Уставниот суд на Германија си замина од Европската унија

Нашиот цивилизиран свет е само голем карневал. Во него среќаваме војници, доктори, судии, обвинители, адвокати, свештеници, филозофи и што уште не. Меѓутоа, тие не се она за што се претставуваат. Тие се само маски под кои што по правило се кријат измамници, желни за пари.[1] 

Лекот за ова е што помалку посредници.

Како да се избегнат посредниците , кои што се бројни во демократијата?

Со самопомош и референдуми.

Во Словенија е многу понизок прагот и има многу референдуми. На тој начин е под голема контрола правната наука и не можат да поминат како закон разни глупости што поминуваат кај нас.

 

Пред неколку години, на правниот факултет во Скопје ми беше објавен коавторски научен труд “Судовите на Република Македонија, како европски судови”. Трудот беше оценет како изворна научна статија.

Во него беше објаснето дека судските одлуки, мора да се во склад со правото на ЕУ, доколку националното право се разликува. За оваа цел, во примарното право на ЕУ постои одредба, според која што највисокиот суд на некоја членка на ЕУ, има право да побара од судот на ЕУ, тој претходно да одлучи, дали националното право на некоја членка на ЕУ е во склад со примарното и секундарното право на ЕУ.

Словенците за ова имаат ставено и своја одредба во Законот за судовите.

Во научниот труд што го спомнав погоре, дадена е и една моја ревизија до Врховниот суд на Република Словенија, во која што му предлагам на Врховниот суд на Република Словенија, предметот да го достави на претходно одлучување до судот на ЕУ во Луксембург. Тврдев дека правото на Република Словенија, не е во склад со правото на ЕУ.

За мојот разумен читател и информација што ја нема во научниот труд: ревизијата ми беше уважена и предметот не замина на претходно одлучување во Луксембург.

Ревизијата беше во корист на еден словенечки генерал, кој што претходно го одбиле повеќе словенечки адвокати. Сите му рекле дека нема основ за ревизија.

На 05.05.2020. година, Уставниот суд на Германија донесе пресуда во врска со програмата за купување хартии од вредност на јавниот сектор на секундарните пазари на Европската централна банка.

Предметот бил на претходно одлучувањ во Луксембург.

Уставниот суд на Германија се однесува како да не постои одлуката на Судот на ЕУ во Луксембург и и` дава рок од три месеци на Европската централна банка.

Ерго, Уставниот суд на Германија и дава налог на институција на ЕУ, игнорирајќи го Судот на Европската унија во Луксембург.

Во образложението наведува дека Европската унија не е совршена унија.

 

После големиот притисок врз Судот на ЕУ, тој го дава следново соопштение: “Службите на институцијава никогаш не ги коментираат пресудите на националните судови.

Генерално треба да се предупреди, дека во склад со востановената судска пракса на Судот, пресудата, која што овој суд ја донел во рамките на претходното одлучувањ, го обврзува националниот суд при решавањето на спорот за главната ствар.[2] За да се обезбеди единствена употреба на правото на Унијата, само Судот, кој што за тоа го основаа државите членки, е надлежен за утврдување, дека актот на институциите на Унијата е во спротивност со правото на Унијата. Разидувањата помеѓу судовите на државите членки, што се однесува до важноста на таквите акти би можеле да го загрозат единствениот правен ред на Унијата и да посегне во правната сигурност.[3] Така, како и другите органи на државите членки, мораат и националните судови да обезбедат целосен учинок на правото на Унијата.[4] Само така е можно да се обезбеди еднаквоправност на државите членки во Унијата, кои што тие самите ја востановиле.”[5]

Сорос, веќе на 89 години, изјавува за Independent, дека е загрижен за постоењето на ЕУ после пресудата на Уставниот суд на Германија. Тој смета дека пресудата може да ја уништи Европската унија како институција втемелена на владеењето на правото.

Овој Суд на ЕУ, кој сега плаче над својата судбина, во случајот Јасин Кади му се топореше на Советот за безбедност и на Повелбата на Обединетите нации.

Иако во преамбулата на Спогодбата за ЕУ е експлицитно запишано дека целокупното право на ЕУ мора да биде во склад со Повелбата.

Сега плаче.

Јас во две колумни ја разоткрив ЕУ дека не го почитува сопственото право во спорот со Грција. Докажав дека ЕУ не мора да биде солидарна со Грција, туку дека врз основа на правото на самоопределување, кое што е дел од Повелбата на ЕУ, мора да ги примени член 6 и 7 од Спогодбата на ЕУ и да и го одзееме правото на глас на Грција.

Докажав дека не е точно дека не ни се прави неправда во спорот, бидејќи сами сме се согласиле: volenti non fit iniuria.

Мое мислење е дека за сите зла што ги направија членките на ЕУ, ќе ја обвинат ЕУ, нејзините институции и кадрите што работеа за ЕУ.

Овие од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ќе нема кој да ги пречека кога ќе влезат во ЕУ.

Пред неколку дена ЕУ го прогласила Никола Тесла за Хрват.

За разлика од Македонија која со ВМРО ДПМНЕ и СДСМ име си смени, Србија остро реагира и ЕУ и се извини, а претходно ја “поправи грешката”.

Гледам ситаџиски, како само Мирка Велиновска што се сити кога ќе испадне дека била во право.

Сите што ставија рака на Македонија, или исчезнуваат, иле се во големи проблеми.

Меркел е сенка.Тереза Меј исчезна. Матис, исто така. Словенија и Хрватска, кои така братски ни “помагаа” да си го смениме името имаат страшни меѓусебни проблеми. Само што помислија дека со тоа што ја жртвуваа Македонија, се спасиле себеси, Италија и Унгарија им побараа огромни територии.

И покрај тоа што Јанша пред дваесетина години запиша (“Окопи”) дека доколку падне Македонија, готово е со Словенија, Словенија реши “братски” да ја жртвува Македонија.

Особено подмукла беше Хрватска.

Словенија не може да се вади со мојот докторат. Доколку науката не ја применуваш во пракса, имаш проблем или со науката, или со политиката и правото.

Гледам, читам, препрочитувам и се ситам.

Како Мирка Велиновска, кога ќе испадне дека била во право.

Онаа шефицана на ЕУ со долго име (германка) ќе вложела тужба против Германија.

Смешки.

Како некогаш “болникот од Босфор”, така денес боледува меѓународната организација Европска унија, која лажно се претставува како супер држава. Боледува Европската унија, место за лечење на комплексите на поразените земји во Втората светска војна.

Боледува заради своите неправди и непочитување на правото.

Тешка болест.

 


[1] ШОПЕНХАУЕР, Артур, Parerga i paralipomena: -Beograd: Dereta, 2013, stranica 56.

[2] Пресуда на Судот од 14 декември 2000, Fazenda Publika (C-446/98, točka 49).

[3] Пресуда на Судот од 22 октомври 1987, Foto-Frost (C-314/85 точка 15 и 17).

[4] Пресуда на Судот од 4 јули 2006, Adeneler i drugi (C-212/04, точка 122).

[5] Превел од словенечки М.П.: www.curia.europa.eu

  •