ВМРО ДПМНЕ го лажеше Македонскиот народ дека е негов заштитник

Кој пишува со крв и во изреки, не е доволно само да се чита, туку треба да го учиме наизуст.[1]

“Пријателството е како стакло: кога еднаш ќе го разбиеш, повеќе нема да го составиш (Руска).”[2]

“Како што потенциравме на почетокот, до раздор помеѓу пријателите доаѓа тогаш, кога не се пријатели во она значење, како што едниот, или другиот си претставува. Доколку А сам себеси се лаже и си умислува дека Б го сака заради неговиот карактер, иако Б не му дал ниеден повод за таква претпоставка, тогаш А нека си ја припише вината себеси. Доколку пак Б, со своето преправање свесно го измамил А, тогаш А може сосема оправдано да го осуди Б и тоа дури повеќе отколку фалсификаторот на пари[3]. Толку повеќе, колку поголема е вредноста против која што се огрешил Б (потенцирал и превел М.П.).”[4]

Argumentum a minori ad maius.[5]

ВМРО ДПМНЕ се претствуваа за верни пци кои го чуваат стадото, а СДСМ ги претставуваа како волци кои што сакаат да го изедат стадото.

ВМРО ДПМНЕ се преправаше дека си го сака Македонскиот народ. Тоа го докажав со фактот што пред десетина години на д-р Груеваски му ја доставив магистерската, која што тврдеше дека Времената е ништовна. Дека го крши правото на самоопределување, кое што е норма ius cogens. Тој ми одговори дека ми благодари за петицијата. Мојата магистерска ја нарече петиција.

Наместо мојот став; дека Времената е невалидна, д-р Груевски го примени ставот на д-р Дескоски, дека Времената е валидна и судски[6]го уби Македонскиот народ.

“Мајката на убиениот спие, но не и мајката на убиецот (Арапска).[7]

Уште поголем доказ дека ВМРО ДПМНЕ се преправаше дека го сака Македонскиот народ е фактот што д-р Ѓорге Иванов, како Претседател на Република Македонија, на Генералното собрание на ОН на 27.09.2018.година го употреби моето правно средство, што значи дека се откажа од пресудата на д-р Дескоски.

Тој е единствениот македонски државник што призна дека бил ставен во заблуда од ставот на д-р Дескоски и го употреби мојот став. Со тоа докажа, дека само тој го сака Македонскиот народ.

Доколку мојава претходна аргументација е правилно изведена, тогаш Македонскиот народ треба најстрого да го казни ВМРО ДПМНЕ за тоа што се преправаше дека го сака Македонскиот народ. Доколку Аристотел предлага смртна казна за тој што се преправа дека некого го сака, дотолку повеќе најстрого треба да биде казнет ВМРО ДПМНЕ за тоа што се преправаше дека го сака Македонскиот народ. Го предаде цел Македонски народ. Овој математичаров[8]му го отвори белиот кокошарник на Заев и овој по потреба си земаше петли и кокошки да гласаат за укинување на Македонскиот народ.

Значи, Партијата на Македонскиот народ кога ќе формира влада, веднаш треба со закон ВМРО ДПМНЕ да ја прогласи за злосторничко здружение против Македонскиот народ и да ја отстрани од политиката.

“После предавството, предавникот е непотребен (Шпанска).”[9]

Нема ништо погнасно од некој што ти се прави пријател и те предава.

Затоа, според Шопенхауер, Данте предавниците ги сместил во деветтиот круг.

Од СДСМ Македонскиот народ не очекуваше ништо добро и затоа не им дозволуваше да дојдат на власт. За да се отстрани опасноста, во три колумни во текот на 2011 и 2012 предлагав да се донесе закон со кој што комунистичкиот режим ќе се прогласи за злосторнички. Така направи Чешка. Доколку ВМРО ДПМНЕ го реализираше мојот предлог, СДСМ ќе беше отстранета како правен сукцесор на комунистичкиот режим, а со тоа и отстранета опасноста за укинување на Македонскиот народ.

ВМРО ДПМНЕ не го направи тоа. Се однесуваше како депанданс на УДБА, а знаеме дека УДБА беше ударна тупаница на комунистите.

Значи, ВМРО ДПМНЕ не е ни партија. Тоа е депанданс на УДБА.[10]Тоа значи дека ВМРО ДПМНЕ[11]одговара пред УДБА, што значи не е никаква политичка партија.Најмалку партија што ги штити интересите на Македонскиот народ, за каква што се претставуваше.

“Волците им рекле на кучињата: “Кога, веќе, во се сте слични со нас, зошто не сте и еднодушни со нас, како браќа? Та во ништо не се разликуваме од вас, освен во мислата. Ние живееме и умираме за слобода, а вие им се потчинувате и им робувате на луѓето, а од нив добивате удари, носите синџири, а и овците им ги чувате. Кога јадат, вам само коските ви ги фрлаат. Туку, ако не послушате, дајте ни ги нам сите стада, па се заедно да јадеме, до ситост.” Кучињата го послушале тоа, а овие, влегле внатре во трлото и прво кучињата ги убиле.

 

Оти, таква плата примаат оние, кои ја предаваат својата татковина.[12]



[1]НИЧЕ, Фридрих, Tako je govorio Zaratustra: knjiga za svakoga i ni za koga-(3.redigovano i popravljeno izd.).-Beograd: Grafos,1990, stranica 43.

[2]Превел М.П., RADIĆ, Tomislav, Vox populi: zlatna knjiga poslovica svijeta, 2.prošireno izdanje-Zagreb : Nakladni zavod Globus, 1995, stranica 247.

[3]Во Атина фалсификаторите на пари ги осудувале на смрт.

[4]ARISTOTELES, Nikomahova etika-Reprint iz leta 1994.-V Ljubljani: Slovenska matica, 2002, stran 276-277.

[5]Argumentum a fortioriе интерпретациски аргумент, со кој утврдуваме, дека правната последица, која што се однесува на одредена примарна, или секундарна хипотеза, важи дотолку повеќе (a fortiori) во случај кој има во уште поголем квалитет (уште поинтензивно) својствата, кои што се услов за правната последица, како непосредно правно (нормативно) уреден случај (PAVČNIK, Marijan, Argumentacija v pravu-2.spremenjena in dopolnjena izd.-Ljubljana:Cankarjeva založba,2004, stran 146).

Аргументот a fortioriвклучува два аргументи:argumentum a minori ad maius  argumentum a maiori ad minus. Нас не интересира argumentum a minori ad maius (заклучување од помало кон поголемо), а тој е интерпретациски аргумент, дека правната последица уште поосновано важи за поголемото, кое што има поцврсти причини за негово настапување, отколку помалото. Аргумент од помало кон поголемо е на пример заклучокот, дека за штета не одговара само тој што ја предизвикал од небрежност (како што одредува  законот), туку и тој што постапува со умисла (Ибидем).

[6]За да не се повторувам пред мојот разумен читател, љубезно го молам да ја прочита мојата колумна “Судски убиства”.

[7]Превел М.П., RADIĆ, Tomislav, Vox populi: zlatna knjiga poslovica svijeta, 2.prošireno izdanje-Zagreb : Nakladni zavod Globus, 1995, stranica 343.

[8]Се гордее со тоа што му бил асистент на татко му, што во време кога беше на власт стана сопственик на хидроцентрали и што бил стипендист на геманската и италијанската влада (и едната и другата, докажано работеа на укинување на Македонскиот народ)

[9]Превел М.П. , RADIĆ, Tomislav, Vox populi: zlatna knjiga poslovica sveta2.prošireno izdanje-Zagreb: nakladni zavod Globus, 1995, stranica 94.

[10]Види, мојата книга: ПОПЕСКИ, Марјан, Решение на проблемот со името во меѓународното право-Скопје: Матица македонска,2019.

[11]Мислам на оние околу 500 што одлучуваат за се, а не на обичните членови и симпатизери.

[12]АЈСОП, Басни-Скопје : ТРИ, 2008, страница 178.

  •