Што се случува во Украина

Доколку афектите ги поделиме на жалост и радост, ние сме под силен притисок на афектот жалост, или попрецизно страв.

Чудно ни е како државници сакаат војна, во ситуација кога се сигурни дека не можат да победат, ниту Западот, ниту Русија.

Тоа е така, затоа што во човекот не постои слободна волја, туку волјата ја одредува одредена причина, која пак е одредена од некоја друга причина и така во недоглед.[1]

 

“Она што не сакам да го сторам и не можам да го сторам.”[2]

Значи, Западот треба да сака мир.

Мое мислење, кое што научно го образложив[3], е дека Западот сака војна во Украина.

Сега е прашање дали Украина сака војна, зашто оружјето Западот веќе и го донесе и ја хушка на војна.

За жал, има доволно безбедност за тие што безбедноста ја загрозуваат.[4]

 

Хушкачите од Западот го поттикнуваат гневот на Украинците, но доколку гневот не го кротиме, можеме да го уништиме оној по кого што плачеме.[5]

Бидејќи страдањето  произлегува од неадекватна идеја, а делувањето на духот зависи само од адекватна идеја, мораме да си обликуваме адекватна идеја.

 

На пример, според нас ставот на Англичаните, дека добриот крај се’ враќа и дека секој пат по кој што одиш е вистинскиот, доколку стигнеш на целта е неадекватна идеја.[6]

 

Доколку оваа неадекватна идеја ја прифати целиот Запад и Украина, тоа ќе им предизвика големи страдања.

Истовремено со последниот заклучок ја кажавме и првата причина; зошто Англичаните сакаат војна. Тие сметаат дека ќе најдат пат за да ја добијат војната.

Значи и со помош на зло. Со кршење на меѓународно право.

Но, не го слушаат советот на најголемиот ум: “…злото може и само себе да се уништи и доколку го заземе целиот опсег, станува неподносливо.”[7]

 

Најголемиот ум, со чие што образование Александар Македонски станал тоа што бил, вели дека здравјето е пожелно, но не по цена да се јаде било што. Според него нема сто вистински патишта, туку само еден, а сто патишта има злото, кое што е неограничено.[8]

Вели уште дека богатството е пожелно, но не како награда за предавство.[9]

 

Доколку е Аристотел во право, а не Шекспир, тогаш заради оваа заблуда, Англија може да претрпи болка и од самата себе.[10]

 

Втората причина зошто Англија сака војна е учењето на геополитичарот, Англичанецот Мацкиндер. Неговото учење за “Осилото”.

 

Колку и да е голема моќта на Бога, сепак може да се каже дека постојат извесни ствари, која што таа не ги опфаќа…Баш, како што ни Бог не може да направи два по два да не се четири, така тој не може да направи, она што е суштинско зло да не биде зло“( De Iure Belli ac Pacis, I, I, X).“[11]

Доколку ни Бог, не може да направи она што е зло да не биде зло, Паскал оправдано се чуди што има луѓе на светот, кои откако се откажале од сите божји и природни закони, сами створиле закони, кон кои строго се придржуваат.

Обидот на Западот, моќта да ја прикаже како право, е исто, како Сатаната да се прикаже како Бог.[12]

„На таа точка Мацкиндер ја постигна главната теза на својот светски пристап. Центарот на евроазиското копно, тоа оддалечено подрачје на внатрешноста и горниот дел на Арктикот, според неговото мислење е „осило на светската политика“ (pivot of the vorld’s politics). Руската доминација таму сега ги надоместила номадските империи, заради тоа, таа држава придобила извонредно силна меѓународна положба.“[13]

Понатака тврди:

„Од интерпретацијата на историјата на Мацкиндер произлегува, дека државата на осилото ќе надвладее доколку тоа одлучно не и се попречи .“[14]

Правилно предупредува Моргентау дека Западот, погрешно мисли дека неговиот „начин на живот“ има монопол над вистината и доблестите

——————————–

[1] Baruch De Spinoza, Etika, Slovenska matica, Ljubljana, 1998, stranica 178.

[2] Превел М.П. : W.Shakespeare, Milo za drago, Državna založba Slovenije, Ljubljana, 1970, stran 249.

[3] Подробно во мојата нова книга што ќе излезе деновиве ; “Реторика” и “Украина: осило или последна империјалистичка војна”, во издание на Матца.

[4] 2 Превел М.П. : W.Shakespeare, Milo za drago, Državna založba Slovenije, Ljubljana, 1970, stran 277.

[5] W.Shakespeare, Dober konec vse povrne, Državna založba Slovenije, Ljubljana, 1970, stran 249.

[6] Ибидем, страница 201.

[7] Превел М. П. : ARISTOTELES, Nikomahova etika-Reprint iz leta 2002-V Ljubljani : Slovenska matica, 2016, stran 144.

[8] Аристотел, “Никомахова етика”.

[9] ARISTOTELES, Nikomahova etika-Reprint iz leta 2002-V Ljubljani : Slovenska matica, 2016, stran 304.

[10] Аристотел, “Органон”.

[11] Alesandro P. D’Antrev, “Prirodno pravo”, CID, Podgorica, 2001, stranica 58.

[12] Ибидем, страница 123.

[13] Превел М.П. : Geoffrey Parker,«Zahodna geopolitična misel v dvajsetem stoletju«, Fakulteta za družbene vede, Ljubljana, 1997, stran 80.

[14] Превел М. П. : ибидем, страница 81.

  •