Тужба за предавање на предметот (член 455 од ЗОО)

Продавачот е должен да му го предаде предметот на купувачот во време и на место, кои што се одредени во договорот. По правило, продавачот ја исполнува обврската за предавање на предметот на купувачот тогаш, кога ќе му го врачи предметот, или исправа, со која што предметот може да се преземе (член 455 од ЗОО).

Read More

Тужба за преземање предмет на договор (член 507 од ЗОО)

Преземањето на предметот се состои од дејствија, кои што се потребни, за да предавањето биде можно и купувачот предметот да може да го однесе. Доколку купувачот без основана причина не сака да го преземе предметот, чие што предавање, на договорен, или на вообичаен начин благовремено му било понудено, продавачот има право да го раскине договорот, доколку основано се сомнева дека купувачот ќе му ја плати цената. Доколку нема такво сомневање, продавачот ќе го тужи купувачот за исполнување на договорот.

Read More

Тужба за одредување цена по слободна оцена (член 209 од ЗПП)

Доколку се утврди дека странката има право на надомест на штета, на паричен износ, или на заменливи предмети, но висината на износот, односно количината на предмети не може да се утврди или би можела да се утврди само со несразмерни тешкотии, судот за ова ќе одлучи по слободна оцена.

Read More

Тужба за плаќање на цената (член 452 и член 504 од ЗОО)

Купувачот мора да ја плати цената во времето и местото кои што се одредени во спогодбата.
Доколку не е договорено или вообичаено поинаку, цената треба да се плати при предавањето во местото каде што се предава предметот (член 504 од ЗОО).
Доколку е договорена тековна цена, купувачот долгува цена, утврдена со службена евиденција на пазарот на местото на продавачот тогаш, кога изполнувањето морало да биде извршено (член 452 од ЗОО).

Read More

Паулијанска тужба

Со паулијанска тужба се побиваат правните дејствија на должникот.
Одредби за паулијанската тужба има во Законот за облигационите односи, член 269-274.
Одредби за паулијанската тужба има и Законот за стечај, член 172-188.
Во Словенија, паулијанската тужба најчесто се применува во стечајната постапка, од страна на стечајниот управник (преку адвокати), доколку утврди дека е оштетена стечајната маса.
Со тужбата се побиваат правните дејствија што ги превзел должникот со цел намалување на својот имот и оштетување на доверителите.
Правно дејствие е секое дејствие кое што има одредени правни последици-правна последица на правно дејствие може да биде, било престанување на обврските, било настанување на обврски. Под правно дејствие се подразбира и пропуштање на тие дејствија. Предмет на побивање во стечајната постапка може да биде секое правно дејствие, кое што се однесува на имотот на должникот.

Read More