Сукцесија на Мировната спогодба со Бугарија

Во советодавното мислење од 31.07.1930., во предметот грчко-бугарска конвенција за преселување, Постојаниот меѓународен суд на правдата беше на мислење дека непризнавањето на некое малцинство е небитно како мерило за негово постоење и уживање на правата.[1] 

Париската мировна  спогодба од 1947, склучена е помеѓу сојузничките сили на една и германските сојузници Бугарија, Италија, Румунија, Унгарија и Финска, од друга страна. Таа содржи одредби за почитување на човековите права во тие држави. Со тие одредби (на пример член 6 од  спогодбата со Финска) петте поразени држави се обврзале дека ќе превземат соодветни мерки, за на сите лица под нивна надлежност да им обезбедат уживање на човековите права и основни слободи, без оглед на раса, пол, јазик и вера.[2]

Во мировните спогодби со поразените држави, значи и со Бугарија, за спроведување на спогодбите, што значи за случај на непочитување на одредбите за човековите права, предвидена е процедура (доколку спорот не се реши по дипломатски пат). За спорот расправаат амбасадорите на големите сили, кои што се сопотписници на конкретните мировни спогодби. Доколку тоа не би дало резултати, на барање на државите во спор, спорот може да и се даде на мешана комисија составена од по еден претставник на државите (на пример Бугарија како поразена и СФРЈ како победничка) и трето лице избрано спогодбено од двете држави во спор. Во случај на неслагање, ова лице го именува генералниот секретар на ООН.[3]

СФРЈ беше странка во спогодбите склучени со Бугарија, Унгарија и Румунија. Ова и даваше легитимација да бдее над спроведувањето на мировните спогодби за почитување на човековите права во трите поразени држави.[4]

 

Наместо д-р Малески, како прв министер за надворешни работи на Македонија, да вложи нота за сукцесија на Мировната спогодба со Бугарија за да може да ги штити човековите права на македонското малцинство во Бугарија, тој денес изјавува дека сме биле Бугари.

 

Македонија е правен сукцесор на СФРЈ. Македонија треба да изврши нотификација на Мировната спогодба со Бугарија, за да може да ги штити човековите права на македонското малцинство во Бугарија.

 

Проф. д-р Петрич е најпознат професор на тогаш Факултетот за социологија и новинарство[5], на кој што докторирал д-р Малески во Љаубљана.

Д-р Петрич уште 1977 ќе запише: “Непризнавањето, на пример, на постоењето на македонско малцинство во Бугарија, не може да значи и не значи дека тоа народно малцинство го нема. Бројни факти укажуваат дека тоа е автохтона народносна заедница, различна од мнозинското население по јазик, култура, традиција и свест за припадност. Накратко, станува збор за заедница, која што низ вековите ја сочувала и развила својата народна посебност и покрај асимилациската политика на бугарската држава и се развила и сочувала како дел од македонскиот народ.”[6]

Во член 79 на бугарскиот устав од 1947 година, на малцинствата им е загарантирано правото на о бразование на мајчин јазик. Подоцна, оваа одредба е укината, како што е “укинато” и македонското малцинство.[7]

Изјавата на д-р Малески е премногу сериозна за да не се расправа со него.

Имено, за да го употреби моето правно средство Македонија против Грција за враќање на името, мора да постои македонскиот народ. Субјект на правото на самоопределување е македонскиот народ, во етничка смисла на зборот.

Затоа, као неспорен дел на правото на самоопределување, мораме да го издвоиме прво правото на постоење на секој народ. Како физички, така народносно. Не може да стане збор за самоопределување, за слободно одлучување, доколку најнапред не му е обезбедена можност слободно да постои како народ. Правото на татковина е исто така неопходен услов за слободно одлучување за политичкиот статус и се разбира услов за слободно уредување на економското, општественото и културното живеење и развој на народот. Без татковина, нема сопствена земја на која што народот живее и не може да дојде до самоопределување.[8]

Од каде црпи подршка д-р Малески за да му го оспорува на македонскиот народ правото на постоење (а со тоа ќе се загуби правото на самоопределување), ќе стане појасно од следниве факти.

Ниту европската, ниту американската конвенција за човекови права, не содржат одредби за правото на народите на самоопределување, како што тоа е направено во двете конвенции на ООН за човекови права, што доволно зборува само за себе.

Д-р Малески го побив во мојот докторат одбранет под менторство на д-р Петрич, научникот од светски глас, кој што го создаде факултетот на кој што докторира д-р Малески. Неговото учење за спорот со Грција го сведов на еристичкиот трик argumentum ad baculum[9]. Д-р Малески го употреби овој трик против Македонија и ја завршува научничката кариера со овој трик.

Сега ќе го изложам на противречност и за односите со Бугарија. Кога ја говореше вистината д-р Малески; сега, тврдејќи дека сме Бугари, или во парламентот во својство на министер за надворешни работи за името : “Прво, правото на самоопределување подразбира и право секој народ да каже кој е и како се вика (потенцирал М.П.).

Второ, зборот Македонија не е само име на држава, туку симболизира национален идентитет.”?[10]

Ерго, кога ќе дојде на власт Партија на македонскиот народ, веднаш да изврши нотификација на Мировната спогодба со Бугарија од 1947 и да побара од Бугарија да му ги почитува човековите права на македонското малцинство во Бугарија. Договорот со Бугарија што го склучија Заев и Димитров е ништовен бидејќи го крши правото на самоопределување на македонскиот народ. Оваа норма е ius cogens. Истото правно средство што го предлагам против Грција, да се употреби против договорот со Бугарија.

Во иднина, односите со Бугарија да се уредуваат само врз основа на Мировната спогодба со Бугарија од 1947 година. Македонија веднаш да ја уреди сукцесијата во оваа спогодба. Во таа спогосдба, Македонија има сттус на победник, а Бугарија статус на поразен, во најголемата кланица.

Заради нашите потомци, немаме право да се откажеме од овој статус, кој е воедно и голема привилегија. Оваа спогодба постојано ја потсетува. Бугарија, која била во не така далечното минато.



[1] Dr. Ernest Petrič, Mednarodnopravno varstvo narodnih manjšin, Založba Obzorja, Maribor, 1977, stran 95.

[2] Ибидем, страница 222.

[3] Ибидем, страница 223.

[4] Ибидем, страница 224.

[5] Денес се вика Факултет за општествени науки, на словенечки: Fakultet za družbene vede.

[6] Превел М.П. , ибидем.

[7] Ибидем, сртраница 123.

[8] Ибидем, страница 143-144.

[9] Види го мојот докторат “Problem imena države “Republika Makedonija” v mednarodnem pravu”, достапен на интернет.

[10] Д-р Денко Малески во: ПОПЕСКИ, Марјан, Решение на проблемот со името во меѓународното право-Склопје : Матица македонска, 2019, страница 104.

  •