дефиниција за националниот идентитет на државата и нејзиното население. Доколку низ ова призма се гледа војната 2001, етничките Македонци ги одбраниле своите интереси. Така, како што порано со војна се создаваа држави, новите војни се поврзани со распад на држави, а голем дел од притисокот на таквите држави, произлегува од ефектите на глобализацијата на меѓународниот систем(John Baylis, Steve Smith and Patricia Owens, “The Globalization of World Politics”, Oxford Univesity Press, 2008).

Страните што војуваат во новите војни се најмногу осредоточени на идентитетот (Македонија не е никаков исклучок, ниту е тоа неразумно, како што некои во земјава сакаат да го претстават тоа со разни еристички трикови), што е резултат на притисокот, што го создава глобализацијата. Во постмодерниот свет се срушија традиционалните поделби на класи и идеологии, а поголем е акцентот на идентитетот и културата. Доколку војната е продолжение на политиката, тогаш се повеќе ја жнеат идентитетот и културата. Главни извори на војната по 1990 година се барањата на различни заедници за самоопределување, односно идентитетот во тој контекст (претходната на референца на Оксфорд).

Продолжува…

Read More

Привремената согласност не може да се раскине

„Од криво дрво нема прав стап(германска поговорка).“

Од ништавната Привремена согласност не можете да направите разумен компромис.

Изминува втората година откако во една колумна во „Нова Македонија“ го цитирав Шопенхауер: „Ниедна вистина не треба да се плаши од друга. Измамата и заблудата, напротив  мораат да се плашат од секоја вистина(„Светот како волја и претстава“).“

Охрабрен што ни по толку време никој не ја оспори вистината што тогаш ја соопштив, денсе сакам да ви соопштам друга вистина.

Read More

Референдум против референдумот

„Тешко е да се оцени дали една чиста, отворена и чесна постапка е резултат на лукавство или на чесност(Франсоа Ларошфуко, „Максими“).“

Тешко е да се оцени дали е лукавство или чесност, постапката на „адвокатите“ на СДСМ да оди на реферндум за името. Толку тешко, што човек има право да заклучи дека СДСМ дава допринос кон народната слога, најважната доблест(Аристотел.„Никомахова етика“).

Значи, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ постигнаа народна слога да одат на референдум за името.

Read More

Последна шанса за одбрана на името

„Вистината и непретварањето полесно во светот би го освојувале просторот, доколку оние-кои што се неспособни да ги произведат-не би направиле заговор против нивното појавување (Шопенхауер, „Светот како волја и претстава“).“

Така е и во Македонија во спорот со Грција. Тие што сега и нудат знаење на Владата, направиле заговор, да не се појават оние што имаат знаење. Овој заговор влечи корени од комунизмот, како синоним за негативна селекција на кадри.

Потребно е да се направи разлика помеѓу поимот знаење и паметност. „Значи, знаењето е можност за докажување; кон ова определување спаѓа и се што за тоа кажавме во делото Аналитика (Аристотел, „Никомахова етика“).“

Значи, правниците што и даваат знаење на Владата се должни да направат правен силогизам (доказ).

Read More

Европската Унија и Македонија

„Големото име знае да ги понижи наместо да ги воздигне оние што не знаат да го одржуваат“ (Франсоа Ларошфуко, „Максими“)

Името Македонија почна да ја понижува ЕУ. Нејзините заблуди и трикови предизвикуваат неправда, која е мерлива. Шопенхауер („Етика“) ја дава формулата: „…големината на неправедноста на мојата постапка е еднаква со големината на злото што преку тоа ќе му го нанесам на друг, поделена со големината на користа што јас самиот преку тоа ќе ја добијам…“.

Големината на злото е позната. Кршење на основното колективно човеково право, правото на самоопределување од член 1, став 2 на Повелбата, како општо меѓународно право – ius cogens.

Read More