Д-р Гордана Силјаноска Давкова (PATOS)

Patos, е второто по моќ реторичко средство за придобивање на наклонетоста на гласачите.

Говорникот мора да знае како може да ги предизвика и стиши гласачите на кои им се обраќа, како и изворите од кои се црпат методите на уверување.[1]

Цицерон, дури мисли дека нема ништо поважно од тоа да ги придобиеш за себе чувствата на слушателите (гласачите) и така обземени со чувства, повеќе да ги водат душевниот притисок и вознемиреност, отколку расудноста и разумот. Имено, луѓето многу почесто судат од непријателство, љубов, посакување, гнев, бол, радост, надеж, страв, заблуда, или некаква душевна вознемиреност, отколку заради вистината, прописот, или правната норма.[2]

Во интервјуто кај Васко Поп Петрески, д-р Силјаноска се обиде да ја стекне неговата налонетост со тоа што изјави дека тој имал десетки (веројатно и кај неа).

Овој потег беше неуспешен, бидејќи за возрасен човек е многу поважно дали е тој добар новинар, а не добар студент.

Поп Петрески неутрално реагираше на овој обид, за веднаш да и го плесне “фри шопот” на сопругот и ја извади од памет. Наместо нејзината жртва да стане наклонета поради десетките, таа видно западна во афект на гнев и го загуби разумот.

Подоцна се обиде да се соземе и кога новинарот и рече да не манипулираме, таа се обиде да го заплаши со истакнувањето на фактот дека таа била професорка.

Ова може да помине кај нејзините немоќни студенти, но кај возрасен човек не поминува.

Во основа земено, повеќето од научните докажувања се манипулирање. Како, инаку би било можно, во различни времиња, многу доктрини не само заблудно да се прифаќаат, туку и да се докажуваат и демонстрираат, за подоцна да се види сета нивна погрешност, на пример: Лајбниц-Волфовата филозофија, Птоломеевата астрономија, Шталовата хемија, учењето на Њутн за боите.[3]

Манипулирањето[4]оди вака. Доколку сверата на посматраниот поим, само делумно лежи во друга свера, а исто така делумно, во сосема различна свера, ние, во зависност од нашите намери ќе тврдиме дека таа е целосно опфатена со едната, или другата свера. На пример, поимот страст, може да се сведе под поимот најголема сила, или под поимот безумие, кој понатака може да се сведе под поимот немоќ, или слабост. При преоѓањето од свера на свера, секогаш е потребно да се задржи правецот од основниот поим кон периферијата, а не да се оди обратно. Облеката во која се облекува таквата софистикација, меже да биде непрекинат говор, или строга силогистичка форма, во зависност од тоа што е слаба страна на противникот.[5]

Јас на пример, ги изненадив словенечките научници, кога за прво поглавје на докторатот го поставив Софистика и Еристика. На професорот по Теорија и филозофија и право му се допадна, но не очекуваше дека тоа ќе ми го прифати менторот како дел од докторатот. Потоа увидоа, дека поради тоа поглавје, ниту тие можат софистички и еристички да го проблематизираат мојот докторат, ниту јас можам да се служам со софистика и еристика. Чесно.

Да заклучам.

Наместо д-р Силјаноска да ја придобие наклонетоста на новинарот, тој успеа да ја разгневи. Паѓајќи во афект, го губиме разумот.

Да појаснам со пример што и е поблизок на д-р Силјаноска.

Одличникот професор Марјановиќ, влезе во политиката и формира партија. Неговите настапи и говори беа исти како на факултет. Дојде во ситуација да свати дека младиот Бранко Црвенкоски, повеќе ја стекнува наклонетоста на народот од него.

Возрасен човек нема трпение ти да му кажуваш дефиниции. На возрасен човек мора да му се обратиш со работи што тој веќе ги знае.

Одличниот професор Марјановиќ немаше реторички способности, ни колку младиот Бранко Црвенкоски и паметно, си замина од политиката.

Дали д-р Силјаноска ќе свати дека нема реторички способности?

Прашањето е реторичко.

Тие што ја прочитале првата колумна за неа (ETOS), знаат дека нема.

Таа се обидува да го разлути народот и тој да се гневи[6]на СДСМ заради Преспанскиот, но народот очекува и стишување на гневот. Добар говорник, со своите реторички способности го свртува гневот на народот кон СДСМ, но очекува и решение за укинување на Македонскиот народ. Доколку не го стишиш гневот на народот, тој ќе се разлее на улица, или ќе го разори здравјето на разгневениот, доколку гневот е преголем, а не се стиши. А во случајов најголем е. Разумните, ќе сватат дека проблемот е во неа. Не нуди ништо, за да го стиши гневот. Ќе формирала тим од домашни и меѓународни експерти. Па тоа, веќе го видовме од ВМРО ДПМНЕ, за сега да се откажуваат од пресудата и да го заговараат моето решение како свое.

Овие од СДСМ ме скретираат[7]ама не ме крадат и плагираат.

Доколку се послужам со речникот на д-р Фрчкоски: “три невесте”[8]и “клисарот”, на кои смета д-р Силјаноска немаат реторички способности и не можат да си помогнат.

Голем дел од народот нема да гласа.

Јас нема да гласам.

Доколку се прашувате, зошто оди тешко со формирање на Партија на Македонскиот народ, одговорот е во клиентелизмот. ВМРО ДПМНЕ и СДСМ имаат клиенти. Кога ќе престане притисокот, контролата и ветувањата врз клиентите, Македонскиот народ ќе се однесува разумно. За да се случи тоа, треба да се намали моќта на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Прво средство за намалување на моќта на овие паритии е неуспех на претседателските избори. Кога ќе видат дека зад нив нема народ, ќе сватат дека зад нив нема моќ. Дека го загубиле угледот.

 


[1]ARISTOTEL, Retorika, Naprijed, Zagreb, 1989, stranica 117.

[2]CICERO, Marcus Tullius, O govorniku: trije pogovori o govorniku, posvečeni bratu Kvintu-Ljubljana: Družina, 2002, stran 151.

[3]ШОПЕНХАУЕР, Артур, Svet kao volja i predstav. Tom 1-Beograd:Službeni glasnik, 2005, stranica 82.

[4]Или, доколку сакаме да употребиме еуфемизам; велиме наговарачка способност (Ибидем, стр. 81)

[5]Ибидем, стр. 81-82.

[6]Дефиниција на гневење: “neka gneveweto bide definirano kako impulsiven i so bol propraten afekt na čezneenje po stvarna odmazda zaradi stvarno omalovažuvanje (ponižuvanje, , preziranje, potcenuvanje) na našata ličnost, ili ličnostite na našite (bliski), koga omalovažuvanjeto navistina ne e zasluženo (превел М.П. , ARISTOTEL, Retorika, Naprijed, Zagreb, 1989, stranica 83).”

[7]Поимот е на Шопенхауер. Овој гениј е најголема жртва на секретирање (премолчување). Ниту го побивале, ниту го признавале. Дури пред крајот на животот доживеал слава, по заслуга на еден Англичанец кој го открил.

[8]И таа влегува во нив.

  •