Животот на другите

Аристотел вели дека човекот никогаш не размислува без слика.[1]

На ова голема премиса уште во 2009 година и ја додадовме нашата мала премиса, за да почнат Македонците да размислуваат за лустрацијата.

Имено, побаравме од власта да им го прикаже на Македонците германскиот филм за начинот на постапување на злогласната ШТАЗИ. За да почнат Македонците да мислат зошто е потребна лустрацијата.

Филмот во Словенија беше преведен како »Življenje drugih«.

Власта ни по четири години не го прикажа овој филм, кој што патем е добитник на „Оскар“ за странски филм. Ова не можеме да го протолкуваме поинаку, освен дека во сопствените редови има многу влијателни припадници на УДБОМАФИЈАТА. Меѓутоа охрабрува факто што се лустрирани луѓе како тројцата академици, професор на државниот правен факултет и раководители на УДБА.

Погледенете го овој филм со Англиски превод. Доколку имате потешкотии, можете да одберете непрецизен автоматски генериран Македонски превод.

Пред да започнете, имајте во предвид дека УДБА има убиено повеќе луѓе по Европа отколку ШТАЗИ, КГБ и сите други комунистички тајни служби заедно.

 

 

Задоволство ни е што освен што никој не успеа да го побие нашето решение за најголемиот проблем што го има Македонија, голем допринос даваме и за лустрацијата, која што е прејудициелно прашање, од чи што правилно решение, зависи дали Владата ќе го примени нашето решение и ќе ја спаси Македонија. УДБОМАФИЈАТА прави се за да не се примени нашето решение (за ова поопширно пишувавме во „Нова Македонија“од 2009 година).

Еден конкретен случај што сеуште е во тек, побудува голем интерс во јавноста. Како што сугерира и поднасловот на овој сајт, во наредните редови ќе бидеме адвокати на јавноста.

Имено станува збор за случајот на Македонец, кој што доби азил од една демократска земја, по осамостојувањето на Македонија. Господинот Јордан Петровски тврди дека е жртва на македонските тајни служби, а особено го апосрофира д-р Љубомир Фрчковски.

Д-р Љубомир Фрчковски, иако лустриран, сеуште е професор на државниот правен факултет, па дури и член на една важна комисија, предложен од СДСМ. Логиката вели дека ниту државниот правен факултет може да си го дозволи овој луксуз, ниту пак СДСМ, која што пред извесно време го забележа последниот од неколкуте порази во низа.

Имено, во Словенија проф. д-р Иван Беле беше лустриран кога се пријави за судија на Врховниот суд заради тоа што како  судија ги кршел човековите права. Ги искористи сите правни средства во Словенија, вклучуваји го и Уставниот суд на Република Словенија (таму постои уставна жалба)  и загуби. Беше доволно интелигентен да не се жали пред Европскиот суд за човекови права. Впрочем, Советот на Европа има донесено две резолуции за лустрацијата, а Европскиот суд за човекови права е орган на Советот на Европа.

Во  нашиов случај ќе се задржиме на два привидни аргументи што и ги понуди на јавноста д-р Љубомир Фрчковски и ќе одстраниме една заблуда на жртвата Јордан Петровски.

Пазете. Изборот е направен според користа што ќе ја има јавноста, при осознавањето на вистината за овој случај.

Д-р Љубомир Фрчковски тврди дека: а) Јордан Петровски бил економски емигрант и б) дека тој постапувал во склад со важечки пропис кога наредил да се прислушкува жртвата Јордан Петровски.

Јордан Петровски тврди дека лустрацијата треба да се спроведе од страна на лустрациски суд.

Да почнеме со д-р Љубомир Фрчковски.

Заради чесен однос кон вас читателите, повторно се повикуваме на Аристотел и предлагаме секоја изложена мисла што ќе следи да ја третирате како дефиниција, или како докажување.[2] Ова, заради тоа што до вистината ќе стигнеме доколку одговориме на две прашања: а) што е нештото и б) на кому нештото му припаѓа, или не му припаѓа. На првото прашање одговара дефиницијата, а на второто доказот (силогизмот).[3]

Тврдењето на д-р Љубомир Фрчковски дека жртвата Јордан Петровски е економски азилант е лесно за побивање, откако погоре кажавме дека на прашањето што е нешто се одговара со дефиниција. Бидејќи д-р Љубомир Фрчковски не дава дефиниција на поимот „економски емигрант“, тој поим не постои. Тоа е воздух кој што не можете да го дишете, тоа е земја на која што не можете да стоите (Шопенхауер).

„Меѓутоа, не е доволно само да се каже вистината, туку треба да се образложи и причината за лагата. Имено, тоа допринесува за убедливост: доколку ни стане разбирливо, зошто ни се чини вистинито нешто, што не е вистинито, тогаш полесно и веруваме на вистината.“[4]

Коренот на поимот азил треба да се бара во член 14 од Универзалната декларација за човековите права. Таму е дефиницијата, а како што кажавме погоре, дефиницијата одговара на прашањето; што е нештото: „Секој има право во друга држава да бара и да ужива азил поради прогонување.“ Вториот став му одзема било каква шанса на д-р Љубомир Фрчковски: „Луѓето не мжат да се повикаат на ова право во случај на прогонувае што произлегва од неполитички злосторства или од дејствија што се спротивни на целите и на начелата на обединетите нации.“

Бидејќи го дефиниравме поимот азил, разбравме што е азил и одговоривме на прашањето што е нештото.

Сега ќе одговориме на прашањето, кому нештото му припаѓа, или не му припаѓа. Во конкретниов случај; дали на жртвата Јордан Петровски и припаѓа правото на азил. Како што кажавме погоре, тоа го правиме со доказ (силогизам), кој што во конкретниов случај треба да изгледа вака:

ГОЛЕМА ПРЕМИСА: Секој има право во друга држава да бара и да ужива азил поради прогонување (член 14, став 1 од Декларацијата).

МАЛА ПРЕМИСА: Жртвата Јордан Петровски побара и доби азил во Канада (општо познат факт, неколку пати спомнат и во парламентот и во медиумите, со фотокопија од исправата на надлежен канадски орган, со кој што му е доделен азил).

КОНКЛУЗИЈА: Жртвата Јордан Петровски е прогонувано лице.

Со доказот (силогизмот) докажавме дека на жртвата Јордан Петровски и припаѓа правото на азил поради прогонување.

Силогизмот е совршен, бидејќ има само три термини во двете премиси. Со изоставувањето на терминот што се повторува во двете премиси, направена е конклузијата.

Значи, го побивме тврдењето на д-р Љубомир Фрчковски дека жртвата Јордан Петровски е економски азилант.

Сега ќе се обидеме да го побиеме второто негово тврдење; дека тој постапувал врз основа на важечки пропис.

Д-р Љубомир Фрчковски и ги прекршил на жртвата Јордан Петровски уставните права и тоа: а) владеење на правото, б) забрана на дискриминација и в) право на жалба. Наведените права се преземени од ЕКЧП и тоа: владеење на правото е содржано во член 6(1), забрана на дискриминација во член 14 и право на ефикасно правно средство од член 13 на ЕКЧП.

Значи, ќе се обидем да докажеме дека д-р Љубомир Фрчковски му ги прекршил наведените уставни права (кои што сам ги пишувал како еден од авторите на Уставот). Што е уште пострашно, на жртвата и биле прекршувани човеквите права и во време на важење на ЕКЧП (овие податоци се достапни во медиумите). За ова прилика ќе аргументираме само едно прекршување.

 

Прекршено е човековото право на владеење на правото.

 

Аргументи

 

Доколку го парафразираме проф. д-р Ловро Штурм од Љубјана (беше судија на првиот состав на Уставниот суд на Словенија, минстер за правосудство и еден од авторите на Уставот на Словенија), односно неговата статија од 1991 година, последниот Устав на СФРЈ од 1974 во своите членови 208, 209 и 269 одредуваше дека законите, другите прописи и општи акти мора да бидат објавени пред да почнат да важат. Законите и другите прописи почнуваат да важат осум дена по објавувањето, а само по исклучок со денот на објавувањето. Сојузните закони и другите прописи на сојузните органи се издаваат и објавуваат во службено гласило на СФРЈ. Овие уставни одредби поподробно ги уредува Законот за објавување на сојузните закони и други сојузни прописи и општи акти. Овој закон како службено гласило на СФРЈ го одредува „Службен лист на СФРЈ“. Во 1980 дојдедо издавање на Законот за дополнување на Законот за објавување на сојузните закони и други сојузни прописи и општи акти, со кој што се воведува тајно службено гласило на федерацијата со назив „Службен лист на СФРЈ-тајно гласило“.

Условите и начинот на издавање и употреба на тајниот службен лист , подробно ги уредува уредбата на Сојузниот извршен совет. Таа таксативно ги наведува примачите на тајниот службен лист. Тие субјекти беа раазлични, а нивниот број се движел од 22 до најмногу 40 примачи во целата СФРЈ.

 

Воведувањето на тајниот службен лист беше во очигледна несогласност со уставните начела за објавување на законите и другите прописи.

Во 1981 сите социјалистики републики во рамките на СФРЈ воведоа републички тајни службени листови.

Од 01. 06. 1980. до 31. 12. 1990. се издадени 618 броеви од тајниот службен весник. Доколку ова бројка ја споредиме со бројот 817, како број на редовниот службен лист, ќе заклучиме дека се работи за опсежен дел од правното уредување, односно дека е воведен паралелен невидлив таен правен систем. Помеѓу правните акти на тајниот службен лист имаше 55 закони, 60 уредби на сојузната влада и огромен број на други подзаконски прописи. Во тајните службени листови имаше и бројни меѓународни договори.

 

Според роф. Д-р Ловро Штурм, издадени се огромен број подзаконски акти од областа на полицијата и војската, кои што никаде не се објавени. Овие подзаконски акти се во директна спротивност со законите и уставните одредби објавени во редовниот службен лист.

 

Постоењето на тајниот службен лист и никогаш не објавените подзаконски акти го откриваат во Словенија во 1989 година, кога комисија на републилчкото собрание ги испитува околностите на судскиот процес против четворица новинари пред војниот суд во Љубјана.

 

Проф. д-р Ловро Штурм заклучува дека постоењето на паралелниот таен и невидлив правен систем претставува грубо кршење на човековите права.

Словенија го укинува републичкиот таен лист 1989 година.

 

Од овој случај (Јордан Петровски), повеќе од очигледно е дека Македонија не само што не го укинала тајниот службен лист (Македонија користи еуфемизам „посебен“)  во рамките на СФРЈ, тку продолжува да го објавува и по осамостојувањето на Македонија.

 

Од исправите што ги нуди жртвата Јордан Петровски по медиумите, се гледа дека правилникот врз основа на кој што ги донел исправите д-р Љубомир Фрчковски, е донесен во таен службен весник („Службен весник на Р. Македонија“-посебен службен весник бр. 10/92).

 

Уставот на Македонија, напишан од д-р Љубомир Фрчковски, во член 52, исто како и Уставот на СФРЈ од 1974, одредува дека законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила, во „Службен весник на Република Македонија“.

 

Уште погрубо е кршењето на човековите права, кога се знае дека Уставниот суд на Република Македонија со одлука У. Број: 146/1993-0-0 од 13. 10. 1994. година укинал клучни одредби на правилникот од 22 јуни 1992 година, врз основа на кој што постапувал д-р Љубомир Фрчковски, како и Упатството за СДБ (според она што е достапно во медиумите, прогонувањето на жртвата Јордан Петровски трае до крајот на деведесеттите години).

 

Значи, д-р Љубомир Фрчковски не постапувал во склад со важечки пропис, бидејќи, како што самиот тој запишал во член 52 од Уставот, прописот почнува да важи по објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“. Ова конклузија ја потврдува и цитираната одлука на Уставниот суд на Република Македонија, со која што се укинати спорните подзаконски акти.

 

Жртвата Јордан Петровски, постојано и постојано (во своите медиумски настапи) тврди дека лустрацијата треба да ја спроведува суд. Веројатно мисли на лустрациски суд.

Според член 98, став 4 од Уставот, забранети се вонредни судови.

Значи, доколку лустрацијата ја спроведуваат лустрациски судови, тоа ќе биде во спротивност со Уставот.

Во почетокот на деведесеттите, словенците подготвија лустрациски закон во кој што предвидоа лустрациски суд. Словенечкиот претседател Кучан (во отворено писмо) го искасапи како неписмен предлогот, а еден од главните приговори беше лустрацискиот суд, кој што ќе се сметаше за вонреден суд, а тоа е забрането.

 


[1] »O duši« Naprijed, Zagreb, 1996, stranica 82.

[2] »O duši«, Naprijed, Zagreb, 1996, stranica 17.

[3] »Definicija čini jasnim šta je jedna stvar (čini jasnom njenu suštinu), a dokaz da izvestan atribut pripada ili ne pripada izvesnom subjektu (Aristotel, »Organon«, Kultura, Beograd, 1970, stranica 327).«

[4] Aristotel, »Nikomahova etika«, Slovenska matica, Ljubljana, 2002, stran 237, превел М. П.

  • montehristo

    Дали е можно да се побара увид во сите броеви на посебниот службен весник?
    Дали е можно тие да се објават јавно?
    (ова би било прашање упатено и до вас(како правна проблематика) а и до директорот на Архивот на Македонија Зоран Тодоровски(како историска проблематика))

    Thumb up 0

  • montehristo

    “Д-р Љубомир Фрчковски, иако лустриран, сеуште е професор на државниот правен факултет, па дури и член на една важна комисија, предложен од СДСМ. Логиката вели дека ниту државниот правен факултет може да си го дозволи овој луксуз, ниту пак СДСМ ”

    Господине Марјан, во Македонскиот “правен и демократски систем” имате исклучок како горе наведениот, кој како исклучок и понатаму делува како ништо да не се случило.
    Значи имате еден ваш колега кој донесува закони кои времето ги гази како ништавни и неважечки(можете и самите да додадете свои забелешки), од друга страна имаме “Лустрација” која по горниот пример ништо не решава(исправно приметувате дека е член од вашна комисија).
    Сево ова ми личи на Македонскиот проблем со името, Грција одолговлекува “измислувајќи” проблем со името и што повеќе проблемот се одолговлекува толку повеќе Македонија ослабнува како држава способна да продолжи да опстојува како самостоја единка, од друга страна ми се чини дека Македонската УДБОМАФИЈА привршува со “процесот на квази-демократизација и приватизација”, тоа мислам дека и беше целта се досега да се одолговлече процесот на лустрација додека не се заврши грабежот наречен приватизација на банките, здравствениот, пензискиот систем, Македонските гиганти, монополи, рудници, сите ЗИК-ови, и сега Лустрацијата која не е судска туку комисиска, какви правни последици ќе има оваа комисија? Каква сатисфакција после дваесет години од падот на претходниот систем ќе доживеат жртвите кога нивните злосторници уживаат во своите злосторнички пензии? Па и ако падне Фрчолина на судот кој може да Јордан да му ги надокнади штетите од криминалните дејанија на еден одметнат систем на УДБОМАФИЈАШИ, и кој може тој систем да го отстрани ако дел од тој систем е уште во власта (Сиљан Аврамовски и кој зна кој/кои друг/и кој тој го/ги штити)?
    Како да се пресече овој Гордиев Јазол?

    Thumb up 0