УДБОМАФИЈАТА како внатрешна војска на Грција

Врховниот суд на Република Словенија со пресуда од 23.05.2002. година, УДБА ја прогласи за злосторничка организација.

Во Македонија, Врховниот суд на Република Македонија, тоа не го направи.

Во Словенија д-р Јоже Пучник (жртва на УДБА) во 1996 година, во книгата “Од архивите на словенечката политичка полиција” ги објави имињата на сите припадници на тајната политичка полиција до 1948 година од кои е сплетена удбашката мрежа, така што многу лесно можат да се поврзат подоцнежните имиња и настани. Ова беше најтежок удар на УДБА што една жртва и го нанесе.

Македонија не ги знае удбашите до 1948 година од кои е сплетена подоцнежната удбашка мрежа, а од нивните наследници и денешнава.

Најдобрата работа што ја направи д-р Груевски беше лустрацијата.

Единствено Македонија од сите држави што произлегоа од СФРЈ, спроведе лустрација.

Сега имплицитно се откажува и од лустрацијата, додворувајќи му се на еден лустриран, преку напис во медиумите.

Денес гледаме како д-р Фрчковски, еден од лустрираните, успеа преку СДСМ (УДБА) да издејствува носење на закон со кој што ќе се поништат последиците од законот за лустрација.

ВМРО ДПМНЕ (Депанданс на УДБА[1]) не се противи на тоа.[2]

Пред десет години напишав неколку текствои за “Нова Македонија” за удбомафијата кои што предупредуваат дека таа е внатрешна војска на Грција и дека со нејзина помош ќе биде променето името.[3]

Тоа и се случи.

Кога ги пишував текстовите не бев сигурен дека ВМРО ДПМНЕ е всушност Депанданс на УДБА.

Ова го пишувам со надеж дека ќе победи некоја Партија на Македонскиот народ, која треба да знае дека враќањето на името треба да почне со отстранувањето на удбомафијата. Тоа најубаво ќе се направи со лустрација, која треба да се прошири во склад со германскиот модел.[4]

За лустрацијата имаше правен основ во правото на ЕУ и во Советот на Европа, две угледни организации, особено вторава.

Советот на Европа донесе резолуција 1.096 од 27.06.1996. година.

Лустрацијата на Груевски не води сметка за оние кои што ги окрвавиле рацете, а тие се опфатени со член 7 од цитираната резолуција: “Собранието исто така препорачува казнивите дејства што биле сторени за вфреме на комунистичкиот тоталитарн режим да се гонат и казнуваат врз основа на општоважечките казнени закони. Доколку тие предвидуваат застарување на одредени злосторства, рокот може да се продолжи, бидејќи се работи за процедурално, а не за содржинско значење. Доколку донесувањето и употребата на ретроактивни казнени закони е забрането, но дозволено е судење и казнување лица за дејства или пропуштања, кои во време на сторувањето не биле казниви според домашното право, казниви се во согласност со општите начела на правото на цивилизираните народи. Дотолку повеќе; доколку лицето ги прекршувало човековите права, неговиот приговор дека само извршувал наредби не ја исклучува ниту противправноста, ниту неговата индивидуална вина.”

Десет години подоцна, Советот на Европа (во кој што членува и Русија) носи нова резолуција 1.481 (2006 г.) со која што ја реафирмира својата резолуција 1.096 од 1996 година. Во членот 14 Советот на Европа потенцира дека ова е начинот жртвите да се ослободат од стравот и да дојде до национално помирување, кое ќе придонесе за народната слога.

Бидејќи д-р Груевски не им судеше, како што бараше Советот на Европа и не го прифати мојот предлог Сојузот на комунистите на Македонија да го прогласи за злосторничка организација (по примерот на Чешка) не само што не дојде до слога, туку правниот сукцесор на Сојузот на комунистите, СДСМ, дојде на власт и со предавство на ВМРО ДПМНЕ го промени името. Го прекрши правото на самоопределување, кое што е норма ius cogens.

Во април 2009 година и ЕУ носи резолуција, која што во целост се повикува на Резолуцијата на Советот на Европа 1.481 (2006 г.).

За д-р Груевски ни ова не е доволно да ја прогласи комунистичката партија за злосторничка, со што ќе ја распуштеше и СДСМ.

Денес на секому му е јасно дека немало разлика. ВМРО ДПМНЕ е Депанданс на УДБА.

 

За да се победи УДБОМАФИЈАТА, треба прво да се дефинира. Дефиницијата одговара на прашањето што е нештото (Аристотел, “Органон”).

Јас во мојата книга давам доволно материјал за дефиниција, но не успеав да составам дефиниција.

 

“Дека тешкотии со дефинициите немаме само кај нас, докажува и овој вистински настан: кога истражниот судија во Рим , го прашал штотуку затворениот Frank Coppola , што е мафија, овој му одговорил со следната парабола. Има тројца кандидати за местото јавен обвинител. Првиот е невообичаено прониклив, признат и почитуван стручњак. За вториот се договориле странките на владеечката коалиција. Третиот е идиот. Работата ја добива третиот. Тоа, господине, е мафија.”[5]



[1] На сите им се познати аферите со “птица”, “вијуга” и слични, од кои се гледа дека ВМРО ДПМНЕ е створена од УДБА и затоа оваа партија ја нарекувам Депанданс на УДБА.

[2] Во дуел за време на претседателската кампања, овој што е сега претседател на Северна, ја обвини кандидатката на Депандансот на УДБА, дека татко и бил “удбаш”.

Таа негираше и му најави тужба за изреченото.

До денес не слушнавме дека има тужба.

Дури има комплименти за претседателот на Северна.

[3] ПОПЕСКИ, Марјан, Решение на проблемот со името во меѓународното право-Скопје : Матица Македонска, 2019,

[4] Милчин, иако лустриран преведе една книга, која добро покажува како тоа се прави во Германија. Не знам каков е квалитетот на преводот, бидејќи јас ја читав на словенечки, неколку години порано.

[5] Превел М.П. :RAVNIKAR, Edo,Udbomafija : priročnik za razumevanje tranzicije,stran 123-124.

  •