Македонија жртва на неморалот и последниот пораз на Западот

“Колку им е лесна војната на оние кои што ја посматраат (Арапска).”[1]

Макрон, иако објави пораз на Западот, некои на Западот сметаат дека можат да победат во нуклеарна војна, а некои научници на Западот ја обвинуваат Русија за Втората светска војна. Заради пактот Молотов-Рибентроп од 1939. Предмет на мој интерес се вториве, а делумно и првите-политичарите.

“Кога две магариња ќе се подучуваат взаемно, ниедно нема да стекне докторат (Холандска).”[2]

“Целокупното модерно филозофирање е политичко полициско. Од страна на владите, црквите, академиите, обичаите и кукавичлукот на луѓето; ограничено е на учен привид…”[3]

Дури и за комунистот Маркс, “Источното или азиското” значело пониско ниво на човекови достигнувања. Многу попримитивен општествен систем. Единствено европското средоземно подрачје вредело за него.[4]

Напротив, Ниче смета дека европското образование е ужасно. Оној што тежнее кон тоа да ја унапреди културата на својот народ, треба да соработува на уништувањето на модерното образование, во корист на вистинско образование. Да размислува за тоа; како низ историјата нарушеното здравје на народот, може да се поврати. Како тој повторно може да ги пронајде своите инстикти, а со тоа и својата чесност. [5]

Еропската наука е земјотрес од поими. Го лишува човекот од целата негова сигурност, мир, верба и она што е отпорно и вечно. Па треба ли сознанието и науката да владеат со животот, или животот треба да владее со сознанието и науката? Никој не се сомнева, дека животот треба да владее со сознанието и науката. Сознанието и науката кои би го уништиле животот, би се уништиле и самите себеси. Затоа, на науката и е потребна хигиена.[6]

Сократ сметал дека е болест, која се приближува кон лудило, кога човек ќе си вообрази дека има некоја доблест, а тој ја нема. Секое такво лудуло е поопасно од недостаток на доблест, па дури и од порок. Оној што нема доблест, или порочниот; има шанса да биде насочен на прав пат. Оној што си вообразил дека има доблест, секој ден станува полош, што значи е непоправлив.[7]

Најдобриот универзитет “Харвард”, односно професорот по филозофија и советник на Картер, Хантингтон, потврдува дека Западот нема доблести: “Далеку позначајни од економијата и демографијата, се проблемите на моралното слабеење, културното самоубиство и политичкотонеединство на западот.”[8]

Спротивно на Маркс, Хантингтон смета дека моралот (етиката) е најбитен, а во тој поглед муслиманите и азијатите се супериорни во однос на Западот.[9]

За жал, денешниот Запад, се однесува според научното мислење на Маркс, а не според дијагнозата на Ниче, дека Западот си вообразил дека има доблести, сознанија и вистинска наука. Дека оди кон лудило.

Тоа лудило оди дотаму, што денес западни научници тврдат дека за Втората светска војна виновен е пактот Молотов-Рибентроп 1939, а тоа значи Русија.

Јас спаѓам во оние што и пред да го проучат Ниче[10], триесет години го проучувале Аристотел и компетентно можам да дадам второ мислење (после Ниче) дека Западот е луд, што се однесува до вината за Втората светска војна.

Па Хитлер сам напишал: “Ако решиме да освоиме нови територии во Европа, ние можеме да ги добиеме, општо земено, само за сметка на Русија. Во тој случај, ние треба да тргнеме по патот по кој некогаш оделе рицарите од нашите редови. Германскиот меч треба да освои земја за германскиот плуг и, на тој начин, да обезбеди леб за германската нација.”[11]

Хитлер го издал првиот том во 1925, а вториот 1926 година.[12]

Пактот Молотов-Рибентроп е склучен во Москва 1939. Во време кога Англија и Франција одолговлекуваат во преговорите со Русија (СССР). Тоа е голема дипломатска победа на Сталин, а не вина за Втората светска војна. Подоцна ќе стане јасно зошто.

Подоцна, истиот Сталин му ја крши Кичмата на Хитлер. Пактот Молотов-Рибентроп е склучен со цел Русија да добие во време за да се вооружи.

На Сталин му е јасно што му подготвуваат фашистичките земји и неагресивните земји (САД, Англија и Франција): “Новата империјалистичка војна стана факт.

Во наше време, не е баш така лесно, одеднаш да го скиниш синџирот и да се залеташ непосредно во војна, не водејќи сметка за јавното мислење. На буржоаските политичари тоа им е доста добро познато. Тоа им е познато и на фашистичките управувачи. Затоа, фашистичките управувачи, пред да влетаат во војна, на некој начин одлучија да го обработаат јавното мислење, односно да го доведат во заблуда. Да го измамат.”[13]

На Сталин му е јасно, зошто САД, Англија и Франција се однесуваат така кон фашистичките земји. Зошто им дозволуваат на фашистичките земји да ги нарушуваат нивните интереси. Дури се и попустливи. Иако се економски и војно многу посилни од фашистичките земји. Сталин бара оправдување во фактот што за време на Првата светска војна дојде до победа на револуцијата во најголемата земја на светот, па оттука страв, да не се прошири револуцијата во повеќе земји. Но, тој заклучува дека главна причина е тоа што Англија и Франција се откажуваат од колективната безбедност и преоѓаат на позиција на немешање и неутралност.[14]

“Политиката на немешање би можела формално да се окарактеризира вака: “секоја земја од агресорот нека се брани како сака и може, нас тоа не не интересира, ние ќе тргуваме и со агресорите и со нивните жртви”. Во стварност политиката на немешање значи попуштање на агресијата, отворање на патот кон војна, значи претворање на војната во светска војна. Од политиката на немешање избива тежнение, желба: да не им се пречи на агресорите да ја завршат својата гнасна работа, да не му се пречи, да речеме на Јапан, да започне војна со Кина, а уште подобро со Советскиот Сојуз (потенцирал М.П.), да не и се пречи, да речеме на Германија да заглиби во европските работи, да започне војна со Советскиот Сојуз (потенцирал М.П.), да им се дозволи на сите учесници во војната длабоко да заглибат во калта на војната, потајно на тоа да се поттикнуваат, да се остават да ослабат и исцрпат еден со друг, а потоа, кога доволно ќе ослабат-да се појават на сцената со свежи снаги, се разбира, да се појават “во интерес на мирот” и да им ги издиктираат на ослабените учесници во војната своите услови.

Ефтино и убаво.”[15]

На Сталин многу пред Пактот Молотов-Рибентроп му е јасно дека САД, Англија и Франција ја поттикнуваат Германија да ја нападне Русија:”Или, да ја земеме на пример Германија. И ја отстапија Австрија, иако се обврзаа дека ќе ја бранат нејзината самосталност, ја отстапија Судетската област, ја препуштија на милост и немилост судбината на Чекословачка, прекршувајќи ги сите можни обврски, а потоа бучно почнаа да лажат во весниците за “слабоста на руската војска”, за “распаѓање на руската авијација”, за “нереди” во Советскиот Сојуз, туркајќи ги Германците понатака на исток, ветувајќи им лесен плен и говорејќи им: вие само започнете војна со бољшевиците, а понатака се ќе оди добро (потенцирал М.П.). Мора да се признае дека тоа многу личи на поттикнување, на подбуцнување на агресорот.”[16]

Сталин е свесен дека областите на Чекословачка им се дадени на Германците како цена да отпочнат војна против Русија.[17]

И на најлутиот противник на Сталин, Троцки, му се добро познати методите на делување на   Англија, уште од Октомврсиката револуција, против Русија: “На сите фронтови, вие се среќавате со непријателските интриги на Англија. Контрареволуционерните армии пукаат на вас од англиски топови. Во складиштата на Шенкурск и во Онјеги, на сите воишта на југ и запад, вие наоѓате муниција од Англија. Војниците, кои што сте ги заробиле, носат англиски униформи. Жените и децата во Архангелск и во Астрахан ги масакрираа и осакатуваа англиските авијатичари со англиски динамит. Англиските бродови ги бомбардираат нашите брегови…”[18]

Троцки експлицитно изјавува:”Во текот на 1918 Антантата не натера на граѓанска војна, така речи за да обезбеди победа над Вилијем.”[19]

Постојат два смртни гревови на политиката; необјективност и неодговорност. Необјективноста наведува на привидна моќ, а неодговорноста го наведува да ужива во моќта, заради самата моќ, без содржина и цел.[20]

Западот, во моментов ја прави и едната, и другата грешка, а злосторството кон Македонија со кршењето на правото на самоопределување, која што е норма ius cogens не го ни забележува.

Западот, нека го прифати учењето на Ниче, а не ласкањето на Маркс.

Нека свати дека монументалната историја лаже со своите аналогии. Со заводливите сличности таа одважниот го бодри на смелост, воодушевениот на фанатизам и доколку замислиме дека таа историја може да се најде во рацете и главите на егоисти и занесени злосторници, таа ќе предизвикува војни и револуции.[21]

Вака практицираната историја е опасна по човештвото според Ниче.

Јас мислам дека најдов и доказ во прилог на Ниче.

Западот три пати се обиде да ја освои Русија и три пати беше поразен. За време на Првата светска војна и предизвика граѓанска војна (Троцки), во Втората светска војна го подмити Хитлер да ја нападне Русија (Сталин) и по трет пат, ова што се случува денес во Украина.[22]



[1] Превел М.П. , RADIĆ,Tomislav, Vpx populi : zlatna knjiga poslovica svijeta/2. Prošireno izd.-Zagreb : Nakladni zavod Globus, 1995, stranica 264.

[2] Превел М.П. , ибидем, страница, 222.

[3] Превел М.П. , Fridrih Niče, O koristi i šteti istorije za život, Grafos, Beograd, 1986, stranica 37.

[4] PARKER, Geoffrey, Zahodna geopolitična misel v dvajsetem stoletju-Ljubljana: Fakulteta za družbene vede, 1997, stran 77.

[5] Fridrih Niče, O koristi i šteti istorije za život, Grafos, Beograd, 1986, stranica 31.

[6] Ибидем, страница 81-82.

[7] Ибидем, страница 41.

[8] Превел М.П. , ХАНТИНГТОН, Семјуел П. , Сукоб цивилизација и преобликовање свјетског поретка-Подгорица : ЦИД; РОМАНОВ Бања Лука, 2000, страница 338.

[9] Ибидем, страница 339.

[10] Спас на светот гледа во враќање кон вредностите на Античка Грција.

[11] Хитлер Адолф, Мојата борба-Скопје: Ѓурѓа,2005, страница 173.

[12] Ибидем, страница 8.

[13] Превел М.П. , Josif Staljin, Pitanja Lenjinizma, Naklada SDD, Zagreb, 1981, stranica 620.

[14] Ибидем, страница 621.

[15] Превел М.П. , Ибидем, страница 622.

[16] Превел М.П. , Ибидем, страница 622.

[17] Ибидем, страница 623-624.

Книгата на Сталин е објавена во Русија во 1939 (Ибидем, четвртата страница од книгата, без број).

[18] Превел М.П. , ТРОЦКИ, Лав, Moj život-Niš: Gradina,1990, stranica 168.

[19] Превел М.П. , ибидем, страница 162.

[20] WEBER, Max, Vlast i politika-Zagreb: Naklada Jesenski i Turk: Hrvatsko sociološko društvo, 1999, stranica 201.

[21] Fridrih Niče, O koristi i šteti istorije za život, Grafos, Beograd, 1986, stranica 20.

[22] За ова имаме напишано научен труд со д-р Татјана Петрушевска на околу 40 страни А4 формат, под наслов “Осило, или последна империјалистичка војна”.

  •