МЕДИЈАТОРИ

За решавање на спорот со името, потребно е знаење.

Аристотел[1] знаењето го дефинира како способност за докажување.

Доказот пак, е силогизам составен од две премиси и заклучок.

Првиот медијатор Робин О’Нил често се појавува како гостин во еден медиум со свои ставови за спорот за името. За да се провери веродостојноста на неговите ставови, треба да се знае суштината на медијацијата, како дипломатско средство за мирно решавање на споровите.

Суштината на медијацијата е да се направи компромис за спорот, со тоа што медијаторот ги пренесува предлозите на странките.

Уште поважно е што медијаторот мора да го почитува меѓународното право и Повелбат на ОН, како и на судските одлуки и резолуциите на меѓународните организации.[2]

Од досегашното однесување на првиот медијатор; заклучуваме дека тој применува само дел од суштината на медијацијата. Најкратко, тој не го почитува меѓународното право, а особено не Повелбата на ОН.

Ваквиот заклучок темели на нашиот доказ (полсилогизам), кој темели на Повелбата на ОН и нејзината норма за правото на самоопределување, која што е норма ius cogens.

Значи, доколку првиот медијатор ја применуваше Повелбата на ОН, ќе укажеше дека за правото на самоопределување, кое што е норма од когентен карактер, не е дозволен компромис.

Доколку горниот заклучок е правилен, првиот медијатор е некредибилен.

Меѓутоа, ова префрлување не е карактеристично само за првиот медијатор, туку за целиот Запад, кој што има многу високот мислење за себе:

„На моралната исцрпеност на Западот укажува неговата неспособност да стимулира такви морални начела, со кои што би ги оправдал своите позиции и интереси во судирот со непријателите и клеветниците.

Моралната немоќ на Западот, во ситуација кога мораше да се бори со употреба на сопствени морални начела, кои што му одеа во прилог на неговиот непријател (што драматично се разоткри пред чекословачката криза 1938 година) беше една од главните причини за неговото млитаво дејствување. Прикладно и едноставно е да се идентификува таа млитавост со конкретен човек, кој што делува во посебна епизода и на тој начин да се осами „духот на Минхен“ од моралното држење на западот во целата надворешна политика. Исто така прикладно е да се осуди секој вид на порамнување и компромис во надворешната политика, како „помирување“, со желба повеќе да се потпри на безкомпромисното однесување на непријателот.

Во недостаток на кредибилни морални мерила, кои што би го насочувале неговото делување, на државникот му преостанува само тоа; моралниот проблем да го негира, или да го генерализира, за да нема важност (превел М. П.).[3]

Кога претходното ќе се претвори во пракса, никој повеќе не се сомнева во изречената вистина за Западот.

Имено, Черчил, еден од најголемите државници на Западот, има изјавено дека демократската држава ќе пактира со ѓаволот, заради своите сопствени интереси.[4]

Меѓутоа, д-р Јанев не известува (mkd.mk на Александар Дамовски) дека првиот медијатор го прифаќа неговото решение ultra vires.

Според д-р Јанев: „Првата опција е промена на референцата бивша југословенска Република Македонија со Република Македонија преку директна резолуција на Генералното собрание на ООН. Во овој случај треба да се повикаме на фактот дека преговорите досега не дале никаков резултат и дека се поставени два (нелегални) дополнителни услови при приемот на РМ кои оневозможуваат постигнување на какво било правично решение. За овој пристап, генерално се залага и Робин О’Нил, првиот медијатор за проблемот околу името.“

Бидејќи д-р Јанев не нуди argumentum ad rem, туку  argumentum ad verecundiam, а ние составивме доказ (силогизам), нашиот доказ е неоштетен.

Сепак, на ваквото аргументирање на д-р Јанев ќе парираме исто така со авторитет, но далеку поголем авторитет од првиот медијатор.

 

Имено според Ханс Моргентау: „Дури и тие скромни функции се ограничени во член 12, кои што генералното собрание го попречуваат да одлучува во работи, кои што се на дневен ред на советот за безбедност. Така, конкуренцијата на јурисдикцијата помеѓу одлучувачкиот совет и одлучувачкото собрание, ја заменува алтернативата на одлучувачкиот совет за безбедност и препорачувачкото генерално собрание. Кога советот за безбедност ќе се зафати со некоја работа, генералното собрание за неа додуше сеуште може да расправа, но не може повеќе ништо да препорачува.“[5]

 

Со примената на правното правило nemo plus iuris ad alium transferre potest quam ipse habet (никој не може да пренесе на друг повеќе права, отколку што самиот има), доаѓаме до заклучок; дека Генералното собрание не може да му предложи на Меѓународниот суд на правдата да донесе препорачувачко (незадолжителоно) мислење, бидејќи самото Генерално собрание нема право да препорачува, доколку Советот за безбедност веќе работи на предметот.

 

Во конкретниов случај, Советот за безбедност веќе има донесено две резолуции. Постои и медијатор кој што постапува во склад со резолуциите.

Генералното собрание има донесено само една резолуција и тоа на предлог на Советот за безбедност, со која Македонија е примена во ОН.

Од тогаш Генералното собрание нема донесно ниту една резолуција, што значи дека го почитува член 12 од Повелбата.

Спорот, кој што погрешно се решава од првиот медијатор до денес, не може да се реши со ultra vires на д-р Јанев, сега зајакнат со подршка на првиот медијатор.

Стеблото кое растеше свиткано триесет години, не може да се исправи за година дена (ашантска поговорка).



[1] Aristotel, »Nikomahova etika«, Slovenska matica«, Ljubljana, 2002, stran 189.

[2] Ј. Г. Мерилс, „Решавање на меѓународните спорови“, Просветно дело, Скопје, 2009, страница 40.

[3] Morgenthau Hans, »Politika med narodi«, DZS, Ljubljana, 1995, stran 468-469.

[4] “Churcill je povedal da se demokratična držva ne sme ogroziti. Zaradi svojih lastnih interesov demokratična država mora paktirati s samim hudičem, če je to v njenem nacionalnem intersu.«

Ибидем, страница 483.

[5] Ибидем, страница 603.