Моќта на меѓународното право и спорот со името

Добро е да се знае дека државите, од илјадници судски одлуки, кои што настанаа во последните стоипедесет години, државите во помалку од десет одбија доброволно да ги извршат.[1]

Со овој факт им е избиен лажниот аргумент на оние дома и надвор, дека меѓународното право не функционира.

Јас очекував по мојата колумна “Судски убиства” да почнат да пливаат лешеви. Сметав дека доволно јасно го разоткрив судското убиство на македонскиот народ од страна на ВМРО ДПМНЕ (Депанданс на УДБА) и СДСМ (УДБА). Сигурен бев дека на секому му е јасно дека пресудата против Грција е судско убиство на македонскиот народ, а не победа. Сега признавам, дека има уште многу Македонци, што сметаат дека пресудата против Грција е победа, која што не дава резултати поради лошиот Запад, а не поради злобата и незнаењето на засегнатите.

ВМРО ДПМНЕ, нема интерес да му ја одстрани ова заблуда на македонскиот народ, бидејќи тие ја поднесоа тужбата на д-р Дескоски.

СДСМ нема интерес да му ја одстрани заблудата на македонскиот народ, бидејќи го склучи Преспанскиот. Секое сомневање во меѓународното право, му оди во прилог на СДСМ.

Со една реченица; пресудата на ВМРО ДПМНЕ од ништовен договор прави валиден договор, а моето правно средство утврдува ништовност на Времената и второ, пресудата врз основа на pacta sunt servanda има дејство inter partes (само против Грција), додека евентуалната пресуда по моето правно средство врз основа на ius cogens има дејство erga omnes (према сите држави на светот).

Ова е одговор на прашањето; зошто ВМРО ДПМНЕ со помош на Западот ја издејствува ова пресуда (“Судско убиство”), а моето правно средство од докторатот донесен од ЕУ, не го употреби, ни ВМРО ДПМНЕ, ни СДСМ.

За да биде уште појасно, еве и на поинаков начин.

Голем дел од политиката на Австриската монархија кој што се однесуваше на словенските народи, имаше за цел да ги ослаби словенските народи, за полесно да господари со нив.[2]

Historia est magistra vitae.

Значи, за господарење со Македонците, кои што имаат и словенска крв, идеални се партии како ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. И двете партии взаемно се обвинуваат дека се автократски (претходниот шеф бил диктатор, овој сега самиот изјави дека на Македонија и треба камшикар).

Автократските влади, при обликувањето на својата политика не ја почитуваат вољата на народот при изведувањето на надворешната политика. Затоа, не можат да сметаат на широка народна подршка. Таков е примерот со Австриската монархија. Автократските влади што ги поставувала да владеат со словенските народи, немале подршка од словенските народи. Тие биле незаинтересирани за надворешната политика на своите влади. Дури активно подржувале политика на словенска влада, што била против австриската политика. Тоа одело до таму, што во Првата светска војна, словенските единици на австро-унгарската војска, преминувале на руска страна.[3]

A fortiori.

Доколку во минатото не и успеало на Австриската монархија со влади како овие на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, како денес ќе и успее на Австрија да господари со Македонците, кои имаат и словенска крв. Овие влади не ја почитуваат јасно изразената воља на референдуми за тоа кои сме и дека не сакаме промена на името. Триковите argumentum ad baculum (НАТО) и argumentum ab utili (ЕУ) не поминаа кај Македонците на референдумот.

Пред одбележувањето на стогодишнината од Првата светска војна, многу научници на Запад не уверуваа дека состојбата многу наликува на она пред Првата светска војна, а тоа ги става во преден план Австрија и Србија.

Ова значи, дека аналогијата што ја употребуваме е правилна.

На еден Австриец, како Хан, никако не му е во интерс да признае дека некој поединец од Македонија има ум да го реши проблемот со името во рамките на меѓународното право, или не дај боже да му признае зрелост на Македонскиот народ заради исходот на референдумот за името.

Меѓутоа, историјата не е на негова страна.

И во Русија имало луѓе како д-р Мицковски и Заев, кои што биле цели позападњачени и го презирале рускиот народ.

Достоевски вака гледа на позападњачените Руси и самите западњаци: “…Во Германија најмногу ме запрепасти глупавоста на народот: неверојатно се глупави, неизмерно се глупави. Кај нас, дури и еден Николај Страхов, многу паметен човек, не сака да ја свати вистината: “Германците-вели-го пронајдоа барутот.” Па животот бил таков кај нив! Ние за тоа време стваравме голема нација, засекогаш ја запревме Азија, поминавме низ бескрајни страдања кои што умеевме да ги поднесеме, не ја загубивме руската мисла, која што ќе го обнови светот, туку само ја зацврстивме, нашиот народ е многу над нив, поблагороден е, почесен, поспособен…”[4]

Ниче, германски филозоф, последен голем филозоф, го оправдува презирот на Достоевски кон Германците: “Достоевски, единствениот од кого можев нешто да научам: тој спаѓа меѓу најубавите среќни случајности на мојот живот, дури и повеќе од откривањето на Стендал. Тој длабок човек имал десет пати право да ги презира Германците….”[5]

И Шопенхауер, најголемиот Германец, еден од најголемите умови на сите времиња, се согласува со Достоевски: “Навистина, велат, Германците го пронајдоа барутот: но јас не можам да се сложам со тоа мислење.”[6]

Германците се без национален понос, со што ја потврдуваат својата прославена честитост, но повеќето “германски браќа”, сакаат да покажат таков национален понос, на смешен начин го афектираат тоа, додворувајќи му се на народот за да го заведат.[7]

Русија е држава која што на светската конференција за разоружување 1932 и повторно пред ООН 1959 понуди предлог за целосно светско разоружување (со исклучок на лесното оружје за полициски функции).[8]

Ова што ни го прави Западот, а особено Австрија и Германија (со помош на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ), е во спротивност со здрава совест и смисолот за правда на честит човек.

“Една жена, во намера да се ослободи, го пријавува својот маж 1944.година на властите, за увредливи примедби за Хитлер, кои што ги изрекол на отсуство од германската војска. Жената немала законска должност да го пријави неговото дело, иако тоа што го кажал претставувало очигледно кршење на одредбата која што забранувала давање на исказ кој што е штетен за владата на Третиот Рајх, или би можел било како да ја загрози одбраната на Германија. Мажот, во согласност со овој закон бил уапсен и осуден на смрт, иако не бил погубен, туку бил испратен на фронт. Во 1949, Жената ја обвинил западногерманскиот суд, заради прекршок кој може да се опише како противправно лишување од слобода (rechtswidrige Freiheitsberaubung). Тоа било казниво како кривично дело според Германскиот кривичен законик од 1871.година, кој непрекинато останал на сила од неговото донесување. Жената приговорила дека темничарењето на нејзиниот маж било во склад со нацистичките закони и дека заради тоа, таа не сторила никакво злосторство. Второстепениот суд, до кој што случајот конечно стигнал, сметал дека жената била крива поради тоа што влијаела нејзиниот сопруг да биде лишен од слобода, со тоа што го пријавила во германскиот суд, иако судот го осудил поради повреда на законот, бидејќи, ги цитирам зборовите на судот, законот “беше спротивен на здравата совест и смисолот за правда на сите честити луѓе”. Ваквото расудување беше присутно кај голем број случаеви, што беше поздравено како голем триумф за природното право и како знак на пораз на позитивизмот (потенцирал М.П.).”[9]



[1] MORGENTHAU, Hans J, Politika med narodi : borba za moč in mir-Ljubljana : DZS, 1995, stran 403.

[2] Ибидем, страница 239.

[3] Ибидем.

[4] Превел М.П., ИВАНОВИЋ, Живота, Fjodor Mihajlovič Dostojevski: Srbi između Rusije i Evrope-2. izd.-Beograd: Prosveta, stranica 79.

[5] Превел М.П. , NIETZSCHE, Friedrich, Somrak Malikov ali kako filozofiramo s kladivom : Primer Vagner: problemi glasbenikov ; Antikrist : prekletstvo nad krščanstvo-Ljubljana : Slovenska matica, 1989, stran 92.

[6] Превел М.П. , ШОПЕНХАУЕР, Артур, O životnoj mudrosti/Beograd : Grafos, 1987, stranica 64.

[7] Ибидем.

[8] MORGENTHAU, Hans J. , Politika med narodi: borba za moč in mir-Ljubljana: DZS, 1995, stranica 531.

[9] Превел М.П. , ХАРТ, Херберт, Ogledi iz filozofije prava-Beograd: Plato, 2003, stranica 85.

  •