Нотификација на Австриската државна спогодба

„Што е друго така неопходно потребно ако не секогаш да имаш в рака оружје, со кое што можеш да се чуваш себеси, да го предизвикаш бесрамникот, или нападнат, да удриш назад?”[1]

Германија и Австрија имплицитно признаа дека тие се најзаслужни за кршење на човековото право на самоопределување на Македонскиот народ. Германската левица[2] му даде награда од 10.000,00 евра на Заев за Преспанскиот, а веднаш потоа истрча Хан[3] и изјави дека е задоволен што толку допринел за Преспанскиот.

Со Австриската државна спогодба е поништен Хитлеровиот аншлус од 1938 и повторно е воспоставена Австрија, со државни граници од 1938. На 15. мај 1955 година склучена е Австриската државна спогодба, после десет години окупација од земјите победнички. Австриската државна спогодба ја склучија Русија, Америка, Англија и Франција како победнички, со Австрија. Кон спогодбата,  врз основа на член 37, се придружија Југославија, Чекословачка и Полска, како земји победнички, кои што на 8. мај 1945 година, беа во војна со Германија и беа членки на ООН.[4]

Југославија (тогаш ФНРЈ) ја ратификува Австриската државна спогодба на 14. ноември 1955 година. Овој факт е битен, бидејќи Македонија десет години пред тоа беше држава во рамките на Југославија и беше една од основачите на ООН и потписник на Повелбата на ООН на 26. јуни 1945 во Сан Франциско. Австрија тогаш ја немаше на картата на независни држави.[5]

 

За Македонија е битно да изврши нотификација на Австриската државна спогодба, за да може да ги заштити словенечкото и хрватското малцинство. Да им помогнеме на Словенија и Хрватска, како тие што ни помогнаа да си го смениме името. Братски.

Имено, со член 7 е одредена заштита на словенечкото и хрватското малцинство во Австрија, а словенечката надворешна политика не може да се одлучи дали да побара нотификација, или не.

Постапката во случај на спор е многу понижувачка за Австрија. Спорот им се предлага на четирите амбасадори во Виена , четирите некогаш окупациски сили Русија, Америка, Англија и Франција.[6]

Еден од проблемите при нотификацијата е што Австриската државна спогодба е од затворен тип. Но, вреди да се обидеме. Да си го зачуваме статусот на победничка Македонија, со поразена Австрија. До 1955, односно до склучувањето на Австриската државна спогодба, Австрија беше третирана како поразена земја.

Кога сојузниците во Московската декларација на 30. октомври 1943 запишаа дека Австрија беше првата жртва на нацифашизмот, Австрија истовремено ја предупредија дека е соодговорна за учество во војната на страната на Хитлерова Германија и дека сојузниците по завршувањето на војната ќе водат сметка за тоа дали Австрија допринела за ослободувањето. Австрија по војната се повикуваше на ослободителната војна во Корошка, а тоа впрочем беа словенечки партизани.[7]

За да не мисли Австрија дека секогаш ќе има во Македонија власт како Заев и д-р Мицковски, Македонија по нотификацијата ќе предизвика спор со Австрија во врска со член 4 од Австриската државна спогодба, за да ја оттргне од прегратката на Германија.

Имено, со член 4 од Австриската државна спогодба е забрането стопанско и политичко здружување помеѓу Австрија и Германија. Со влегувањето во ЕУ од страна на Австрија, членот 4 е прекршен, бидејќи Австрија и Германија се здружени, и политички, и стопански. ЕУ се претставува како супер држава.

Quando aliquid prohibetur, prohibetur ex directis et per obliquum.

Цитираното општо правно начело што го признаваат цивилизираните народи, значи; доколку е нешто забрането, забрането е, и директно, и индиректно. Законската забрана е забрана на последицата, а не на патот по кој што може да се постигне последицата. Затоа се однесува, како на непосредните, така и на посредните кршења. Значи, за кршење се смета и заобиколувањето на забраната. Тоа е изигрување на забраната.[8]

 

Да не се секира Австрија, ќе и помогнеме да се куртули од Германија. Не се сите во Македонија како Заев и д-р Мицковски.

Дека нотификацијата ќе биде успешна говори и прецеденсот што го имам за нотификација на Австриската државна спогодба.

Имено, Чешка ја нотифицира Австриската државна спогодба на 5. мај 2005 година.[9]

Правните аргументи за нотификација од страна на Македонија, се еднакви како кај Чешка. Не се работи за пристапување врз основа на член 37, туку за сукцесија по Југославија. Бидејќи оваа спогодба се чува во Русија, Министерството за надворешни работи на Русија ја објави на својата интернетна страница нотификацијата на Чешка. Правен аргумент е и фактот што Претседателот на Австрија, д-р Heinz Fischer на 19. април 2011 во Љубљана изјави дека правниот став на Австрија за сукцесијата, не претставува пречка за нотификација.[10]

Етичкиот аргумент е дека  непристојно е да и се оспорува сукцесијата на Македонија, во ситуација кога Македонија, преку Југославија, значајно и помогна на Австрија да се ослободи од Германија и повторно да стане независна 1955 година, десет години по Македонија.

Членството во Австриската државна спогодба значи ограничување и надзор над Австрија и нејзината стална неутралност.[11]

 


[1] Превел М.П. : CICERO, Markus Tullius, O govorniku; trije pogovori o govorniku, posvečeni bratu Kvintu-Ljubljana : Družina, 2002, stran 18.

[2] Една фондација блиска до левицата.

[3] Австрија.

[4] KRISTAN, Ivan, Osamosvojitev Slovenije in ADP : pogled z Dunaja in iz Ljubljane-1. natis.-Ljubljana : IUS software, GV Založba, 2016, stran 73.

[5] Ибидем.

[6] PETRIČ, Ernest, Spomini in spoznanja : diplomat, pravnik, politik-1. izd.-V Celovcu : Mohorjeva družba ; Mengeš : Center za evropsko prihodnost; Ljubljana; Zgodovinski inštitut Milka Kosa ZRC SAZU, 2018, stran 420.

[7] KRISTAN, Ivan, Osamosvojitev Slovenije in ADP : pogled z Dunaja in iz Ljubljane-1. natis.-Ljubljana : IUS software, GV Založba, 2016, stran 122.

[8] KRANJC, Janez, Latinski pravni reki-2.izd.-Ljubljana : Cankarjeva založba, 2000, stran 199.

[9] KRISTAN, Ivan, Osamosvojitev Slovenije in ADP : pogled z Dunaja in iz Ljubljane-1. natis.-Ljubljana : IUS software, GV Založba, 2016, stran 87.

[10] Ибидем, страница 122.

[11] PETRIČ, Ernest, Spomini in spoznanja : diplomat, pravnik, politik-1. izd.-V Celovcu : Mohorjeva družba ; Mengeš : Center za evropsko prihodnost; Ljubljana; Zgodovinski inštitut Milka Kosa ZRC SAZU, 2018, stran 426.

  •