Зошто загуби ВМРО ДПМНЕ и зошто мора да се отстрани

Пред стогодишнината од првата светска војна, повеќе западни научници пишуваа дека ситуацијата многу наликува на условите пред Првата светска војна.

Заедно со д-р Татјана Петрушевска напишавме стручен труд “Осило”, во кое зазедовме свој став по тоа прашање, кое во најголем дел се потврди.

Пред се, западните научници мислеа, дека она што не им успеа на Британците со Украина за време на Октомврсиката револуција, ќе им успее сега. Понудата беше иста: право на самоопределување на Украинците. Овој пат смешно; Украина веќе го реализира правото на самоопределување без капка крв.

Британците загубија и пред сто години, загубија и сега.

За доказите за овој заклучок, проверете во заедничкиот труд со д-р Татјана Петрушевска “Осило, или последна империјалистичка војна”.

Откако учењата на западните научници не се потврдија за Првата светска војна, сега некои западни научници тврдат дека условите во светот многу наликуваат на условите пред Втората светска војна.

Кога ќе се спомне Втора светска војна, првата моја негативна асоцијација е Хитлер, а првата позитивна асоцијација е Сталин.

Единствениот филозоф кого го спомнува Хитлер е Шопенхауер[1].Тој дури и го парафразира Шопенхауер, без да каже дека се тоа негови мисли: “Еврејската држава никогаш не била територијално ограничена. Таа секогаш била универзална од гледна точка на својата територија, но многу ограничена од гледна точка на својот расен состав. Затоа овој народ секогаш правел држава во држава. Еден од најгенијалните трикови измислен од Евреите и нивната умешна шпекулативна размена на нивната држава за “религија” со која си обезбедиле толерантен однос од страна на аријците, познати по својата религиозна трпеливост. Всушност религијата на Мојсеј не е ништо друго освен зачувување на еврејската раса. Затоа таа ги опфаќа сите научни области неопходни за тоа, вклучувајќи ги тука и социологијата, политиката и економијата.”[2]   

За да не ми биде префрлено за petitio principiмојот разумен читател нека го прочита Шопенхауер.[3]

За веднаш да стане јасно дека Хитлер го злоупотребил Шопенхауер, фактот дека токму Шопенхауер е татко на последниот голем филозоф Ниче, на најголемиот писател Толстој и на Фројд.

Еве само неколку мисли на оваа префинета душа за неговата љубов кон луѓето[4]:”…луѓето со кои стапуваме во допир не ги проценуваме врз основа на нивните вредности и достоинство, значи, не го разгледуваме ни лошотилакот на нивната волја, ниту ограниченоста на нивниот разум. Затоа што првото кај нас би побудило омраза, а другото презир кон нив. Ние, ги земаме во предвид само нивните страдања, маки, нивниот страв и болки. На тоа место ние чувствуваме сродност со нив, па наместо омраза и презир, кон нив негуваме симпатија…”[5]

Па, како се случило Хитлер, така да го злоупотреби Шопенхауер?

Оној што е во состојба да помисли дека постои некое нечовечко битие, кое луѓето ги известува за својата природа, смисолот на светот и на животот на луѓето, тој мора да биде големо дете. Нема друго откровение, освен мислите на мудрите луѓе. Но, доколку ги земеме огромните интелектуални разлики кои што постојат помеѓу луѓето, тогаш мислите на едните се откровение, во споредба на мислите на другите.[6]

Хитлер, кога го прочитал Шопенхауер, доживеал некакво откровение, како интелектуално инфериорен и решил да ги истреби Евреите, а на на нивно место со нивни методи да ги постави Германците.

За разлика од него Шопенхауер:”…помисли на грозното прогонување и истребување на Евреите и Маварите во Шпанија…”[7]

Второ средство што го употребувал Хитлер, бил комунизмот.

Не затоа што го ценел, туку затоа што бил ефикасен.

Хитлер е првиот што го победи комунизмот во Германија.

Со комунистички Методи.

Како што Евреите истребувале некогаш[8]решил тој да ги истреби нив и да го заземе нивното место во светот и како што комунистите делувале решил и тој да делува, за да ги победи комунистите: “Во 1913-1914 година за прв пат, во различни кругови (мнозина од тие луѓе му останаа верни на национал-социјалистичко движење), го искажав своето убедување дека главното прашање кое има решавачко значење за судбината на германската нација е прашањето за уништување на Марксизмот.”[9]

Од комунистите, како најголеми мајстори за пропаганда, научил како да се служи со пропаганда.[10]

“Ни беше јасно дека пропагандата секогаш треба да им се обраќа само на масите. За интелигенцијата не е нужна пропаганда, нужни се научни знаења (потенцирал М.П.). Како што плакатот сам по себе не е уметност, така и пропагандата, според својата содржина, не е наука. Целата уметност се сведува на тоа да ги натераш масите да поверуваат дека некој факт реално постои, дека некоја неопходност е неизбежна, дека некој заклучок е правилен итн.”[11]

Е, сега, доаѓаме до најголемата заблуда на Хитлер, која е и причина за пропаст на Хитлер, како и на ВМРО ДПМНЕ, која го практицираше до својот пад: “Задача на водачот-творец на нова програма-не се состои во тоа да го премерува од сите страни степенот на применливост на таа програма туку, колку што може појасно, да ја покаже нејзината суштина. Тоа значи дека таквиот деец е должен повеќе да мисли за самата цел отколку за патот кон неа.”[12]

На ова место е јасно, дека се поучил кај Шопенхауер, дека волјата е господар, а интелектот слуга, но го превидел оној дел од Шопенхауер, каде што Шопенхауер тврди дека постојат големи интелекти (гениј), кои што и ја завршуваат сета работа на волјата и сеуште им останува доволно време да ја анализираат волјата. Тогаш, акцидентално, интелектот станува господар, а волјата слуша.[13]

“Постои само една сериозна и непосредна препрека која волјата може да ја има во интелектот како таков, но таа препрека треба да се смета само како посебен случај. Таа е последица на невообичаена превага на интелектот над волјата на највисокиот степен на неговиот развој, односно тоа е последица на голема надареност, која се нарекува генијалност. Имено, таквата надареност е очигледна пречка за енергијата на карактерот и сходно на тоа на способноста за делување.”[14]

Уште појасно е ова кај најголемиот ум: “Меѓутоа, не расудуваме за целите, туку за средствата за постигање на некоја цел. Лекарот не расудува, дали да лечи, говорникот не, дали да наговара (убедува), државникот не, дали да создаде добро уредена држава, како и ниеден друг стручњак не расудува за целта. Целта е јасно поставена, спорно е само, како и по каков пат може да се постигне.”[15]

Мечки лови оној што може, а не оној што сака (руска поговорка).

На Хитлер не му помогнало тоа што размислувал за целта; сакал да лови мечки.

Сега е за секого очигледна глупоста на Хитлер; да се размислува за целта, а не за средствата.

Така постапуваше и ВМРО ДПМНЕ.

Некои цели се толку тешко остварливи, што за нив средствата можат да ги изнајдат само генијални умови.

“Услов за генијалност, која постои толку ретко, е многу поголема количина на интелигенција отколку што тоа го бара служењето на волјата, која е темел на интелигенцијата. Само тој вишок на интелигенција, кој што значи, се ослободува, навистина го посматра светот, односно го сваќа сосема објективно, а потоа го слика, пишува песни и мисли во склад со тие сваќања.”[16]

Хитлер и ВМРО ДПМНЕ, размислувале само за целта, а не за средствата за постигнување на целта. Според Аристотел и Шопенхауер, затоа и завршија, така, како што завршија.

“Si vis tibi omnia subjiccere rationi.[17]

Хитлер и ВМРО ДПМНЕ, наместо да му се потчинат на умот и се потчинија на волјата. Затоа завршија, така како што завршија.

Хитлер си остана доследен и служеше до крај на волјата.

ВМРО ДПМНЕ нема ни македонска волја. Дека ова не е petitio principi, докажав во последните десетина колумни на мојот сајт.

Ова е мој обид да ги проверам своите реторички способности и да ги убедам оние 370.000 луѓе што гласаа за д-р Силјаноска, да не гласаат за ВМРО ДПМНЕ на наредните избори и оваа партија да пропадне како штетна за Македонскиот народ.

“Речитоста е способност во другите да ги побудиме своите сваќања за некоја ствар, или своето мислење за неа[18], во нив да го запалиме чувството кое што таа во нас го предизвикува и така да ги наведеме со нас да ги споделат нашите склоности; а сето тоа го постигнуваме со помош на зборови текот на нашите мисли, ги воведуваме во нивните глави и тоа со таква снага, да тој тек, нивниот сопствен тек го пренасочува од патот по кој тргнал и го повлекува со себе. Мајсторското дело ќе биде толку поголемо доколку повеќе се оддалечил нивниот правец на мисли од нашиот.”[19]

Како што докажав во претходните колумни, во ВМРО ДПМНЕ нема ум. Таму се врв “три невесте” и “клисарот” на д-р Фрчковски.

И третиот метод на владеење на ВМРО ДПМНЕ е позајмен од Хитлер. Комунизмот, го замени со црквата, наместо стариот наркотик комунизмот: “Треба да ја одбележиме и засилената борба против догмите на секоја црква. Широките народни слоеви не се состојат од филозофи. За повеќето луѓе, верата е често единствената основа на моралниот светоглед. Ако сакаме религиозните учења и верата да господарат со умовите на широките народни маси, должни сме да се стремиме кон тоа религијата да има безусловен авторитет.[20]Она што за државата се основните закони, за религијата се нејзините догми. Само благодарение на догмата, религиозната идеја која може да се толкува најразлично, ќе добие одредена форма без која нема вера. Без одредени догми на црквата, религијата би останала само филозофски поглед и ништо повеќе. Затоа борбата против догмите на црквата е иста како и борбата против основните закони на државата. Последната води до државна анархија, а првата до религиозен нихилизам.”[21]

Во Европа сонцето на сознанието и науките светна кон крајот на XV век и тоа со појавата на византиските мислители кои што побегнале од Цариград.

“Тоа сонце, во текот на XVI и XVII век се повеќе се креваше на небото на сознанието, додека конечно не ја растера густата магла на средниот век. Напоредно со неговото кревање, постепено пропаѓаа верата и црквата, па во XVIII век англиските и француските мислители можеа директно да се нафрлат на нив. Најпосле, за време на владеењето на Фридрих Велики, се појави Кант, кој на верата и ја одзеде потпората на филозофијата. Тој ја еманципира Ancilla theologiae (слугинката на теологијата) така што на целата ствар и пристапи со германска темелитост и сталоженост, сериозно и без лекомисленост. Денес, како последица на тоа се соочуваме со едно знатно ослабено христијанство кое грчевито се бори за својот опстанок, додека грижливите владетели настојуваат да го одржат во живот со вештачки надразнувачки средства, личејќи со тоа на лекари кои на човек пред умирање под нос му ставаат мошус, настојувајќи така да му го продолжат животот(потенцирал М.П.).”[22]

“Би сакал да имам вистински список на сите злосторства кои христијанството навистина ги има спречено[23]и сите добри дела кое тоа навистина ги сторило, за да можам да ги ставам на другиот тас на вагата.”[24]

За време на кралот Алфред Велики, тие што знаеле да читаат и да пишуваат, биле ослободувани од смртна казна[25], а ВМРО ДПМНЕ  стариот наркотик го замени со нов.

Но ВМРО ДПМНЕ, нема ни македонска волја.

Еве пример за вистинска волја: “Поради тоа, ретки се луѓе-ги има само помеѓу Шпанците, Турците и можеби Англичаните-кои и во најпредизвикувачките  прилики не губат присебност, мирно продолжуваат да изучуваат и да ги толкуваат состојбите на стварите… поставувајќи и понатака прашања, таму каде што други би биле надвор од себе, а тоа секако не е мирнотијата на многу Германци и Холанѓани, која темели на тромост и тупавост. Во претставувањето на таа вредна особина, ненадминлив беше Ифланд како козачки хетман (атаман) во Коцебуовата драма Бенјовски. Кога заверениците го намамиле во шаторот и под нос му ставиле пушка, заканувајќи му се дека ќе пукаат доколку писне, тој дува во цевката да види дали е наполнета (превел М.П.).”[26]



[1]Хитлер, Адолф, Мојата борба-Скопје, Ѓурѓа, 2005, страница 253.

[2]Ибидем, страница 184-185.

[3]ШОПЕНХАУЕР, Артур, Parerga i paralipomena-Beograd, Dereta, 2013, stranica 106-108.

[4]Аристотел во “Никомахова етика”, вели дека просечниот човек е лош.

[5]ШОПЕНХАУЕР, Артур, Parerga i paralipomena-Beograd, Dereta, 2013, stranica 47.

[6]Ибидем, страница 199.

[7]Ибидем, страница 193, превел М.П.

[8]Ибидем, страница 194-195.

[9]Хитлер Адолф, Мојата борба-Скопје, Ѓурѓа, 2005, страница 188.

[10]Ибидем, страница 201.

[11]Ибидем, страница 202.

[12]Ибидем, страница 215.

[13]ŠOPENHAUER, Artur, Svet kao volja i predstava-Beograd:Grafos, 1981, stranica 256.

[14]Ибидем, страница 257-258.

[15]ARISTOTELES, Nikomahova etika,-reprint iz leta 1994-V Ljubljani: Slovenska matica,2002, stran 103.

[16]ŠOPENHAUER, Artur, Svet kao volja i predstava-Beograd: Grafos, 1981, stranica 338.

[17]“Доколку сакаш се да потчиниш, тогаш потчини му се на умот (превел М.П. , Сенека во: ибидем, страница 79).

[18]во случајов за ВМРО ДПМНЕ.

[19]ŠOPENHAUER, Artur, Svet kao volja i predstava.Beograd: Grafos, 1981, stranica 142.

[20]Тоа ВМРО ДПМНЕ го постигна.

[21]Хитлер, Адолф, Мојата борбаа-Скопје, Ѓурѓа, 2005, страница 238.

[22]ШОПЕНХАУЕР, Артур, Parerga i paralipomena-Beograd: Dereta, 2013, stranica 180-181.

[23]Вклучувајќи го и укинувањето на Македонскиот народ.

[24]ŠOPENHAUER, Artur, Svet kao volja i predstava-Beograd : Grafos, 1981, stranica 222.

[25]ШОПЕНХАУЕР,Артур, Parerga i paralipomena-Beograd : Dereta, 2013, stranica 101.

[26]ŠOPENHAUER, Artur, Svet kao volja i predstava-Beograd : Dereta, 2013, stranica 249.

  •