Со фалење на лошото, станавме “Северна”

Способноста за логика се откажува од нас, кога на нешто друго му даваме предност.[1]

Тие што го променија името и дадоа предност на лагата.

“Доколку го загубиш саканиот пријател, седум години ќе се сеќаваш, ја загубиш ли татковината, до смрт ќе се сеќаваш.”[2]

Се ближат избори.

На Македонците им е јасно дека ВМРО ДПМНЕ и СДСМ се најголемо зло. Па сепак, се` укажува на тоа дека едно од овие две најголеми зла, ќе си победи на избори, а тоа значи остануваме “Северна”. Злосторниците ќе го употребат истиот modus operandi како и за промената на името.

“Злото и доброто, порано, или подоцна, добиваат што заслужуваат.”[3]

Но, тие што прават зло, се помалку прогонувани и имаат помалку непријатели, отколку оние што постапуваат доблесно.[4]

Никола Димитров, Зоран Заев и д-р Христијан Мицкоски, иако моето знаење им беше достапно, го променија името и за тоа се помалку прогонувани и имаат помалку непријатели од мене.

Во текстот што следува ќе ги препознаете; Меркел, Јункер, Хан, Димитров, д-р Мицкоски, Заев, д-р Десковски, д-р Малески, д-р Јанев, Геровски, Тричковски и други што го фалеа лошото, како и лошото што беше фалено. Се` со цел промена на името.

“Кога пристигнаа, нивното внимание беше привлечено од голема врева. Откако погледнаа на сите страни, на една обична бина здогледаа еден вреден разметливец, опкружен од голема толпа народ што тука беше мелена и обработувана. Тој ги држеше како негови заробеници, оковани за ушите; и тоа не со златни синџири како кај Тебанците…туку со железна жица. Значи овој маж со жестока уста, што притоа беше и неизбежен, им прикажуваше чуда. “Сега господа мои”, рече тој, “ќе ви прикажам едно крилато чудо, што притоа е и чудо од разум. Ме радува дека овде имам работа со разумни луѓе, со вистински луѓе: сепак, морам да забележам, дека доколку меѓу вас има такви што не се надарени со особен разум, би требало сега да се одалечат, бидејќи високите и суптилни работи што сега ќе настапат ќе им бидат неразбирливи. Значи внимавајте господа со ум и разум, сега ќе настапи орелот на Јупитер кој што зборува и аргументира како што и му доликува, се шегува како Зоил и боцка како Аристрах. Од неговата уста нема да излезе ниту еден збор што не е исполнет со мистерија, ниту една нај-мала мисла која не содржи стотици асоцијации на стотици други работи. Се` што тој ќе каже ќе бидат сентенци од неизмерни длабочини”…”Тоа ќе биде”, рече Критило, “без сомнение некој богат и моќен: затоа што кога би бил сиромашен се` што би кажал не би вредело. Со сребрен глас добро се пее и со златен клун се зборува уште поубаво”.-“Само напред!”, продолжи шарлатанот, “нека се понудат господата што не му се рамни на умот ни на самиот орел: затоа што тие овде нема ништо да земат”. Што е тоа? Никој не си оди? Никој не се помрднува? Работата беше во тоа што никој не призна дека е без разум, напротив сите се сметаа за многу разбрани, дека  нивниот разум е невообичаено ценет и тие негуваат високо мислење за самите себе. Тој сега повлече една грува жица и се појави најглупавото од сите животни, чие споменување е навредливо. “Еве гледајте”, извика измамни-кот, “орел, еден орел со сите свои прекрасни особини, мисли и говор. Но никој не се осмели да го каже спротивното: затоа што така тој на својот разум ќе му направеше лоша услуга”. “Господи боже”, извика еден, “ги гледам неговите крила! Колку се прекрасни!”. “И јас”, рече друг, “можам дури и пердувите да му ги избројам: Колку се убави!” “Ама вие не гледате ли ништо? му рече еден на својот сосед. “Јас не?!”, извика тој, “Ах да, и тоа многу јасно!”. Но еден чесен и разумен човек му рече на својот сосед: “Колку што сум јас чесен човек не гледам дека таму има орел, ниту пак дека тој има пердуви, туку само четири парализирани нозе и многу голема опашка. Еден пријател им одговори: “Немојте тоа да го велите, ќе се уништите…Слушајте што велиме ние сите и правете како нас: значи следете ја реката”.”Се колнам во се` што ми е свето”, рече еден, исто така чесен човек “дека не само што не гледам орел, туку го гледам неговиот антипод…

-“Молчи, ќути!”, му рече пријателот потчукнувајќи го со лактот. “Сакаш сите да те исмејат? Не смееш ништо друго да кажеш освен дека тоа е орел, па макар и да го мислиш спротивното: така правиме сите ние”.-“Зарем не ги забележувате”, извика шарлатанот, “префи-нетостите кои што тој ги изговара? оној кој нив нема да ги свати и да ги почувствува, мора да е напуштен од сиот гениј”. И тогаш скокна една пијаница и извика: “Колку прекрасно! Какви прекрасни мисли! најсовршено на светот! Какви сентенци! Дозволете ми да ги запишам! Би било штета да се загуби дури и една буква од нив: (и по неговата смрт ќе ги објавам во моите тетратки)”…Во тој момент се збидна чудото и неговото пеење што ги пара ушите, што може да разбрка цело собрание, го проследи со една таква река од непристојности што сите останаа збунети и се погледнуваа меѓу себе. “Погледнете, погледнете мои паметни луѓе”, извика бргу лукавиот измамник, “погледнете и застанете на прсти! Тоа го нарекувам говор! Дали постои друг Аполон како овој? Ве трогнува ли нежноста на неговите мисли и милозвучноста на неговиот говор? Постои ли на светов поголем разум?”. Луѓето се погледнаа меѓу себе, но никој не се осмели да испушти ниту глас, ниту пак да се изјасни што мисли и што всушност е вистина, само за да не биде сватен како глупак, дури и сите почнаа во еден глас да извикуваат пофалби и аплаузи. “Ах овој клун”, извика една смешна дрдорка, “сосема ме возбудува: би можела цел ден да го слушам”. “А мене, враг да ме земе”, рече тивко еден срамежливец, “ако тоа не е едно обично магаре и такво ќе остане: но, сепак, ќе се воздржам да не кажам такво нешто”. “Се колнам”, рече еден друг, “тоа не беше говор туку магарешко рикање: но тешко на оној вакво нешто што ќе каже! Сега во светот е така: кртот се смета за рис, жабата за канаринец, кокошката за лав, штурецот за славејче, а магарето за орел. Тоа ја потврдува спротивноста? Моите мисли си ги чувам за себе, зборувам како сите и сум спокоен! Во тоа е целата работа”.

Критило беше доведен до крајност, да слуша вакви простотилаци и вакви измислици, а од друга страна да мора и да ги гледа.

“Може ли лудоста толку да ги завладува главите?”, си помисли тој. Но никаквецот, мангупот и фалбаџија на сите им се смееше под мустаќи и си проговори како во една комедија, на страна, триумфирачки за себе: “Зарем не ги правам сите будали? Тоа не би можела ни една стројничка да го стори?”. И сега одново им приложи стотици блуткавости, а притоа неколку пати извика: “Никој да не вели дека не е така: зошто тогаш ќе се жигоса како лудак”. Откако го кажа тоа се` повисок беше подлиот аплауз и Андренио правеше како и сите. Но Критило, кој повеќе не можеше да издржи за малку ќе пукнеше. Се заврти кон неговиот занемен толкувач со зборовите: “Уште колку долго треба овој човек да го злоупотребува нашето трпение и колку долго ќе молчиш? Па ова бесрамност и безобзирност ги надминува сите граници!” На тоа тој му одговори: “Имај трпение додека времето не покаже: тоа, како и секогаш ќе ја надомести вистината. Почекај да се завртат чудовиштето и измамникот и тогаш ќе ги слушнеш оние што сега се воодушевуваат како го порекнуваат она што го чуле”. Токму така и се случи, кога повторно се појавија измамникот и неговиот дволик од орел и магаре. Колку што беше лажен првиот, толку беше вистински вториот. Во истиот момент еден на другата страна започна да извикува: “Се колнам”, рече тој, “Тоа не е никаков гениј, туку магаре”. “Колку бевме будали!”, извика друг. И така еден со друг си даваа храброст се` додека не рекоа: “Сте виделе ли некаква слична измама? Тој не кажа ниту еден збор а ние му аплаудиравме. Со други зборови речено тој беше магаре, а ние заслуживме да бидеме оседлани”.

Но токму сега повторно настапи шарлатанот, најавувајќи едно ново и уште поголемо чудо: “Сега”, рече тој, “сега навистина ќе ви претставам, верувале или не, еден светски познат џин, покрај кој Енцеладус и Тифеј не би смееле ниту да се појават. Во исто време морам да споменам дека тој е многу среќен кога ќе му се довикне ’Џин!’ и на тој што тоа ќе му го каже ќе му помогне да му се зголеми славата и да наталожи богатства, илјадници, па дури и десетици илјади пјастри приход, а притоа и углед, служба и место. Наспроти тоа, тешко на оној кој во него нема да препознае џин: не само што нема да добие милост, туку и гром и казна ќе го стигнат. Погледнете, сите! Дојдете, сега тој ќе се покаже, о колку е возвишен!”. Се крена една завеса и се појави едно човече, кое да не беше ставено на еден кран, немаше ни да се гледа, големо колку од лактот до дланката, едно ништо, еден пигмеј во секој поглед, во појавата како и во гестовите. “Па што е сега? Зошто не викате? Зошто не аплаудирате? Кренете го вашиот глас говорници! Пејте поети! Пишувајте гении! Вашиот хор треба да биде: славниот, извонредниот, големиот човек!”. Сите стоеја вкочанети и со погледите се прашуваа: “Што зборува овој за џин, зарем гледате нешто на него што му наликува на еден херој?”. Но купот од ласкавци започна гласно и се` погласно да извикува: “Да, да! Џин, џин! Тој е најголемиот човек на светот! Колку голем кнез е тој! Каков храбар маршал! Каков извонреден министер тој и тој!”. Во исто време врнеа златници над нив. И пишуваа авторите! Не историја туку панегрици. Поетите, па дури и самиот Педро Матео…, си ги гризеа ноктите за да не останат без награда. И никој не се најде што би се осмелил да го каже спротивното. Дури, напротив, сите се надвикуваа: “Џин! Големиот, најголемиот џин!”. Секој се надеваше на некоја служба и на голем приход. Но, се разбира тивко и во себе, сите си велеа: “Колку храбро лажам! Тој не е пораснат туку е џуџе. Но што да правам? Одете па кажете што мислите: тогаш ќе видите што ќе ви се случи. Спротивно, кога вака постапувам, имам облека, јадење и пиење, можам да блескам и ќе бидам голем човек. Па тој нека биде што сака. Ако треба и за инает на сиот свет нека биде и џин”. Андренио започна да и` се придружува на реката и исто така да извикува: “Џин, џин!”, и во тој момент беше затрупан со подароци и златници, па извика и тој: “Ова, ова е животната мудрост!”. Но Критило стоеше така и му идеше да излезе од кожата: “Ќе пукнам ако не прозборам”, рече тој. “Не зборувај”, му рече толкувачот, “и немој да одиш во пропаст. Почекај џинот да ни го заврти грбот и ќе видиш што ќе се случи понатаму”. И така се случи. Штом џуџето ја одигра својата улога на џин и се повлече во својата гардероба од партали, сите започнаа да викаат: “Какви глупаци бевме! Тоа не беше џин, туку пигмеј на кој што немаше ништо, ама баш ништо”, и меѓусебно се прашуваа како тоа било возможно. Но Критило рече: “Има ли разлика дали човек за некого зборува додека е тој жив или по неговата смрт. Колку присутноста го менува говорот? Колку е големо растојанието од она што е над нашите глави и под нашите нозе!”.

Измамите на тој модерен Синон се` уште не беа завршени. Сега тој се фрли на другата страна и зеде извонредни мажи, вистински џинови, и ги прогласуваше за џуџиња, за луѓе што ништо не вредат, што не биле ништо па дури и помалку од ништожни и се разбира на тоа сите рекоа: “Да, и тие за такви мора да важат без луѓето да промрморат со осуда и критика и без да се осмелат нешто да изговорат. Да, тој го претстави дури и Феникс, и рече дека тоа е бубачка. Сите изговараа дека тоа е тој и дека за тоа требаше да важи”.”[5]



[1] PLATO, Zbrana dela-Ljubljana : KUD Logos, 2009 KNJ. 2: Politik ; Parmenid ; Fileb ; Simpozij ; Fajdors ; Alkibiad prvi ; Alkibiad drugi ; Hiparh ; Tekmeca v ljubezni, stran 476.

[2] Превел М.П. ; RADĆ, Tomislav, Vox populi: zlatna knjiga poslovica svijeta/2.prošireno izd.-Zagreb : Nakladni zavod Globus, 1995, stranica 64.

[3] Ибидем, страница 62.

[4] LA Rochefoucauld, Francois de, Maksime : misli o človeški naravi-Ljubljana : Mladinska knjiga, 2007, stran 10.

[5] Грацијани во: ШОПЕНХАУЕР, Етика,-Скопје : Култура, 1998, страница 32-38.

  •