Русија

Еристичкиот трик прикриена евиденција, или игнорирање на спротивната евиденција (англиски: card stacking) е омилен еристички трик на д-р Денко Малески[1] кога се повикува на Тукидид.

Добар аргумент бара да биде опфатена целокупната евиденција. Испуштањето е скоро секогаш намерно и му дава на аргументот краткотрајна привидна важност. Типичен пример за овој трик е рекламата. Таа ни дава податоци само за добрата страна на производот. Ниту збор за лошата страна.[2]

Добар пример за овој трик е статијата што ја објавува словенечкиот весник Finance:

“Во Сан Марино, минатиот крај на неделата, на исклучително тешката и опасна патека се одржа светското новинарско првенство, на кое што нашата новинака Луција Бошник го освои второто место и стана светски вицепрвак во женска категорија. Зад светскиот првак, Италијанката Ilona Lazzaro, која што е професионален бициклист, на скоро 40-километарската патека, Бошникова заостана само четири минути. Lazzaro е запослена на промоцискиот оддел на фирмата Nike, што значи дека, помеѓу вистинските новинарки, Луција е недвосмислено најдобар бициклист на светот.”[3]

Значи, имаме Словенка светски вицепрвак, а со оглед да Италијанката е запослена во промоцискиот оддел на Nike, Словенката е прва на светот.

Меѓутоа, да ја погледнеме целокупната евиденција.

Среќниците што ја прочитале информацијата во книжниот облик на весникот, а не на интернет, наоѓаат друга вистина. Првенството било наменето за новинари во “за велосипедизам специјализирани медиуми”. Словенечкиот весник Finance пак, неспорно е таков весник (што не е точно), за разлика од Италијанката запослена во промоциската служба на мултинационалката Nike. Друга разлика е дека се натпреварувале само две и Словенката заостанала само четири минути.[4]

Писателот на веста за интернет, “заборавил” да спомне два важни податоци: Словенката, а не Италијанката, не ги исполнува условите за новинар во медиум специјализиран за велосипедизам и второ, дека Словенката стигнала на целта како последна. Така Словенката, со малку труд на новинарот, иако последна, стигнала прва.[5]

Јас во две колумни и еден научен коавторски труд (голем колку мала книга), напишав многу убави работи за Русија (правен сукцесор на СССР).

Напишав дури дека без Русија на Ленин и Сталин, нема да имаше остварување на правото на самоопределување на Македонскиот народ.

Автор на правото на самоопределување какво што го познаваме денес е Ленин.

Ерго, Ленин е најзаслужен за постоењето на Македонија како држава. Сталин, сето тоа што го напишал Ленин, го реализирал во пракса.

Затоа, кога ќе ви речат Бугарите; Сталин ја основа Македонската нација, вие само суво речете им дека Сталин му овозможи на Македонскиот народ, да го реализира правото на самоопределување. Тоа е вистината.[6]

Меѓутоа, Владимир Путин (доктор на правни науки) изјавува дека Ленин ставил “атомска бомба” под Русија.[7]

Тој смета дека давањето на автономија на регионите е главен виновник за пропаста на СССР. Идеите на Ленин ги оизначува како најголем виновник за најголемата геополитичка катастрофа.[8]

Путин, ги оспорува и мислите на Ленин, велејќи дека прво управувал со своите мисли, па дури потоа со земјата. Наведува дека тоа е добро, доколку мислите се исправни, но доколку не се, тоа е погубно.[9]

Путин тоа не го вели експлицитно, меѓутоа некако се насетува дека “бомбата” што ја поставил Ленин е правото на самоопредлување.

Доколку правото на самоопределување е “бомба”, тогаш таа бомба е поставена и во Обединетите нации. Токму на инсистирање на Русија (Сталин), правото на самоопредлување стана дел од Повелбата.[10]

Токму со правото на самоопределување на Ленин се ослободени сите колонијални народи, а во Европа се самоопредели македонскиот народ и со помош на Русија на Сталин, формира своја држава.

Од друга страна, Клетников изјавува дека Русија му понудила на последниот Претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов правна и секаква помош во спорот со Грција, но тој одбил.

Фактите велат нешто друго.

Последниот Претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов е единствениот овластен врз основа на функција од Македонија, кој што го употреби правото на самоопредлување во Обединетите нации.

Но, да ги оставиме Клетников и д-р Иванов ова сами да го расчистат.

За крај.

Доколку Русија, како што вели Клетников, сакала да ни помогне, зошто не го употреби мојот докторат (како што го употреби последниот Претседател на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов) и не вложи тужба за ништовност на Времената согласност против Грција и Македонија?

Јас во мојот докторат[11] длокажувам дека за спорот со Грција, постои actio popularis и Русија можела сама, во свое име, да вложи тужба против Грција и Македонија.

Па Русија е илјадагодишна држава.

Толку. Колку да не ми се префрла дека не ја наведувам целата евиденција (сите релевантни факти)  за односот на Русија кон Македонија за спорот за името.

За да бидеме мирни, единствено средство е да навлечеме кожа на најпросто животно.[12]

Смееме ли да бидеме мирни додека пред наши очи се укинува Македонскиот народ?



[1] Види, мојот докторат “ Problem imena države “Republika  Makedonija” v mednarodnem pravu”, достапен на интернет.

[2] BREGANT, Janez,  Zmota in napake v argumentaciji : vodič po slabi argumentaciji v družbenem vsakdanu, Janez Bregant, Boris Vezjak.-Maribor : Subkulturni azil, 2007, stran 90.

[3] Ибидем, страница 91.

[4] Ибидем.

[5] Ибидем, страница 92.

[6] Види, мојот докторат “Problem imena države “Republika Makedonija” v mednarodnem pravu”, достапен на интернет.

[8] Ибидем.

[9] Ибидем.

Секое заклучување од последицата кон причината е погрешно Шопенхауер) и затоа Путин неправилно заклучува.

[10] Види, мојот докторат “Problem imena države “Republika Makedonija” v mednarodnem pravu”, достапен на интернет.

[11] Ибидем.

[12] Грацијани во : ШОПЕНХАУЕР, Артур, Paraneze i maksime-Nova pazova : Bonart, 2001, stranica 70.

  •