Вадење на умот на Македонскиот народ и негово претворање во животно

Умот ќе го подобриме, доколку го најдеме правиот пат за откривање. Затоа, мислите ги обликуваме врз основа на некоја дадена дефиниција. Обликувањето на мислите ќе биде толку подобро и полесно, колку подобро ја дефинираме стварта за која што размислуваме (SPINOZA, Dve razpravi, Društvo za teoretsko psihoanalizo, 1997, Ljubljana, str. 34).

Ние, сите, имаме претстава за тоа што е роб. Но, никој нема дефиниција. Според Аристотел, роб е живо орудие. На овој заклучок наведува ставот на Шопенхауер, дека сиромаштвото и ропството се две имиња за иста ствар (ШОПЕНХАУЕР, Артур, Parerga i paralipomena-Beograd: Dereta, 2013, str. 88-89). Суштината на ропството е во тоа, што човек, најголем дел од своите сили не ги троши за себе, туку за друг (Ибидем.).

Од оваа суштина на ропството, заклучуваме дека ропството е многу раширено и денес. 

На ова укажувам затоа што забраната на ропство е норма ius cogens, но никој во светот не се вознемирува заради сиромаштијата, што е исто така ропство.

Имањето робови, не носи ништо големо и почитувано. Она што робот мора да го изврши, господарот мора да знае да го наредува. Поради тоа, оние кои не мораат да се злопатат со тоа, земаат некој управител што ја превзема таа должност, а тие се бават со управување во државата, или со наука (ARISTOTELES, Politika-Zagreb: Globus, 1988, str. 14).

Меѓутоа, ропството, или околностите што се најслични на ропство, трае онолку долго, колку што траат околностите.

На пример, еден има друг под своја власт, така што го држи врзан, или му го зел оружјето за да не може да се брани, или да побегне, или кога го застрашува, или кога со услуги толку го приврзал за себе, што повеќе сака да и служи на неговата, отколку на својата волја. Во првиот и вториот случај, првиот го има под своја власт само телото на другиот. Во третиот и четвртиот случај пак, како душата, така и телото зависат од првиот. Меѓутоа, онолку долго, колку што трае стравот, или надежта. Кога првиот, или вториот афект не е повеќе присутен, вториот е повторно независен (SPINOZA, Dve razpravi, Društvo za teoretsko psihoanalizo, Ljubljana, 1997, str. 47).

Значи, секој човек со ум (бидејќи разум има и животното), станува независен, кога ќе престанат да постојат околностите за ропство.

Она што е умот за единката, тоа е историјата за човековиот род. Благодарение на умот, човекот не е ограничен, како животното, само на непосредната сегашност, туку го сознава и подалечното минато, со кое сегашноста е поврзана и од кое таа проистекла. Дури тогаш, тој навистина ја разбира сегашноста и може дури да носи заклучоци за иднината. Спротивно, животното, чие сознание е лишено од размислување, ограничено е на набљудување, па поради тоа на сегашноста. Лута, помеѓу луѓето, невично, тупаво, глупаво, беспомошно и неслободно, дури и кога е припитомено. На такво животно е сличен народ, кој што не ја познава својата историја, кој што е ограничен на сегашната генерација, која што сега живее. Затоа тој не се разбира себеси и својата сегашност, бидејќи не умее да ја поврзи со минатото и со него да ја објасни. Уште помалку тој може да ја предвидува иднината. Дури преку историјата народот станува потполно свесен за самиот себе. Според тоа, историјата треба да се смета за умствена самосвест на човековиот род. Историјата за човековиот род е она што за поединецот е умот (ШОПЕНХАУЕР, Артур, Svet kao volja i predstava. Tom 2-Beograd: Službeni glasnik, 2005, str. 481-482).

Значи, уште еднаш, поконкретно; она што е умот за човекот, тоа е историјата за Македонскиот народ.

Со договорите склучени со Грција и Бугарија, на Македонскиот народ му се вади умот. Грците и Бугарите ќе ни ја “поправат” историјата, така добро, што Мекедонскиот народ, укинат од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ преку договорот со Грција, во иднина тешко ќе може да се повикува на правото на самоопределување.

Зошто? Заради тоа што нема да има континуитет. Затоа што Грците и Бугарите ќе ни напишат нова историја, односно ќе ни го извадат умот.

Првиот чекор ова да се спречи е сите доктори по историја Македонци, да не учествуваат во оваа работа и доколку сум во право дека на Македонскиот народ му се вади умот, нека ја искористат оваа моја хипотеза (докажана е со помош на големите филозофи Шопенхауер и Спиноза) како голема премиса и нека состават мала премиса (најтешко е да се состави големата премиса – Аристотел, “Органон”) за секој Македонец да може да заклучи (од вистинити премиси) дека на Македонскиот народ му се вади умот.

Зошто?

За Македонскиот народ да преземе дејствија и изнајде средства, за спречување на вадењето на умот на Македонскиот народ.

Доколку научниците од науката историја, добро ја завршат својата работа, ми се олеснува патот да ги употребам правните средства за заштита на правото на самоопределување на Македонскиот народ.

Тие средства ги пронајдов пред десетина години и покрај безмилосните напади на предавниците ВМРО ДПМНЕ и СДСМ се живи и здрави. (Според Шопенхауер, “Етика”, Данте ги сместил предавниците во деветиот круг. Како нешто најодвратно во човековиот род.)

Од пред три години во форма на докторат од ЕУ, односно Словенија.

“Нова Македонија” објави два фељтони од тој докторат (2017 и 2018). Правото на самоопределување, кое што во докторатот е темел за спасување на името, “Нова Македонија” го прогласи за нуклеарна опција. Од јуни 2018 година, “Нова Македонија” избриша од својата интернет страница се што имам напишано.

Зошто?

Погодувате.

Таму се побиени и Д-р Дескоски и д-р Јанев. Тие мене не ме побија.

Никој на светов до денес не успеа да ме побие.

Во Љубљана, сите професори сакале да бидат дел од комисијата за одбрана на мојот докторат. Еден од најголемите интелектуалци во Словенија бил смртно увреден што не бил дел од комисијата.

Како што се зголемува бројот на оние што ме подржуваат, така се зголемува и бројот на македонски научници што ме крадат. Пишуваат за правото на самоопределување без да ме цитираат. Претходно се потпишале на оној список од 200 и се залагале за ultra vires na д-р Јанев, за сега се најгласни за правото на самоопределување, како тоа да е нивно чедо. Крадат. Беда интелектуална.

Тоа што крадат, можеби ќе им го простев, доколку заради нивната интелектуална беда не постои опасност да го компромитираат правото на самоопределување. Овде е чесно да направам дисјунктивен суд и да заклучам; го доодработуваат предавството?

  •