Заев и Шеќеринска како Ngombi и Mafela

Белгискиот крал Леополд почнал масовно да склучува договори во Конго со поглавиците на староседелците, за да си го присвои овој афрички бесценет камен.

„Во договоорите склучени на 1 април 1884, поглавиците Ngombi и Mafela се согласиле дека за „едно парче облека на месец…покрај облеката што моментално ја добиваат како подарок“:

доброволно во свое име како и во име на сите свои наследници…на именуваното здружение ја пренесуваат сувереноста и сите свои суверени и владетелски права на сите нивни територии…и дека со работа и на други начини, било кога ќе помагаат при подобрувањето и експедициите кои што би можело да ги изведе здружението…го предаваат во апсолутна сопственост на именуваното здружение, сите патишта и водени патишта кои што течат низ таа земја  и на него го пренесува правото да собира дажбини на прометните патишта и сите ловни, риболовни, рудни и шумски права (потенцирал и превел М. П.).“[1]

Афричките племиња не знаеле што значи суверенитет, а сепак цивилизираниот крал на Белгија, Леополд ги натерал за едно парче облека месечно, да го продадат суверенитетот.

Меѓународните правници од тоа време, правнички го аргументирале склучувањето на договорите од страна на кралот Леополд, а некои оделе до таму што ја истакнувале неговата хуманитарна улога во Конго.[2]

„Честите отпори ги задушувала војската на Леополд (Force publique), чии што методи на војување вклучувале колежи на населението на цели села, злогласно сечење на рацете на убиените, или понекогаш, едноставно на непокорните домородци…Иако статистичкте податоци за овој период не се сигурни заради тие мерки умреле 8-10 милиони жители на Конго (потенцирал и превел М. П.).“[3]

Тие што мислат дека цивилизираните европски народи се однесувале поинаку кон нам сродни европски народи ќе се разочараат. Австро-Унгарија приклучувањето на Босна и Херцеговина го нарекла закуп. [4]

Ratio non clauditur loco. (Разумот не е ограничен со простор.)

Значи, разум има и во Македонија.

За колку го продале правото на самоопределување на Македонскиот народ нашите поглавици Заев и Шеќеринска?

Како што афричките поглавици не знаеле што е суверенитет и нашите поглавици не знаат што е право на самоопределување.

Европските цивилизирани народи за стари навики даваат нови имиња, но во суштина остануваат исти. Кога пропадна и беше разобличен поимот цивлизирање (за масовно убивање), воведоа интернационализација (и пак масовно убивање), па хуманитарни акции…Сега им е уште полесно да го прават тоа скриени зад поимот ЕУ, која што сеуште ја нема ратификувано Европската конвенција за човекови права.

Европските цивилизирани народи, народите ги делат на:

  • цивилизирани
  • варвари и
  • дивјаци.  

Себеси се ставаат во цивилизирани, а нас во најдобар случај во варвари.

Како можат европските цивилизирани народи да се пазарат за нашето право на самоопределување со нашите поглавици кои што не знаат што е право на самоопределување, како што африканските поглавици не знаеле што е суверенитет?

In alta proditione nullus pоtest esseaccessorius. (При велепредавството никој не може да биде спореден учесник.)

Сите што учествуваат во чинот на велепредавство имаат статус на сторител. Со оглед на тоа да велепредаваството ја загрозува целата држава, никој од вмешаните не може да се правда дека бил посматрач.

Изреката укажува на доследноста, со која што во сите времиња биле прогонувани дејствијата што ја загрозуваат безбедноста на државата.

 


[1] Martti Koskenniemi, »Blagi prosvetitelj narodov«, MZZS RS in Založba FDV, Ljubljana, 2012, stran 130.

[2] Ибидем, страница 129-136.

[3] Ибидем, страница 150.

[4] Ибидем, страница 144.

  •