Претседател

Претседателот на Република Македонија д-р Иванов изјави дека Република Македонија ќе побара од Советот за безбедност извршување на пресудата од 05. 12. 2011. во спорот со Грција.

Скоро истовремено, неговиот советник Ристо Никоски во колумна изјави дека треба повторно да се поведе постапка пред Меѓународниот суд на правдата со истиот тим.

Изјавата на Никоски не темели на меѓународното право.

Изјавата на Претседателот темели на член 94, став 2 од Повелбата, па поради тоа ја сметаме за најсилен аргумент дека тој повторно ќе се кандидира за Претседател на Република Македонија. Бидејќи Преседателот е еден од тројцата што ја претставуваат државата, д-р Иванов, како Претседател на Република Македонија, не само што има право, кога вели дека може да се побара од Советот за безбедност да обезбеди извршување на пресудата, туку тој има моќ да побара извршување.

Во пракса, ова надлежност на Советот за безбедност не се употребува непосредно. Во еден случај со добри услуги на генералниот секретар, спроведена е пресудата за разграничување помеѓу Нигерија и Камерун (2002-2006), а во вториот сучај Советот за безбедност ја изврши пресудата за воспоставување на суверенитет на Чад врз подрачјето Оузоу на границата со Либија, употребувајќи мировна операција.

Од досега кажаното, се чини дека Претседателот д-р Иванов има одлична идеја.

Да, така е кога сакате да ги прикажете нештата поинакви отколку што се. Кога на црна подлога ќе ставите сиво, сивото изгледа бело. Кога идејата на Претседателот ќе ја споредите со она на Никоски, таа е одлична, но кога идејата на Претседателот д-р Иванов ќе ја ставите на бела подлога, на нашата колумна „Грчка лажга“, сивата идеја на Претседателот ќе стане црна. Лоша.

За да избегнеме тафталогија, а особено од обзири кон тие што не читаат редовно, нема да ги повторуваме ставовите од колумната „Грчка лажга“, туку молиме читателот да ја прочита.

Заради тоа, ние си остануваме на ставот дека д-р Иванов не беше добар Претседател, а неговата идеја да бара извршување на пресудата преку Советот за безбедност е доказ дека ќе биде уште полош.

Значи, естетскиот суд на Кант, оди во прилог на генералот Ангелов[1], пред сите политичари, а подобри кандидати од д-р Иванов за иден Претседател се д-р Кекеноски и м-р Ставрески.

Има еден приговор на нашите ставови за ништовност на Времената согласност кој што го добивме во телевизиското интервју.

Имено, новинарот се послужи со еристички трик argumentum ad verecundiam  и рече; како е можно да тврдите дека Времената согласност е ништовна, кога таа помина низ рацете на судиите на Меѓународениот суд на правдата и тие не утврдија дека таа  е ништовна.

Ние се одбранивме со argumentum ad rem, тврдејќи дека на судот не му било поставено такво прашање и дека тој немал право да одлучува за ништовноста.

Денес, после две години од интервјуто, сметаме дека и ние требаше да аргументираме еристички, бидејќи тој приговор им нанесе голема штета на нашите ставови; петнаесет (односно седумнаесет) судии на Меѓународниот суд на правдата не нашле дека Времената согласност е ништовна, а овој тврди дека била ништовна.

Во ова прилика, ќе ги истакнеме ставовите на проф. д-р Данило Тирк, поранешен Претседател на Словенија, заменик на генералниот секретар Кофи Анан и веројатно идниот генерален секретар 2016 година (на ред е Источна Европа):

„Правилата за ништовност, престанок и суспензија на меѓународните договори не делуваат автоматски. Кога една од договорните страни ќе оцени дека целиот договор или некоја нејзина одредба е ништовна, не е нужно и другите договорни странки да имаат исто мислење. За очекување е дека ќе има приговори против барањето на договорната странка која што утврдува ништовност, или се завзема за престанок, односно суспензија на договорот, како што се однесува до фактите, така и по однос на последиците. Затоа Виенската конвенција за правото на договорите ги пропишува (65 до 68 член) правилата на постапката што треба да се спроведе во такви случаеви…токму заради тоа, Виенската конвенција за правото на договорите во член 66 пропишува уште една фаза, во коja што средствата за решавање на таков спор се одредени однапред, доколку странкие сами, со средствата кои што сами ги избрале, спорот не го решиле за дванаесет месеци. Притоа воведе разликување помеѓу спорови кои што се однесуваат на когентните норми на меѓународото право и другите спорови:

а) Кога се работи за ништовност на меѓународен договор заради дејството на когентна норма, можни се две ситуации. Когентната норма е причина за ништовност на договорот ab initio, доколку договорот бил скучен во спротивност со неа (член 53 на Виенската конвенција на договорното право), или пак причина за престанок на договорот ex nunc доколку се работи за нова когентна норма (член 64 од Виенскаа конвенција за договорно право). Во двата случаеви, за втората фаза на решавање на спорот  Виенската конвенција за договорно право (член 66.а) пропишува, дека може секоја договорна страна да го замоли Меѓународниот суд на правдата, да даде толкување и да го реши спорот… На вој начин Виенската конвенција за договорно право го потенцира посебното значење на когентните норми и го потврди спознанието, дека во пракса прашањата за содржината и обсегот на когентните норми, можат да бидат спорни (превел М. П.).“[2]

 


[1] Генералот Ангелов е слика за естетскиот суд на Кант. Еднаш го дадовме на словенечки, а сега еве го на српски: „Jer, šta je ono što čak za jednog divljaka predstavlja predmet najvećeg divljenja? To je svaki čovek koji se ne užasava, koji se ne boji, dakle čovek koji ne uzmiče pred opasnošću, i u isto vreme potpuno smšljeno i hrabro pristupa poslu. Ovo visoko poštovanje prema ratniku postoji čak i u doba najveće civilizacije; samo što se radi toga još zahteva da u isto vreme pokazuje sve vrline mirnodopskog života, kao što su blagost, sažaljivost i čak dolično staranje o svojoj vlastitoj osobi, upravo zbog toga jer se po tome saznaje nesavladljivost njegovog duha pred opasnošću. Otuda se pri upoređivanju državnika i vojskovođe može još toliko sporiti oko toga ko od njih zaslužuje veće poštvanje-estetski sud odlučuje u korist vojskovođe (Imanuel Kant, »Kritika moći suđenja«, Beogradski izdavačko-grafički zavod, Beograd, 1991, stranica 153).«

[2] Danilo Turk, »Temelji mednarodnega prava«, GV Založba, Ljubljana, 2007, stran 276-277.