Стани куќо! Долго, долго лежеше соборена

„Татковината е мајка на сите мајки (Руска поговорка).„[2]

 

За да престане злосторничката среќа на Германија што ја арџи Македонија, мораме да се ослободиме од луѓе како Заев и д-р Мицковски.

 

Потребни се добри и паметни луѓе што ќе подзачистат. А кога ќе подзачистат ќе можат да и речат на Македонија :„Стани куќо! Долго, долго лежеше соборена.„[3]

 

Јас ќе им помогнам во заштита на најважното човеково право, правото на самоопредлување.

Ќе помогнам во утврдување на ништовност на Времената согласност, за да се одстрани Преспанскиот договор. Ќе помогнам во барањето нотификација на договорот со поразената фашистичка Бугарија. Ќе помогнам Албанското малцинство да си ги добие правата од член 27 на Пактот за граѓански и други политички права.

Да подзачистиме, па после да викнеме гордо: Стани куќо! Долго, долго лежеше соборена.„[4]

 

Добриот човек најмногу се одликува по тоа што ги гледа стварите такви како што се навистина. Затоа е некаков канон и мерило на се.[5]

Што е најважно во животот може да спознае само добар човек, зашто на расипаниот му се затемнува погледот и му се замаглуват нештата.[6]

Оттука, само добар човек може да биде паметен. А политичките одлуки не можат да бидат правилни без паметност.[7]

Награда за добриот човек е љубов. Подобриот и покорисниот, прима повеќе љубов, отколку што ја дава. Кога љубовта е ускладена со вредноста на љубената особа, воспоставена е еднаквост. Ова го гледаме секојдневно. Затоа многу луѓе што не заслужуваат љубов, се во друштво на ласкавци. [8]

Добар човек постојано се труди да постапува поправично од другите, а за тоа никој не го нарекува себичен. Добриот човек е таков и во другите доблести: похрабар е, поумерен, повеликодушен.[9]

„Човек, кој навистина се труди за благородни дејствија, сите го почитуваат и го фалат. Доколку сите би се натпреварувале во благородност, доколку сите би настојувале да вршат само најубави дејствија, би било постигнато се’, што е потребно за заедничка благосостојба, а и секој поединец би учествувал во највисоките вредности, доколку е вистина дека доблеста е највисока вредност.„[10]

На свој начин, ова истово го гледа и рускиот гениј:

„Не ми пречи што си понадарен од мене, попаметен од мене, поличен од мене, побогат. Напротив, јас се радувам заради тоа, затоа што те љубам. Иако сум понеугледен од тебе, сепак како човек се почитувам себеси и ти тоа го знаеш. И ти мене ме почитуваш, а од твоето почитување јас сум среќен. Доколку ти со своите способности ми носиш сто пати повеќе корист мене и на сите, отколку што јас ти носам тебе, јас за тоа те благословувам, јас ти се восхитувам и ти заблагодарувам и никако не мислам дека треба да се срамам заради таквото восхитување кон тебе; напротив, среќен сум што сум ти благодарен, иако работам за тебе и за сите други, според моите слаби способности-тоа навистина не е за да се пресметам со тебе, туку затоа што сите ве сакам.„[11]

Лошите, расипаните во Македонија, не само што триесетина години владеат со соборена Македонија, туку сакаат да предизвикаат сомнеж дека постојат виши луѓе. А тоа е голема опасност. На овој начин се покажува дека доблест има и кај помалите, подредените, сиромашните по дух и дека луѓето пред Бог се еднакви. Најпосле, вишите луѓе почнуваат да се мерат со робовски мерила за доблест. Си префрлуваат самите себе дека се горди. Почнуваат да мислат дека сите нивни виши особини се лоши.[12]

„Кој чезнее за татковината, со задоволство прашува за патот.„[13]

Јас ги прашав најдобрите и најпаметните за патот.

Долго, долго лежиш соборена.



[1] Превел М. П. , Есхил во: ГРЧКЕ трагедије/Есхил, Софокле, Еурипид-Београд : Дерета, 2001, страница 283.

[2] Превел М. П. ,RADIĆ, Tomislav, Vox populi : Zlatna knjiga poslovica svijeta/2. prošireno izd.-Zagreb: Nakladni zavod Globus, 1995, stranica 64.

[3] Превел М. П., Есхил во: ГРЧКЕ трагедије/Есхил, Софокле, Еурипид-Београд : Дерета, 2001, страница 283.

[4] Превел М. П. , Есхил во: ГРЧКЕ трагедије/Есхил, Софокле, Еурипид-Београд : Дерета, 2001, страница 283.

[5] ARISTOTELES, Nikomahova etika-Reprint iz leta 1994.-V Ljubljani, Slovenska Matica,2002, stran 105.

[6] Ибидем, страница 204.

[7] Ибидем, страница 205.

[8] Ибидем, страница 254.

[9] Ибидем, страница 286.

[10] Ибидем, 287.

[11] Превел М. П. : ИВАНОВИЌ, Живота, Fjodor Mihajlovič Dostojevski : Srbi između Rusije i Evrope/priredil Života Ivanović.-2. izd.-Beograd : Prosveta, stranica 168.

[12] NIETZSCHE, Friedrich, Volja do moči : poskus prevrednotenja vseh vrednost : iz zapuščine 1884-1888/Friedrich Nietzsche-Ljubljana : Slovenska matica, 2004, stran 494.

[13] Превел М. П. ,RADIĆ, Tomislav, Vox populi : Zlatna knjiga poslovica svijeta/2. prošireno izd.-Zagreb: Nakladni zavod Globus, 1995, stranica 64.

  •