Последна шанса за одбрана на името

„Вистината и непретварањето полесно во светот би го освојувале просторот, доколку оние-кои што се неспособни да ги произведат-не би направиле заговор против нивното појавување (Шопенхауер, „Светот како волја и претстава“).“

Така е и во Македонија во спорот со Грција. Тие што сега и нудат знаење на Владата, направиле заговор, да не се појават оние што имаат знаење. Овој заговор влечи корени од комунизмот, како синоним за негативна селекција на кадри.

Потребно е да се направи разлика помеѓу поимот знаење и паметност. „Значи, знаењето е можност за докажување; кон ова определување спаѓа и се што за тоа кажавме во делото Аналитика (Аристотел, „Никомахова етика“).“

Значи, правниците што и даваат знаење на Владата се должни да направат правен силогизам (доказ).

Read More

Европската Унија и Македонија

„Големото име знае да ги понижи наместо да ги воздигне оние што не знаат да го одржуваат“ (Франсоа Ларошфуко, „Максими“)

Името Македонија почна да ја понижува ЕУ. Нејзините заблуди и трикови предизвикуваат неправда, која е мерлива. Шопенхауер („Етика“) ја дава формулата: „…големината на неправедноста на мојата постапка е еднаква со големината на злото што преку тоа ќе му го нанесам на друг, поделена со големината на користа што јас самиот преку тоа ќе ја добијам…“.

Големината на злото е позната. Кршење на основното колективно човеково право, правото на самоопределување од член 1, став 2 на Повелбата, како општо меѓународно право – ius cogens.

Read More

Заблуди во спорот со Грција

Заблуда е дека Европската Унија е виновна што ние преговараме за името. Со начелото за обврзно право, кое не може да го прекрши ниту една држава, докажувам дека не ни е крива ЕУ, туку ние, бидејќи и покрај ништавноста на Привремената спогодба, разговараме со Грција. Дури бараме и нејзино исполнување, што значи ние сакаме да си го смениме името.

„Ниедна заблуда не е толку голема за да не најде свои приврзаници“(германска поговорка).

Заблудата „привремено име“ најде свои приврзаници меѓу комунистите, а некои од нив навистина предлагаат промена на името. На овој степен, Глигоров рече не, Црвенковски и Фрчкоски се амбивалентни, а најгласни се Андов и Петковски.

Во критичен момент кога се чинеше дека оваа заблуда може да преовладува, се појави нова, наречена „идентитет“. Најмногу заслуги за неа има Велиновска. Оваа заблуда беше многу корисна за да се даде силен отпор на претходната и таа да се напушти. Хомонимното значење на поимот „идентитет“ е една од причините за појава на новата заблуда. Кога јас го употребував поимот „идентитет“, најчесто и го појаснував (идентитет=име, идентитет=прв закон на мислењето, идентитет=културно колективно човеково право како иус цогенс).

„Повеќе пријатели има старата заблуда отколку новата вистина“ (германска поговорка).

Кон крајот на април и почетокот на мај 2010 „Нова Македонија“ ја објави мојата „Стратегија за зачувување на името“. Во неа е направен правен силогизам во корист на Македонија. Мојата вистина се вика иус цогенс. Меѓутоа, мојата нова вистина има малку пријатели во однос на старата заблуда на Велиновска.
Еррор, цуи нон ресиститур, аппробатур (заблудата на која не и се спротивставуваме ја одобруваме). Бидејќи Македонија докажала пред светот дека е свесна за заблудата „идентитет“, „…а ништо не прави и не бара поништување на правната работа, се смета дека се согласува со настанатите правни последици. Имено, се смета дека тукуречи молчешкум ја одобрила својата изјава дадена во заблуда и ги прифатила правните дејства, кои настанале заради неа“ (проф. д-р Јанез Крањц, „Латински правни изреки“, Љубљана, 2000).

Значи, иако медиумот „Нова Македонија“ како четврта власт правовремено ја разобличил заблудата „идентитет“, која стана државна политика на десната влада, таа ја признава како валидна ништавната Привремена согласност. А разликата помеѓу заблудата „идентитет“ и вистината иус цогенс е како да чекате непријателот што доаѓа од исток да влезе во Македонија, наместо да го нападнете во Турција. Во Македонија ќе има многу силувани жени, убиени деца, а во Турција само загинати македонски јунаци и победа.

Во спорот со Грција најсилен доказ дека заблудата „идентитет“ ќе биде поразена е „Република Македонија (Скопје)“. Кој не знае дека и левицата и десницата се согласија во Букурешт да го прифатат ваквиот предлог? Меѓутоа, малкумина знаат дека Аристотел („Органон“) вели дека доколку додадениот дел само акцидентално и припаѓа на стварта, тогаш не е променет идентитетот. Тој го дава примерот со еден човек што седи, а ние не знаеме како се вика и велиме некој да го повика оној што седи. Тој само акцидентално седи и не е уништен неговиот идентитет. Така и Скопје, само акцидентално и припаѓа на Македонија како главен град. Во минатото имало и други главни градови на Македонија. Врз основа на заблудата „идентитет“ сте дозволиле да преговарате за идентитетот и ви нашле чаре, соодветно за вашата заблуда.

Има уште. „Горна Македонија“, од логички аспект, е уште подобар одговор за заблудата „идентитет“: „Доколку се случи она што е дадено во дефиницијата да и припаѓа на сегашноста, или минатото, додека она што има име не и припаѓа, тогаш нема идентитет“ (Аристотел, „Органон“). Приговорот на Аристотел, Грција го одби со „Горна Македонија“. Горна Македонија ја спомнува таткото на историјата Херодот (на страница 535 и 634 од словенечкиот превод: „Херодот из Халикарнаса“, „Згодбе“, Љубљана, 2006), со што најголемиот ум Аристотел е испочитуван. Значи, само новата вистина не дозволува да се преговара за правото на самоопределување.

„Некоја заблуда во која привидот му е очигледен и на здравиот разум (сенсус цоммунис) се нарекува некаква невкусност или бесмислица… Најнапред мора да му се предочи тој привид. Доколку сепак остане на тоа, тогаш тој се разбира дека е невкусен, но со него ништо повеќе не може да се направи. Тој со тоа се направил и неспособен и недостоен за секакво понатамошно упатување на прав пат и побивање на неговите причини“ (Кант, „Логика“).

Во борбата за ова најважно прашање за Македонија, сметам дека барем медиумите треба да се воздржат од потенцирање на словенството или потенцирање на македонството.
„Некој просед маж имал две љубовници, една млада и една постара. Онаа што била во поодминати години, срамејќи се што се дружи со помлад од себе, секогаш кога овој ќе дојдел кај неа, му ги скубела црните влакна. На помладата, пак, и било незгодно што има старче за љубовник, па му ги кинела седите. И така се случило овој, скубен од обете, да стане ќелав“ (Езоп, „Басни“).

Објавено во Нова Македонија на 11 февруари 2011

Read More

Грчка лажга

„Има маскирани лажги што претставуваат толку убава вистина што човек би испаднал глупав кога не би се фатил на нив“ (Франсоа Ларошфуко, „Максими“).

Таква е грчката лажга со кршење на Привремената согласност, со блокирање на нашата интеграција во НАТО и во ЕУ. Како што грешат жените што сакаат да имаат деца, кога повеќе се интересираат за деца, отколку за мажи, така и Македонија греши кога повеќе се интересира за НАТО и за ЕУ, отколку за меѓународното иус цогенс.

Read More

Што е паметно во спорот со Грција

Учената глава зборува и по смртта (германска поговорка).

Особено Аристотел:
„Најдобар човек е оној што сам знае да просуди;
Вреден е и оној што збор ќе послуша добар.
А кој не мисли ниту сам, ниту во душата прима
Она што другите го говорат, тој е невреден човек“ („Никомахова етика“).

„Адвокатите“ на левицата и на десницата ниту самите знаат да просудат, ниту, пак, го слушаат оној што добро просудил. Тие се невредни луѓе. „Адвокатите“ на левицата и на десницата, сите се комунисти. Вака им се потсмева Едо Равникар („УДБОМАФИЈА“, Љубљана, 1994 г.): „Погледнете нé, до газ длабоко во струка, пребројте ги нашите магистри и доктори“. Тука не влегуваат оние млади луѓе, зашто, според Аристотел, човек е способен за етика, право и политика дури по четириесеттата година. Интелектуалниот зенит, пак, го достигнува во четириесет и деветтата година („Реторика“). Ова десницата ја прави во голема мера некомпетентна. Кој не знае дека секоја диктатура темели на негативна селекција на кадри? Ова е најпотенцирано во комунизмот, како најстрашна диктатура. Доколку десницата не е способна да процени дека тие ништо не знаат, како ќе процени дека решението за спорот со Грција што го нудат тие е добро? За ова второво треба многу повеќе памет. Има двајца луѓе што досега направиле правен силогизам за спорот со Грција. Врз првиот, се чини, успешно е спроведен остракизам, а врз вториот неупешно.

Read More

Дилема

Не бев поштеден ниту јас, па меѓу редови, беше поставена дилема; тужбата што ја поднесе власта и тужбата што ја предлага Попески е дилема. Според Речникот на словенечкиот книжевен јазик, дилема е ситуација кога треба да се одлучи помеѓу две дадени можности. Од логички аспект, дилемата е посредно условно заклучување. Бидејќи ниеден коментатор не направи контрасилогизам на ниеден од моите правни силогизми, оценив дека поставената дилема е најсилен напад на фељтонот.

Read More

Вакцина против „опинион мејкери“

„Доколку си учел многу учења, не сметај дека тоа е твоја заслуга, бидејќи заради тоа си создаден“ (Талмуд)

Македонците што се препознаваат во ова мисла треба да се свесни дека се создадени да пронајдат вакцина, а не да очекуваат материјални добра, сметајќи дека е нивна заслуга што се паметни. Не, тие се создадени такви за потребите на Македонија и надвор од тоа немаат смисла, па дури се и непотребни.

Read More