Право на постоење

Општо познат факт е дека Македонија ја нападнаа педесеина вооружени лица, кои дошле од Косово.

На Македонија и е загрозено осноовното и природно право што го има секоја држава; правото на постоење, најјасно изразено во член 51 од Повелбата на обединетите нации, како и во член 4 од Меѓународниот пакт за граѓански и политички права.

Правото на самоодбрана од член 51 од Повелбата на ОН хиерархиски е највисоко во однос на сите норми на Повелбата.

Македонските јунаци го одбранија со оружје правото на постоење на државата Македонија со сразмерна употреба на сила и никогаш нема да бидат заборавени.

Меѓутоа, дали и владата ќе го одбрани правото на постоење од некои дипломати од Западот? Таткото на меѓународното право Гроциус предлагал да се забранат дипломатите.

Еден од најугледните светски меѓународни правници проф. д- Ернест Петрич тврди дека и денес дипломатите на големите сили се бават со нелегални активности. Нему треба да му веруваме, бидејќи и самиот беше над дваесет години амбасадор.[1]

Проф. д-р Петрич тврди дека начело на современата дипломатија е „да се лаже и да се негира“.[2]

Поради тоа, западните дипломати треба да бидат третирани во склад со угледот што ги следи од Гроциус до Петрич.

Некои западни дипломати се наметнаа со своите вештини и од Македонците направија повеќе од робови, бидејќи покрај телото, им ја заробија и душата.

Еве како се прави тоа, како голема премиса.

Доколку еден има друг под своја власт, дали така што ќе го држи врзан, дали така што ќе му го земе оружјето и средствата, за да не може да се брани и побегне, дали така што ќе му втера страв в коски, или пак со услуги ќе го приврзи за себе, сеедно. Тој повеќе ќе и служи на волјата на добротворот, отколку на сопствената волја и ќе живее во склад со неговите убедувања. Во првиот и вториот случај, првиот го има под своја власт само телото на другиот. Во третиот и четвртиот случај, првиот ја има врз другиот; како власта врз телото, така и власта врз душата. Меѓутоа, за толку време, колку што трае стравот или надежта. Кога едниот, или другиот афект ќе исчезне, другиот станува повторно независен.[3]

Најголемиот дел од Македонците се независни и покрај тоа што некои западни земји многу сурово го практикуваат Спиноза, за да го заробат телото и духот на Македонците.

Меѓутоа, има една партија и „Соросоидите“, на кои што им е заробено и телото и душата, од страна на некои западни држави. Тие се наша крв и ќе направиме обид да им ги ослободиме и телата и душите, со претворање на неадекватната идеја, што ствара афект, во адекватна идеја, која што го одстранува афектот.

За тие Македонци, што може да им се зароби телото и душата со страв, некои западни дипломати ги употребуваат Албанците, за да им втераат страв в коски од војна. Тоа го направија во 2001, а го повторија и во 2015 година. Големината на успехот со Албанците да втераат страв в коски ви е познат на сите. Особено овој вториов. Оние 100.000 Македонци што се собраа во рок од три дена откако беше донесена одлуката, кажува се.

Бидејќи Македонците повеќе се плашат од моќта на САД, кои што ги штитат интересите на Албанците, неадекватната идеја дека САД се суперсила може да се претвори во адекватна идеја со следниве податоци.

Имено за да го порази Ирак, САД во персискиот залив ангажирале 75% од своите активни тактички авиони, 42% од своите модерни борбени тенкови, 46% од своите носачи на авиони, 37% од својот воен персонал и 46% од својот морнарички персонал. Од овие податоци станува очигледно дека САД немаат никаква шанса против една Русија, или Кина.[4]

Факт е дека Русија, која што и ја обнови Македонија (пишувавме во други колумни) јасно ги посочи некои западни земји дека сакаат да ја уништат Македонската држава, заради тоа што Претседателот на Македонија беше на парадата, Македонија не воведе санкции против Русија и Македонија се согласи со секакво решение на Русија, рускиот гас да поминува во Македонија.

Што од набројаното е во спротивност со меѓународното право?

По војната во Ирак, САД имаше голема  економска криза, а во моментов Кина е економски најмоќна држава. Значи, според харвардскиот професор Хантингтон; моќта на САД опаѓа и уште ќе опаѓа. И овој западен научник, и Моргентау, тврдат дека на морален план Западот е инфериорен во однос на целиот свет.

Преостанатиот дел од Македонците чие што тело и дух го имаат заробено некои западни дипломати, се жртва на ветувањето надеж, наречена ЕУ.

Ова неадекватна идеја се претвора во адекватна идеја со укажување дека деветте препораки на ЕУ се класично давање лажна надеж.[5]

Неколку членки на ЕУ се пред банкрот. Грција е таква. Португалија е таква. Шпанија е таква. Хрватска е таква. Италија е во лоша состојба. Ирска е таква. Словенија пред две години беше прогласена за нова Грција, за лани да се тврди дека е шеста најдобра економија во ЕУ. Некои тврдат дека стандардот во Македонија е подобар од оној во Бугарија и Румунија.

Британија, која што Хантингтон ја нарекува второкласна сила, ќе има референдум за напуштање на ЕУ.

Македонија, според Груески, лани била земја со втор најголем раст во Европа, а годинава се очекувало да биде прва во Европа.

И за крај, секој што сака да добие одговор на прашањето кој и го загрозува на Македонија правото на постоење, нека постапи како Цицерон и нека се запраша: cui bono?[6]

 



[1] Ernest Petrič, »Zunanja Politika«, Center za evropsko prihodnost, Znanstvenoraziskovalni center Slovenske akademije znanosti in umetnosti, Ljubljana, 2010, stran 339.

[2] Ибидем, страница 326.

[3] Spinoza, »Dve razpravi«, »Politična razprava«, Društvo za teoretska psihoanaliza, Ljubljana, 1997, stran 47.

[4] Семјуел Хантингтон, „Сукоб цивилизација“, ЦИД ПОДГОРИЦА, РОМАНОВ БАЊА ЛУКА, 2000, страница 99.

[5] Во друга колумна докажавме врз основа на примарното право на ЕУ дека ЕУ има можност да и го суспендира правото на глас и да и се одземе правото на вето на Грција.

[6] Во чија корист? Во чија корист е да биде загрозено правото на постоење на државата Македонија? Ова прашање ја одредува насоката  на истрагата за злосторството; загрозување на правото на постоење на државата Македонија. Имено, доколку е јасно, кому злосторството би му користело, многу веројатно е дека во таа насока треба да се бара злосторникот (Janez Kranjc, »Latinski pravni reki«, Cankarjeva založba, Ljubljana, 2000, stran 56.).

  •