Каде што започна студената војна, таму и завршува

Долготрајното повторно истражување и вреднување на Осилото[1] во контекст на меѓународните односи по Втората светска војна, помогнаа да се воспостави интелектуална подршка за студената војна.[2]

Joseph Gobbels, министер за пропаганда на Хитлер, кон крајот на војната ја предвиде можноста за судир помеѓу Западните сојузници и Советскиот сојуз. Токму тоа кај неговите будеше последна надеж дека ќе преживеат. Gobbels го употреби изразот „железна завеса” за допирањето на двата големи геополитички блокови, при поделбата на исцрпената Европа. Во 1946, овој поим го употреби Черчил во говорот во Fulton во Missouri, кога предупреди на опасноста со која се соочува сега Западот.[3]

„Студенатa војна помеѓу Америка и Русија, фактички ја предизвика грчката граѓанска војна и опасноста за независност на таа држава, каква што претставуваше Советскиот сојуз со своите сателити.”[4]

 

Британскиот министер Bevin (1945-1950) беше убеден дека Советскиот сојуз сака Средоземното море,од британско езеро, да го претвори во руско.[5]

Како што беше користена Дарвинистичката еволуција за оправдување на насилството од страна на Англија, додека беше светска сила[6], така се користеше и со геополитиката, која што не е наука.

Не се работеше за желба на Сталин да го претвори англиското езеро во руско езеро, туку во доследно спроведување на Лениновото право на самоопределување, кое што веќе беше дел од меѓународното право, односно на Повелбата на ОН, која што Сталин не ја потпишувал без правото на самоопределување[7]. Сталин беше министер за националности во владата на Ленин. Грузиец, кој што одлично ја познаваше оваа проблематика и доследно го спроведуваше учењето на Ленин за правото на самоопределување и по смртта на Ленин.

Ерго, од горното може да се заклучи дека грчката граѓанска војна беше за остварување на правото на самоопределување на Македонците во Грција и за обединување на Македонија. За Пиринска Македонија немаше проблем,  бидејќи Бугарија беше на страната на поразените држави. Доколку се реализираше правото на самоопределување на сите три дела, Македонија ќе беше во рамките на балканската федерација што се планираше. Како голема федерална единка, со многу народ.

„Во јуни 1947, по турнејата во Белград, Прага и Москва, Зхаријдис најави востановување „слободна” влада. Грчките комунисти очигледно беа убедени, дека можат да го изберат истиот пат како Тито четири години пред тоа. „Владата” беше „официјално” формирана во декември. Југословените отидоа толку далеку, што во Грција пратија дури доброволци-некаде десет илјади!-кои што ги зедоа од својата војска (потенцирал М.П.).[8] Бројни истражни извештаи на посебната комисија на Обединетите нации за Балкан утврдија исклучително значење на таа помош за Демократската армија (потенцирал М.П.). Преломот помеѓу Тито и Сталин пролетта 1948 година имаше непосредни последици врз грчките комунисти (потенцирал М.П.). Додуше, помош примаа до есента, меѓутоа Тито се одлучи за повлекување и на крај ја затвори границата.”[9]

Нашето образование поучува дека Тито му рекол не на Сталин, во стварност Тито ги предал грчките партизани и го спречил правото на самоопределување на Македонците во Грција. Во тоа време правото на самоопределување е најважно колективно човеково право предвидено со член 1, став 2 и член 55 од Повелбата на ООН.

 

Истото го тврди и вториот човек на словенечката УДБА: „За помош што му ја ветија на Запад, на цедило ги остави грчките комунисти кои што се бореа против Англичаните.”[10]

За предавството на Тито сведочи и друг словенечки извор: „Според друга теза, Тито му се замерил на Сталин заради то што пропаднала комунистичката револуција во Грција.”[11]

Во Македонија имало бази и болници за ранетите грчки партизани.[12]

Голи оток е резултат на предавството на Тито на грчките партизани. А Голи оток е дело на УДБА. Со Голи оток раководи удбашот генерал Јово Капичиќ. Низ најголемото мачилиште  по Втората светска војна, поминуваат околу 32.000 жртви од кои не се вратиле околу 2.000, според историчарот Владимир Дедиер.

Тие што ги предадоа грчките партизани од Македонија, го судеа и затворија Ченто, кој беше за правото на самоопределување на македонскиот народ. Тоа беше македонската УДБА.

 

Денес, како УДБОМАФИЈА[13], го спречија правото на самоопределување и на овој дел што преостана. УДБОМАФИЈАТА се наследниците на тие што ги предадоа грчките партизани.

И пак затворија еден Ченто.

 

Во 1995 година, како релативно млад адвокат, почнав да работам на рехабилитација и надоместок на сите што биле на Голи оток. Иако Законот за кривична постапка го имаа така направено, за да тоа биде невозможно. Во 1996 веќе имав неколку угледни жртви кои го поминале Голи оток, а подоцна сакаше да ми се приклучи цело здружение Голи оток, околу сто жртви.

После две години, УДБА ми се закани да престанам со работа и ништо да не преземам. Сеуште ги имам полномошната и снимените разговори со неколку жртви. Само да слушаш што им се случувало е претешко, а камоли да го издржиш сето тоа.

Вистинските мажишта што се бореле за правото на самоопределување во сите три дела се одстранети и никогаш не рехабилитирани. Денешната УДБОМАФИЈА се наследници на тие што македонските мажишта ги праќаа на Голи оток.



[1] Види мојот коавторски научен труд: Осило, или последна империјалистичка војна, достапен на интернет.

[2] PARKER, Geoffrey, Zahodna geopolitično misel v dvajsetem stoletju-Ljubljana: Fakulteta za družbene vede, 1997, stran 200.

[3] Ибидем.

[4] Превел М.П. : Ибидем.

[5] Ибидем, страница 201.

[6] Откако го загуби статусот на светска сила, Англија го напушти Дарвинизмот (Ибидем, страница 110).

[7] Ова го имам поопширно објаснето во друга колумна со помош на Антонио Касезе.

[8] Irene Lagni, Les komunistes des Balkans et La guerre civile geckue (Balkanskikomunisti in grška državljanska vojna), Communisme, št. 9, 1986.

[9] ČRNA knjiga komunizma: zločin, teror in zatiranje/Stephane Courtois…[et.al.]; [sodelavci Remi Kauffer…[et.al.]-Ljubljana: Mladinska knjiga, 1999, stran 403-404.

[10] Превел М.П. :SVETINA, Albert, Od osvobodilne boja do banditizma: pričevanje Alberta Svetine.-Ljubljana : Nova obzorja, 2004, stran 271.

[11] SAJOVOC, Bogdan, UDBA-V Ljubljani : Karantanija, 2006, stran 132.

[12] Ибидем.

[13] ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.

  •