Правото на самоопределување е Ius Cogens
(трет дел)

Во друга колумна, напишавме како една норма може да стане ius cogens и како правото на самоопределување стана ius cogens. Најсилен аргумент беше пресудата на Меѓународниот суд на правдата за случајот Источен Тимор од 1995 година.

Во продолжение ќе го претставиме овој пример. Овој случај е првиот случај пред Меѓународниот суд на правдата, што е воден со цел да се обезбеди правото на самоопределување[1]. Досега сеуште не е воден случај пред Меѓународниот суд на правдата каков што сугерираме ние;ништавност на меѓународен договор, заради кршење на правото на самоопределување како ius cogens.

Read More

Правото на самоопределување е Ius Cogens
(втор дел)

За разлика од Грција и Бугарија, Србија не ни го негира културниот идентитет и не признава како народ. Дури ствара и привид дека не ни го спори ни правото на самоопределување. Велиме привид, зашто УДБОМАФИЈАТА во најголем дел ја создаде и контролира Белград, а таа одвнатре го негира културниот идентитет и правото на самоопределување. Да потсетиме дека пишувачите на Уставот проф. д-р Љубомир Фрчкоски(близок до СДСМ) и проф. д-р Владо Поповски(близок  до ВМРО), го избришаа од Уставот она што со крв го стекна Македонскиот народ(најголема заслуга за ова имаат најстарите комунисти под влијание на Ленин и Сталин), правото на самоопределување.

Read More

Правото на самоопределување е Ius Cogens
(прв дел)

Nemo plus iuris ad alium transferre potest quam ipse habet (Никој не може да пренесе на друг повеќе права отколку што самиот ги има.).

Ова важи и за ОН, кои што со Времената согласност, во чие што составување и потпишување учествуваа преку Саирус Венс, на Грција и пренесоа право да преговара со Македонија за правото на самоопределување.

Според член 1, став 2 и член 55 од Повелбата на ОН, правото на самоопределување е ius cogens и за ова најважно човеково право не смеат да преговараат ниту ОН со Македонија, а уште помалку имаат право на Грција да и пренесат право со Македонија да преговара за правото на самоопределување.

Правдата понекогаш спие, но таа секогаш доаѓа.

Read More

Ius Cogens

„Вистината не чини толку добрина на свеотв колку што изигрувањето на вистината предизвикува зла(Франсоа Ларошфуко, „Максими“, Мисла, Скопје, 2001(.“

 

Изминаа повеќе од две години откако во средствата за јавно информирање изјавив дека Врмената согласност е меѓународен договор во спротивност со ius cogens.

За да се соопшти ова вистина, потребна беше и доблеста храброст, зашто досега пред Меѓународниот суд на правдата не дошол предмет со тврдење дека некој договор е  во спротивност со ius cogens(Antonio Cassese, “Self-Determination of Peoples”, Cambridge University Press, 1995, српски превод, страница 156).

Read More

Бајден

Стапот на Бајден ги растера не талентираните кои тврдеа дека ќе го раскинат Преспанскиот договор. Она што мене не ми успеа со повеќе колумни во кои докажав дека Времената согласност не може да биде раскината[1], на Бајден му успеа со стапот. Сега сите што тврдеа дека ќе го раскинат Преспанскиот договор се сокрија и полесно може да се види дека единствено моето решение со ius cogens ја отстранува Времената согласност и Преспанскиот договор, со утврдување на ништовност, а не раскинување, како што трубеа вувузелите на Депандансот на УДБА.

 

Read More

Македонските медиуми како отров против македонскиот народ во спорот за името

Слободата на медиумите за државата е исто што и сигурносниот вентил за парната машина. Благодарејќи и нејзе, секое незадоволство, штом ќе се појави, излегува преку сигурносниот вентил. Освен ако не е премногу големо незадоволството.[1]

 

Read More

Културен геноцид на македонскиот народ

Колку само во себе се радувам на секое расположение кога мислите на друг ќе дојдат до израз, на сметка на моите мисли. Понекогаш дури си приредувам и посебна свеченост, кога својата духовна куќа и имот ги подарувам на друг. Слично на некој исповедник кој чека во некое ќоше и посакува да наиде некој сиромав човек за да му ги соопшти своите туробни мисли, за повторно да му ја исполни раката и срцето и за да му го олесни бремето на вознемирената душа. Не само што не сакам за тоа слава, туку би сакал да избегнам и благодарност, бидејќи е наметлива и не се плаши од осаменост и молчење. Да се живее безимено и донекаде потсмешливо, премногу простачки за да не предизвикуваш завист и непријателство. Снабден со трезна глава, малку знаење и кеса искуство, бев такаречи духовен лекар на сиромашни и помош на овој и оној, чија што глава е унезверена од мисли, а тој да не забележи кој му помогнал. Не сакав пред нив да имам право и да славам победа, туку му зборував така што после некој неприметен миг или противречност, сам ќе си кажеше за себе многу добри ствари и задоволен поради тоа ќе си заминеше. Бев како мало прибежиште кое не одбива никого кој е во неволја, а потем ме забораваа и ме исмејуваа. Немав никаква предност, ни во храна, ни во почист воздух, ниту бев порадосен дух-туку давав, враќав, се доверував и бев во поголема невоља од нив. Се спуштав многу ниско за да бидам достапен, без да се понизам. На себе имав многу неправди, бидејќи ползев низ тесните ходници на сите видови заблуди. Тоа ми овозможи да дојдам до многу скриени души, на нивните тајни патишта. Секогаш бев во некаков вид љубов и секогаш во некаков вид саможивост и самоуживање. Тоа за мене беше добар живот. Причина долго да сеживее.[1]

 

Read More