Д-р Мицковски повторно лаже
Д-р Мицковски изјави дека ќе направи обнова на Македонија. Лаже.
Дури и градежна екипа формира за градење на оваа лага. Тој ја нарекува коалиција.
“обнова f. 1. Чин, процес, или начин на обновување: економска обнова; обнова на град/градба/пријателство. 2. Повторување на нешто: обнова на судски процес”[1]
Значи, поимот обнова се однесува на нешто што постои.Поимот обнова се однесува на нешто дотраено, оштетено. Тоа е постапка по која нешто повторно добива соодветни посакувани својства.
Македонија не постои. Врз основа на Преспанскиот постои Северна Македонија.
Значи, д-р Мицковски ќе ја обновува Северна Македонија. Му го разоткрив лукавството.
“Кога лисицата ќе се најде во канџите на лавот, малку и помага нејзиното лукавство (Руска).”[2]
За да биде појасно; постои разлика помеѓу поимите исчезнување и поимот промена на квалитетот. Ова станува појасно, доколку се знае дека постои категоријата супстанца, а од друга страна својства кои што природно и припаѓаат на супстанцата, кои се подложни на промена.[3]
Промена е кога телото е еднаш здраво, друг пат болно, но останува тело. Додека водата кога ќе се претвори во пареа, зборуваме за исчезнување. Исчезнала супстанцата вода, од која настанала супстанца пареа.[4]
Кога од образован човек ќе настане необразован човек, тоа не е исчезнување, туку промена на квалитетот.[5]
“Доколку пак, не останува било што, чија што спротивност би била квалитет, или воопшто некое споредно средство, во таа прилика станува збор за настанување на едно и исчезнување на друго.”[6]
Бидејќи поимот Македонија е супстанца, кога од овој поим ќе настане Северна Македонија, исчезнува супстанцата Македонија.
Значи промената во Северна Македонија не е промена на квалитетот на поимот Македонија, туку настанува нова супстанца. Исчезнува водата, настанува пареата, исчезнува Македонија, настанува Северна Македонија.
“Како што кажавме пред малку, првиот [погрешен] начин дефиницијата да не се изведува врз основа на попознати одредби се состои во тоа, поранешното да се изрази со подоцнежното.”[7]
Значи, бидејќи Северна Македонија е подоцнежна, а Македонија постара, поимот Македонија не може да се дефинира со поимот Северна Македонија.
И на овој начин доаѓаме до заклучокот дека Македонија исчезнала.
“Доколку се случи, она што е дадено во дефиницијата да и припаѓа на сегашноста и на минатото, додека она што има име не им припаѓа, тогаш нема идентитет [помеѓу дефиницијата и она што е дефинирано].”[8]
Значи, доколку ја дефинираме Македонија со поими што и припаѓаат на сегашноста и на минатото, а знаеме дека Северна Македонија нема ништо од сегашноста и минатото на Македонија, тогаш помеѓу Македонија и Северна Македонија нема идентитет.
“А освен тоа, треба да се разгледа дали деловите пропаѓаат истовремено со целината, бидејќи треба да биде обратно,-кога ќе пропаднат деловите да пропадне целината. Но, доколку пропаднала целината, не е нужно и деловите да пропаднале.”[9]
Македонија пропадна со договорот за прекин на огнот[10] од Букурешт 1913. Со помош на Русија (Сталин) македонските комунисти го остварија правото на македонскиот народ што беше во рамките на Србија, на самоопредлување и формира своја национална држава. Остварувањето на правото на самоопредлување на македонскиот народ на цела територија не успеа заради предавството на британскиот кодош Тито 1948.[11]
Со пропаѓањето на единствениот дел на Македонија (Република Македонија), со склучувањето на Преспанскиот, исчезна Македонија.
“Така, како што рековме, исто е да се знае што е една ствар и да се знае причината за нејзиното постоење, а причината за тоа е што една ствар мора да има причина.”[12]
Причина за Македонија е македонскиот народ, а тој е укинат со Преспанскиот договор.
Значи, укината е причината за Македонија.
Со горните аргументи кажана е вистината и докажано е дека Македонија не постои и затоа д-р Мицковски не може да обновува нешто што не постои. Се обновува само нешто што постои.
На македонскиот народ му е од поодамна јасно дека ова го прави д-р Мицковски за да го сокрие злосторството на МВРО ДПМНЕ и СДСМ. Релативизирање на Преспанскиот меѓународен договор. Но тоа е голема лага, во функција на претстојните избори.
“Меѓутоа, не е доволно само да се каже вистината, туку треба да се образложи причината за лагата. Имено, тоа допринесува за убедливост : доколку ни стане разбирлио; зошто се чини вистинито нешто што не е вистинито, тогаш на вистината полесно и веруваме.”[13]
Причината за лагата на д-р Мицковски е во намерното кршење на првиот закон за мислење на Аристотел; законот за идентитет. Тој гласи: Секој предмет е со себе идентичен=скратено А е А.[14]
Според законот за идентитет: Македонија е Македонија.
Д-р Мицковски го крши законот за идентитет на Аристотел и вели: Македонија е Северна Македонија, а бидејќи го фативме во лагата, тоа е исто како да рекол; А е НЕ А.
Доколку нештата ги поделиме на добрини и зла, д-р Мицковски е зло, а јас сум добрина, заради тоа што моето правно средство од докторатот го решава најголемиот македонски проблем.
“Добрините, оти послаби, биле истиснати од злата, па се качиле на небото. И, го прашале Добрините Севс, како треба да им пристапуваат на луѓето. А овој им рекол-не сите заедно, туку една по една кај луѓето да одат. Поради тоа, Злата, зашто се блиску, почесто им доаѓаат на луѓето, а Добрините од небото побавно се симнуваат.
Басната објаснува, дека на добро никој бргу не се намерува, од злата, пак, секој е катаден удиран.”[15]
[1] МУРГОСКУ, Зозе, Речник на македонскиот јазик-Скопје: Филолошки факултет “Блаже Конески”, 2005, страница 491.
[2] RADIĆ, Tomislav, Vox populi : zlatna knjiga poslovica svijeta/2. prošireno izd.-Zagreb : Nakladni zavod Globus, 1995, stranica 126.
[3] АРИСТОТЕЛ, O nastajanju i nestajanju-Beograd: Grafos, 1989, stranica 25.
[4] Ибидем.
[5] Ибидем, страница 26.
[6] Превел М.П. , ибидем.
[7] Превел М.П. , ARISTOTEL, ORGANON, KULTURA, 1970, BEOGRAD, stranica 503.
[8] Превел М.П. , ибидем, страница 513.
[9] Превел М.П. , ибидем, страница 526.
[10] Намерно пишувам договор за прекин на огнот, зашто во Македонија сите научници за овој договор го употребуваат поимот меѓународен договор, а тој не е меѓународен договор.
[11] Види го мојот докторат, “Problem imena države ‘Republika Makedonija’ v mednarodnem pravu”, достапен на интернет.
[12] Превел М.П. , ARISTOTEL, ORGANON, KULTURA, 1970, BEOGRAD, stranica 334.
[13] Превел М.П. , ARISTOTELES, Nikomahova etika-Reprint iz leta 1994.-V Ljubljani : Slovenska matica, 2002, stran 237.
[14] SCHNEIDER, Egon, Logika za pravnike-3. predelana in preoblikovanaizd.-Ljubljana : Cankarjeva založba, 1995, stran 95.
[15] АЈСОП, Басни-Скопје : ТРИ, 2008, страница 3.
Последни коментари