Јаки вилици за јадење и лажење

Илјадниците, што пред нашите очи живеат во мирен сооднос, треба да се гледат како тигри и волци чии што силни вилици се осигурани од уште посилни вилици. Оттаму, кога државната принуда ја нема, секој разумен ќе затрепери пред помислата што може да очекува. Во такви моменти може да се види, колку малку човек полага на религијата, на совеста, или на моралот.[1]

Во услови кога до некоја мера сме заштитени со посилните вилици на државата, луѓето се јадеме со еристика.

Затоа, во некои колумни, ќе претставиме нов еристички трик. За да може мојот разумен читател да се одбрани од еристички трикови, на кои што секојдневно е изложен. Зашто, како што вели Аристотел („Органон”), доколку знаеме како не треба, на некој начин знаеме и како треба.

Од еристички трикови државата не` шити и така, доколку самите не сме способни да ги препознаеме еристичките трикови, стануваме жртви на тие што ги употребуваат. Целта на триковите е да се промени нашата волја со недозволени средства. Како оној трик што го употреби Меркел и компанија за да ни ја промени волјата за референдумот.[2]

„Лагата е како грутка снег: што повеќе се тркала, толку станува поголема и колку посилно сјае сонцето, толку побргу се топи.”[3]

Моиве текстови ја топат измамата Северна. Го осветлуваат правото на самоопределување како норма ius cogens.

Пишувајќи го ова водам сметка за етичката димензија на ова што го пишувам и се повикувам на најблагородната душа на сите времиња, Аристотел, кој што вели дека против оние што се служат со сите оружја во расправањето, со сите одбрамбени средства треба да им одговориме. За да не победат, дозволено е да им вратиме со сите средства.[4]

“При секое ново познанство, нашата прва мисла е дали овој човек некогаш нема за нешто да ни биде потребен. Кога овој ништо не може, тогаш најчесто, штом во тоа ќе се убедиме, и самиот станува ништо.”[5]

Ерго, доколку при квалификацијата сме го избегнале она ништо, во животот сме цел на вилиците на оние тигри и волци од луѓе околу нас, или доколку функционираат поголемите вилици (државата) тогаш волците и тигрите околу нас вилиците ги користат за еристика и со неа ги јадат жртвите.

Еристика е говорот на сите наши политичари без исклучок, затоа што за силогистика не се способни. Еристика е еден нечесен начин на борба во расправата, со цел победа во неа. Еристичкиот доказ е привиден доказ, кој мами.[6]

„Да пукаа главите од лаги, како од боздогани, ниедна не би останала здрава.”[7]

За да не дојдете во ситуација да бидете жртва на вилиците, или на еристиката, прва мудрост е да го процените карактерот. А тој се проценува според делата. Освен тоа, карактерот е непроменлив, што значи никако комуницирање со човек за чиј што карактер сме се увериле дека е лош.

Во продолжение еден пример за вилиците и еден нов еристички трик употребен од еден наш медиум.

“На 24 март Шпанецот Агилар , алиас Гомез, е осуден на смрт. На денот на стрелањето во разговор со еден затворски чувар, тој рече: Не сум толку виновен колку што ме прикажуваат. Обвинет сум за триесет извршени убиства, а извршив само 26. Од детството бев жеден за крв. Кога имав седум ипол години прободев едно дете. Убив и една трудна жена и подоцна еден шпански офицер, како резултат на што се чувствував принуден да избегам од Шпанија. Избегав во Франција, каде што направив две злодела, пред да стапам во легијата на странците. Од сите мои злодела се каам за следното: во 1841 година, на чело на мојата единица, заробив еден генерал-комесар, кој беше спроведен од еден наредник, еден каплар и седум војници: јас сите нив ги обезглавив. Смртта на овие луѓе ми е тешко бреме. Во моите соништа постојано ги гледам построените војници и утре ќе ги видам како пукаат во мене. И покрај тоа не дека помалку би убивал други, кога би ја добил повторно мојата слобода.”[8]

 

Еристичкиот трик прикривање противдокази, на англиски ignoring (denying) thecounterevidence, е тип на трик нерелевантност.

Опис: Негирањето на противдоказите  како трик е многу блиску на трикот прикриена евиденција, што го дефинирафме и објаснивме во колумната “Русија”. Разликата е во тоа што во последниов е во тоа што активно ги прикриваме доказите и со тоа мамиме, за некого да го убедиме во нашиот заклучок. При негирањето на противдоказите пак, сакаме евиденцијата што му противречи на нашиот заклучок, да ја ставиме под тепих. Се правиме како доказите да не ни можат ништо и дека лесно можеме и без нив, иако сме свесни за нив. Заради тоа, овој трик ретко се употребува, а го употребуваат “најхрабрите”, кои што не веруваат во научни вистини и факти.[9]

На пример: “Моите ставови до абортусот се чисто моја работа. Треба да се забрани, освен во случај на силување. Твоите ставови воопшто не ме интеесираат и нема да ме убеди ниедна аргументација за тоа, дека жените имаат некакво право на избор.”[10]

Пред извесно време овој трик го употреби еден медиум близок до ВМРО ДПМНЕ.

Во насловот наведува: “Нема интерес за вакцината: анкетите покажуваат дека четвртина од Американците не планираат да примаат вакцина против Ковид-19.”[11]

Медиумот е “лудо храбар”. Со самиот факт што една четвртина не планираат да примат вакцина, медиумот не известува дека останатите три четвртини ќе примат вакцина. Поради тоа заклучокот на медиумот дека Американците не се интересираат за вакцина е во спротивност со фактот дека три четвртини ќе примат вакцина. А три четвртини е повеќе од една четвртина.

Понатака медиумот вели дека 14% од испитаниците рекле дека не се заинтересирани за вакцина, а дека 11% не одлучиле.[12]

Медиумот го игнорира фактот дека од она што ни го соопштува произлегува противдоказ, дека оние што нема да примат вакцина се помалку од една четвртина, што значи дека медиумот сака да не излаже. Да не дезинформира: Американците нема да се вакцинираат. Америка е најголема светска сила. И јас нема да се вакцинирам

 


[1] ШОПЕНХАУЕР, Артур, Етика-Скопје : Култура, 1998,  страница 264.

[2] Прашањето требаше да биде едно, а тие ни поставија три прашања.

Аристотел (“Органон”, последна глава: Софистички побивања) го дава примерот со еден човек и жена му и прашува: дали тој и жена му се дома или не се дома. Не може да се одговори со еден одговор, бидејќи има две прашања. Можно е тој да е дома, а жена му да не е дома.

Меркел и компанија не успеаа и со ваков нечесен начин на борба да му ја скршат волјата на Македонскиот народ.

[3] Превел М.П. : RADIĆ, Tomislav, Vox populi: zlatna knjiga poslovica svijeta/2. prošireno izd.-Zagreb: Nakladni zavod Globus, 1995, strani a 119.

[4] ARISTOTEL, Organon, Kultura, 1970, Beograd, strani a 476.

[5] ШОПЕНХАУЕР, Артур, Етика-Скопје : Култура, 1998,  страница 229.

[6] ARISTOTEL, Organon, Kultura, 1970, Beograd, stranica 607.

Јас обично го давам примерот кога Тајсон му го гризна увото на Холифилд.

[7] Превел М.П. : RADIĆ, Tomislav, Vox populi: zlatna knjiga poslovica svijeta/2. prošireno izd.-Zagreb: Nakladni zavod Globus, 1995, stranica 119.

[8] ШОПЕНХАУЕР, Артур, Етика-Скопје : Култура, 1998, страница 145-146.

[9] BREGANT, Janez,  Zmota in napake v argumentaciji : vodič po slabi argumentaciji v družbenem vsakdanu, Janez Bregant, Boris Vezjak.-Maribor : Subkulturni azil, 2007, stran 93.

[10] Ибидем.

[12] Ибидем.

  •