Д-р Мицкоски лаже за името

“Лагата е како ситни пари: со нив не може долго да се живее (руска).”[1]

Д-р Мицкоски ни е познат по две работи што сам ги кажа за себе и две што другите ги кажаа за него. Само од овие четири информации, можеме да донесеме релевантен заклучок за неговиот карактер.

Медиумите известуваат за него дека бил асистент на неговиот татко и дека станал сопственик на хидроцентрали во време кога обавуваше висока функција (поставен од ВМРО ДПМНЕ).

Најмногу внимавам да не му наштетам на спорот за името, а тој квалитет на говорникот Цицерон најмногу го цени.[2]

Од овие два факти за карактерот на д-р Мицкоски, заклучуваме дека е неетичен, а во колумната “ETOS”, кажавме дека етиката, карактерот на говорникот, има најголема убедувачка моќ на говорникот врз широките народни маси (Аристотел, “Реторика”).

Другите два факти д-р Мицкоски самиот ги кажа за себе; дека бил стипендист на Германската влада, како и на Италијанската влада.

Со оглед на фактот дека Германија преку Меркел дојде во Македонија пред референдумот да агитира да биде успешен, како и улогата на Италија во истата работа, јасно ни е дека д-р Мицкоски одговара пред Меркел, а не пред Македонскиот народ. Бедно.

Се би било во ред, кога јас во докторатот одбранет во ЕУ не би го побил ставот на ЕУ за volenti non fit iniuria. Се би било во ред доколку јас во докторатот не докажев дека ЕУ лаже дека мора да биде солидарна со Грција.

Значи јас докажав дека ЕУ го крши правото на самоопределување, кое што е норма ius cogens, a Меркел сепак дојде во Македонија да агитира за успех на референдумот.

Значи, д-р Мицкоски е слеп послушник на Германија и Италија за најголемиот проблем што го има Македонскиот народ.

За разлика од него, Словенците во 2007 година, на единствено овластениот Филозофски факултет во Љубљана, при полагањето на највисокиот степен на Словенечки јазик поставија прашање; дали може да и се верува на Германија, после она што го направи во Втората светска војна. Иако Словенците беа, во ЕУ, иако го имаа преземено еврото, си го поставуваа ова прашање. Д-р Мицкоски, не си го поставува ова прашање. Тој е толку импресиониран од стипендијата на Германската влада, што не забележува дека тоа го дискредитира.

Повеќе вреди грам волја, отколку килограм памет (Шопенхауер).

Неговата волја е цела германска, што е на штета на Македонскиот народ.

Мојот одговор на прашањето на Филозофскиот факултет во Љубљана во 2007, беше дека не и верувам на Германија (со пошироко образложение). Во докторатот одбранет во ЕУ, докажав дека Германија и цела ЕУ и го кршат правото на самоопределување на Македонија со Времената согласност и Резолуциите на Советот за безбедност (сега и со Преспанскиот договор).

Втората работа што сам ја кажа за себе д-р Мицкоски е дека бил математичар (неговата фраза: “математички прецизно”).

“Кога глупоста би повредувала, многумина би биле излепени со фластери (Германска).”[3]

Затоа д-р Мицкоски нема фластери.

Да се фалиш во политика со математика, како шеф на голема партија, е како да си издаваш самиот свидетелство дека си големо дете.

“Значењето на адвокатите во западната политика по настанувањето на странките не е ништо случајно. Политичката активност преку странките значи токму: активност на интересентите-наскоро ќе видиме што значи тоа. А занаетот на школуваниот адвокат е успешно водење на стварите на интересентот. Тој е во тоа-на што можеше да не научи надмоќноста на непријателската пропаганда-надмоќен над секој “службеник”[4]. Сигурно е дека тој може, некоја слабо аргументирана ствар, во тој смисол “лоша” ствар, сепак успешно, значи технички “добро” да ја води.”[5]

Ова сознание на Вебер не е само теоретско. Татко му бил адвокат.

Ерго, за политика се најдобри адвокатите.

Математичарот д-р Мицкоски не само што е целосно неспособен за политика, туку тој е штетен и во други области со својот “математички ум:”Нејзиниот заклучок е дека вредноста на математиката е само посредна. Имено, дека лежи во примената на оние цели, кои можат само со неа да се постигнат. Сама по себе, математиката го остава духот, таму каде што и го нашла. За неговото општо образование и развој, таа во никој случај не е потребна, дури е и вистинска пречка. Овој заклучок, не само што се докажува врз основа на теориски истражувања, туку се поткрепува со многу учени примери и авторитети. Според Хамилтон, единствена непосредна корист, која што може да се има од математиката, тоа е што таа може расеаните и лекомислени глави да ги навикне да ги осредоточат своите вниманија.-Дури и Декарт, кој што беше славен математичар, исто мисли за математиката.”[6]

Оваа математичка глава изјави за најголемиот проблем на Македонскиот народ: “Името може да се врати со 80 пратеници или “Бадинтер”.”[7]

Д-р Мицкоски лаже.

Во колумната “Logos” и го објаснив на неговата кандидатка за претседател односот помеѓу меѓународното право и националното право, така да не може да каже дека не бил поучен. Дури и за еден математичар тоа го кажав просто и едноставно.

Математичаров најавува дека доколку дојде во позиција да формира влада, ќе направи меѓународен деликт. Дека ќе го прекрши Преспанскиот.

Јас му велам дека доколку дојде во таква позиција и го повтори ова, Грција ќе му ги пресече ушите, врз основа на Преспанскиот. Доколку преземе и конкретни чекори во тој правец, ќе му го пресече и носот.[8]

A fortiori.

Дури и Уставниот суд да утврди дека одреден меѓународен договор е спротивен на Уставот, укинувањето нема никаков учинок на меѓународниот договор. Никакво влијание нема тоа на обврските на Македонија. Тие остануваат непроменети.[9]

До кога мили матемаричаров да го лаже Македонскиот народ?

Еден од професорите по Меѓународно право на докторските студии во Љубљана беше д-р Миха Погачник, пред тоа шеф на катедрата по Мерѓународно право на државниот факултет во Љубљана и автор на Спогодбата Дрновшек-Рачан, на која темели скоро цела арбитражна одлука во спорот помеѓу Словенија и Хрватска.

Докторската дисертација му е за ius cogens, а моето правно средство од докторската дисертација темели на ius cogens.

Тој за катедрата по Меѓународно право во своето прво предавање рече дека е нешто што стои покрај Правниот факултет.

 


[1]Превел М.П.: RADIĆ, Tomislav, Vox populi: zlatna knjiga poslovica svijeta, 2.prošireno izd.-Zagreb: Nakladni zavod Globus, 1995, stranica119.

[2]CICERO, Marcus Tullius, Ogovorniku; trije pogovori o govorniku, posvečeni bratu Kvintu-Ljubljana : Družina,2002, stran 198.

[3]Prevel M.P.: RADIĆ. Tomislav, Vox populi: zlatna knjiga poslovica svijeta, 2.prošireno izd.-Zagreb: Nakladni zavod Globus, 1995, stranica 76.

[4]А камоли над математичарот д-р Мицкоски.

[5]Превел М.П. , WEBER, Max, Vlast i politika-Zagreb: Naklada Jasenski i Turk: Hrvatsko sociološko društvo, 1999, stranica 178.

[6]Превел М.П. , ŠOPENHAUER, Artur, Svet kao volja i predstava-Beograd: Grafos, 1981, stranica 157.

[7] https://facebook.com/story.php?story_fbid=623788661357955&id=172115906159086

[8]Црвенкоски постапи така, па Грците му го пресекоа носот-Ставрески им плати 50 милиони долари за меѓународниот деликт (“Окта”).

[9]USTAVNO sodstvo/Marijan Pavčnik, Arne Mavčič (ur.).-Ljubljana: Cankarjeva založba, 2000, stran 527.

  •