Паразитот на УДБОМАФИЈАТА (Паразитов паразит)

Целна група на УДБОМАФИЈАТА се анонимните луѓе од масата. Цел и е селење на парите од нашите во нивните џебови. Распонот на предметот на работа се движи од собирање „заштита„ до „соработка„ со државниот буџет. Овие дејствија ги релативизира науката.

Има луѓе, кои што привидно работаат, но бидејќи нивната работа е штетна, тие би можеле да бидат подобро запослени. На пример, во земјоделие и сточарство.[1] Вака, ги доживуваме како неработници. Како паразити.

Од неработење, кучето на ветер лае (Руска)[2]

 

Во колумната „УДБОМАФИЈАТА како бела имела„, докажавме дека УДБОМАФИЈАТА е паразит кој што ја јаде Македонија. Ја прави слаба и анемична, како пантличарата кога ќе се настани во човекот.

Паразитот УДБОМАФИЈА, си има свој паразит, кој лае на ветер и за тоа УДБОМАФИЈАТА му дозволува да ги собира остстоците.

Мршојадците ги собираат остатоците од пленот. Тие се трабанти и нагризувачи на народното стопанство. Режимот, и оној на УДБА и оној на Депандансот на УДБА, претседава со културата, науката и струката. Бидејќи е деформиран, ја охромува и надградбата.[3] Надградбата во тоталитарни режими, не може ни да помисли на самостојност. Ниту универзитетот, ниту академијата, ниту националната телевизија. Несамостојноста на надградбата е вградена во системот. Надградбата и служи на УДБОМАФИЈАТА. Културата е кулиси и културната размена со странство е добра за тајните служби. Науката и струката имаат активна внатрешна улога. На УДБОМАФИЈАТА и треба струката како колаборант. Да им го покрива грбот на веќе донесените одлуки.[4] Сетете се на д-р Владо Поповски, д-р Љубомир Фрчковски и д-р Владо Камбовски и нивната улога во промената на името.[5]

Штетата што ја направи д-р Тони Дескоски[6] од Правниот факултет во Скопје во времето на Депандансот на УДБА е резултат на совршено злосторство. Толку совршено, што и после мојот докторат, и после мојата книга и после моите колумни, Македонците мислат дека пресудата за спорот со името е нешто добро, а не судско убиство на македонскиот народ.

Лошата култура и лошата наука ја туркаат добрата култура и добрата наука, доколку државата не ја фаворизира добрата култура и наука на сметка на лошата. Добрата култура и наука е потешка од лошата. УДБОМАФИЈАТА, на која што и е сеедно дали има добра, или лоша наука, секогаш ќе се одлучи за лошата, бидејќи е полесна, бараат помалку напор и го исполнуваат целиот простор, уште пред добрата наука да се заврти.[7] За кој расположив простор станува збор? Без заобиколување; се работи за пари. Рековме дека режимот им подаде рака на неспособните, наместо на способните. Не треба да се секира за ништо друго, освен да ги финансира првите, наместо другите. Така ќе има најевтина наука и култура, со целосен опфат на едната и другата. Колку што е потребно за кулиси. Само либералното пазарно начело мора да го воведе. Кој ќе ја понуди својата наука поевтино! Кога така ефтино ќе ја финансира фалсификуваната наука и култура, му останува уште еден куп пари за проектите на своите кумови, своите клиенти, пред се за наградување на режимските трабанти. На пример; за тренирање на магариња.[8]

Да не си правиме илузии за науката и културата. Надградбата гостува кај паразитот. Паразитот УДБОМАФИЈА и паразитовиот паразит (наука и култура) си помагаат еден на друг. За режимот, фалсификувањето на науката и струката е непроценливо. Нека се сети мојот разумен читател на помошта што му ја даде на режимот Правниот факултет во Скопје за приватизациската кражба.[9] Овој modus operandi својот врв го достигна во времето на Заев. Но, епилогот е таков што науката повеќе не е наука, културата повеќе не е култура. Очигледните катастрофи што се случија во времето на Заев, и на надворешен, и на внатрешен план се доказ за тоа. Што сега?[10]

„Кога науката ќе заспие-се буди темницата (Руска).[11]

Паразитовиот поразит нема да се промени. И понатака ќе зема од купот, како што си е навикнат. Корупцискиот хаос што го одржува режимот за свои потреби, го тера да му се брза да граби и да ја користи корупцијата на свое ниво. Затоа не ја врши својата од бога пропишана улога: просветување на луѓето за заблудите на режимот. Режимот не допушта да се критикува културата и науката. И науката, и културата се свети крави. Светите крави пак му враќаат на режимот така што нема да речат еден лош збор за режимот.[12] Многу мерак имаат да се покажуваат заедно. Режимот и науката-паразитот и паразитовиот паразит. Среќавања, советувања, денови вакви, денови онакви. Секогаш ги наоѓаме на куп како си делат комплименти. И така и во иднина; интелектуалецот не е совест на народот против режимот, туку режимска алатка против народот.[13]

 

„Наука која што не носи корист, налик е на лек кој што не го лечи болниот (Арапска).„[14]

 


[1] Аристотел во „Политика„ вели дека земјоделците и сточарите се најдобрите луѓе во државата (ARISTOTELES, Politika-Zagreb : Globus, 1988, stranica 206).

[2] Превел М.П.: RADIĆ, Tomislav, Vox populi : zlatna knjiga poslovica, 2. prošireno izd.-Zagreb : Nakladni zavod Globus, 1995, stranica 17.

[3] Заев да ја води и Англија, најдобро организираната држава, таа за една година ќе стане карикатура.

[4] Кај нас најистакнати се Правниот факултет во Скопје и МАНУ.

Правниот факултет во Скопје треба да се укине. Таму има шест квалитетни доктори, на кои што треба да им се подели концесија од 90% од трошоците на правниот факултет, што тие ќе го основаат. МАНУ после д-р Камбовски и д-р Фити треба да се укине целосно и да се започне од почеток, без ниеден од сегашните членови.

[5] RAVNIKAR, Edo, UDBOMAFIJA-Priročnik za razumevanje tranzicije, Založba slon, Ljubljana, 1995, stran 255.

[6] Види ја мојата колумна „Судски убиства„.

[7] Исклучок направи д-р Ѓорге Иванов, последниот претседател на Република Македонија, кој што, и покрај тужбата на д-р Тони Дескоски, и покрај постоењето на пресудата, ме ангажира за научен советник со писмен договор и го употреби моето знаење во ОН, кое што е негација на д-р Тони Дескоски и пресудата. Покажа разум, иако и самиот се изложи на противречност.

[8] RAVNIKAR, Edo, UDBOMAFIJA-Priročnik za razumevanje tranzicije, Založba slon, Ljubljana, 1995, stran 255-256.

[9] Во Словенија, си го поделија имотот од новороденче до највозрасен со ваучери и пак има докази и судски епилози дека некои биле фаворизирани при приватизацијата.

[10] RAVNIKAR, Edo, UDBOMAFIJA-Priročnik za razumevanje tranzicije, Založba slon, Ljubljana, 1995, stran 255-256.

[11] Превел М.П.: RADIĆ, Tomislav, Vox populi : zlatna knjiga poslovica, 2. prošireno izd.-Zagreb : Nakladni zavod Globus, 1995, stranica 178.

[12] Она крекање на научниците блиски до Депандансот на УДБА, против УДБА и обратно, ствара привид на критика. Тие ја играат улогата на заглушувачки вувузели.

[13] , RAVNIKAR, Edo, UDBOMAFIJA-Priročnik za razumevanje tranzicije, Založba slon, Ljubljana, 1995, stran 255-257.

[14] Превел М.П.: RADIĆ, Tomislav, Vox populi : zlatna knjiga poslovica, 2. prošireno izd.-Zagreb : Nakladni zavod Globus, 1995, stranica 178.

  •