Америка и правото на самоопределување

Во докторатот тврдам дека предметот Меѓународни односи не е наука. Тоа тврдење го докажувам. Д-р Петрич иако предава и Меѓународни односи, таквото тврдење го прифаќа, бидејќи логички го докажувам.

 Овој заклучок е особено важен за Америка.

Имено, за разлика од Англија, која откако ја загуби моќта, се откажа од Дарвиновата теорија (за оправдување на употреба на сила), Америка сеуште е жртва на учењето на Моргентау. Овој германски Евреин, бега во Америка пред нацизмот и успева да ја камуфлира силата во наводна наука, која што Америка ја применува до денес.

Горното тврдење е битно за да се разбере однесувањето на Америка (САД) во спорот за името.

Кисинџер вели дека Американците се склони кон лесни решенија.

Тоа според мене е еуфемизам за кршење на правото од страна на Америка. Тоа значи дека Америка го практицирала Моргентау, уште пред тој да стапне во Америка.

Ерго, Америка била склона кон учењето на Моргентау. Затоа и толку лесно го прифатила.

Многу појасен од мене е еден од најголемите умови на сите времиња, Шопенхауер:

“Спротивно на ова, во Соединетите држави на Северна Америка гледаме обид, без таков произволен темел да се воспостави владеење на чисто апстрактно право. Само, успехот не е примамлив, бидејќи и покртај сиот материјален просперитет на оваа земја, ние во неа-како јавно мнение-наоѓаме простачки утилитаризам и неговиот нераздвоен придружник-незнаењето, елементи кои го подготвија патот за англосаксонското лицемерие, глупава суета, брутална суровост, со приглупо обожување на жените. Во таа земја наоѓаме и уште многу ствари, како што се грозното ропство на црнците, законот на линчот, нарачани убиства кои често остануваат неказнети, нечуено брутални двобои, повремено отворено потсмевање со законот, одбивање да се вратат државните долгови, неприфатливи политички измами на соседните области, после кои доаѓаат пљачкашки походи, подоцна разубавувани со користење на очигледни невистини на кои сите им се потсмеваат, се` поприсутна и поголема охолократија и конечно, совршено штетно влијание кое споменатото негирање на праведноста, мора да го има на приватниот морал на граѓаните.[1]

Шопенхауер ова го пишувал пред два века, а како да е пишувано пред два дена.

Тој уште додава:

“По повод разните непријатни ствари-како што се одбивањето да се вратат државните долгови, пљачкашките походи и слично-Англичаните ги потсетуваа жителите на Северна Америка, дека тие водат потекло од една англиска колонија, составена од престапници; иако ова важи само за мал дел од споменатите жители.”[2]

И денес, два века по Шопенхауер, Америка е иста.

Еве како американските професори го заобиколуваат правото на самоопределување на Доминиканската република:

“Кога комунистите еднаш ќе добијат надзор на владата, слободата и самоопределувањето нема повеќе да бидат возможни.” Заради тоа имавме право на посредување. Имавме право и како самоодбрана пред “вооружен напад”, или “посредна агресија”: доколку комунистите успешно започнеа отпор, би можело нивното делување да се смета за вооружен напад на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Доминиканската република.”[3]

За мене оваа аргументација на американски професор е беден еристички трик argumentum ab utili. Вистинито е затоа што е корисно за Америка. И се обраќаме на волјата на нашите слушатели и можеме под привидот на доказ да подметнеме разни глупости.

И во случајот на спорот за името парадира еристичкиот трик argumentum ab utili: корисно е да се промени името (да се прекрши правото на самоопределување), бидејќи Македонија ќе стане членка на НАТО и ЕУ. Така, поимот вистинито, се заменува со поимот корисно.

Затоа, Сократ го проколнил оној што прв ја одвоил корисноста од крепоста (доблеста). И Аристотел (“Никомахова етика”) докажува дека корисноста е веќе опфатена со доблеста.

Дава надеж фактот што не сите американски професори се служат со еристички трикови, на кои правото на самоопределување им е играчка (Моргентау) која ја употребуваат во своја корист:

“А во аргументите на професорите Thomas и Berl секогаш се чувствуваше уште еден пристап. На тврдењето, дека е јасно, дека ОАС не можела да носи “присилни мерки” без соодветни одобренија по член 53, став 1 од Повелабата на ОН, Berl одговори: “На стародавните судски расправи на општото право ‘човек со најосновани разлози на светот го фрлаа од суд, затоа што неговите адвокати заборавиле да употребат соодветни стручни изрази.’ Мислам дека не можеме правата на народите, безбедноста на народите, да им ги препуштиме на таквите технички подробности. “ Поинаку кажано, како што можеме да смислиме со повторно размислување, што можеби беше интуитивен зрак на незграпност на поформалното-иако сосема деформализирано-аргументирање, заговорниците на посредувањето сакаа сосема да го отфрлат значењето на правните аргументи. Не без нетрпение, Berl се качи на говорницата и јасно кажа, дека правната расправа, некако ја промаши суштината: “Тука сериозно се занимаваме со сериозни работи, се работи за живот или смрт, а не за бесконечен византиски легализам без смисол и резултат.” Подоцна, постави и реторичко прашање, кое потсетуваше на тоа што го напишаа Schmitt и Morgenthau: “Дали во меѓународните кризи сакате мерки, или сакате само зборови? Можеме да се впуштиме во разновидни расправи и одолговлекувања. Можеме бесконечно да се повикуваме на овој, или оној орган, на Советот за безбедност, на силите со право на вето и повторно назад. Дали е тоа меѓународно право, или меѓународна фарса?”

Соочен со такви аргументи, професорот Friedmann призна, дека се чувствува “малку, како Алиса во земјата на чудата”, особено што се однесува до “неверојатното тврдење, дека револуцијата што се случила, била напад на Соединетите американски држави, што ја оправдува самоодбраната.” Потоа се нафрли на противформалистичката теорија на своите соговорници. Тврдеа, дека црната и белата не можат соодветно да ги прикажат односите во светската политика: “Сите знаеме, дека многу правни ситуации се отворени и различно се толкуваат, меѓутоа, конечно, правото е ствар на црно и бело, или немаме што да бараме тука и да тврдиме дека сме правници…тврдам, дека мораме да побараме одговор во смисол што е правилно, а што погрешно. “ На аргументот на Berl, дека треба да се размислува во смисол на преземање мерки , а не зборови, Friedmann одговори: “Мислам дека, како правен аргумент, тоа е опасно, бидејќи-без оглед на тоа дали ни се допаѓа или не- правото темели на зборови, зборови, кои што се изразени во статути, меѓународни договори, конвенции, во обичајното право.”[4]

Стапот има два краја.

Сега Русија го грабна стапот и нема намера да го остави.

Колку побрзо Америка се врати кон правото, толку помалку можност Русија да не убедува дека Меѓународните односи се наука, а не “франкештајн”, како што тврдам јас. Руските заговорници стапот на Моргентау уште го опремуваат со руски мистицизам, за оправдување на ова “учење”.

Кога американскиот научник Хантингтон ги предупреди американците на ова, во Оксфорд беше обвинет дека неговата книга е еристички трик “самоостварувачко пророштво”.

Не било така.

Погодил човекот.



[1] ŠOPENHAUER, Artur, Parerga i paralipomena: Beograd: Dereta, 2013, str.97-98. (Превел М.П.)

[2] Ибидем, стр 74. (Превел М.П.)

[3] KOSKENNIEMI, Marti, Blagi prosvetitelj narodov: vzpon in padec mednarodnega prava-Ljubljana: Založba Fakultete za družbene vede: Ministrstvo za zunanje zadeve Republike Slovenije, 2012, str. 471-472.

[4] Ибидем, стр. 472-473.

  •