Порака до власта

„Вратата зад која што е скриено доброто тешко е да се отвори, а вратата зад која што е скриено лошото тешко е да се затвори (кинеска поговорка).“

Вратата зад кој што се криеше злото ја отворија тие што ја склучија Времената согласност и еве веќе 18 години ова врата не може да се затвори, а уште потешко е да се отвори вратата зад која што се крие доброто.

Владата решила проблемот да го реши со ultra vires на д-р Јанев.

„Се додека каменот го држиме в рака, целта е наша, кога ќе го испуштиме од рака, целта му припаѓа на каменот (руска поговорка).“

Од сега натака, решавањето на најважиот проблем му припаѓа на д-р Јанев, а не на власта.

Аргументот на д-р Јанев е аргумент на преседанот.

Внимавајте добро.

Ultra vires на д-р Јанев ќе го побиваме со нови аргументи.[1] Тоа ќе го направиме со негово оружје. Со аргумент на преседанот.

„Како што човек гледа на законот, така и тој гледа на него; а како што човек го прашува, така законот и му одговара (германска поговорка).“

Имено, д-р Јанев посочува преседан од 1948, односно правно мислење на Меѓународниот суд на правдата и на него гледа како на решение:

»U gornjem savjetodavom mišljenju Sud je zaključio da država članica koja je pozvana da se izjasni glasovanjem, bilo u vjeću sigurnosti bilo u Općoj skupštini o primanju nove države u članstvo, nema pravo vezivati svoj pristanak uvjetima koji nisu izričito predviđeni u stavku 1. članka 4. Takva država naročito ne smije svoj pozitivan glas uvjetovati primanjem u članstvo i drugih država zajedno s tom državom (p. 65).

Ali je u novomu savjetodavnom mišljenju iz 1950. o nadležnosti Opće skupštine o primanju neke države  u članstvo UN-a Sud precizirao da Opća skupština nema pravo primiti novu članicu ako Vijeće sigurnosti nije preporučilo njezino primanje, bilo stoga što odnosna država (u njemu) nije dobila dovoljan broj glasova bilo stoga što je neka stalna članica glasovala protiv (p.10) (потенцирал М. П.)[2]

Со примена на правилото lex posterior derogat legi priori, го уништивме аргументот на д-р Јанев. Докажавме дека тој во моментов не постои. Дека од 1950 година постои друг преседан на Меѓународниот суд на правдата, кој што одредува дека Собранието на ОН не смее да одлучува за прием на нова членка, доколку Советот за безбедност не дал препорака за нејзино примање.

Со примена на логичкиот аргумент a fortiori, доаѓаме до следниот заклучок; доколку Советот за безбедност има право да не препорача да биде примена одредена членка, тој дотолку повеќе има право да препорача прием на одредена членка под одреден услов, бидејќи поставувањето на услов е помалку лошо од воопшто да не биде примена државата.

Дека заклучувањето е правилно, говори и фактот што Европските заедници поставија нови услови за признавање на поранешните комунистички републики. Услови што ги нема во член 4 од Повелбата:[3]

»Među zahtevima koje nastajće republike treba da ostvare kako bi stekle priznanje, EZ je postavila i zahtev za poštovanje »vladavine prava, demokratije i ljudskih prava«, kao i uspostavljanje »garancija za prava etničkih i nacionalnih grupa i manjina u skladu sa obavezom preuzetom u okviru KEBS (потенцирал М. П.)[4]

И третиот аргумент.

Меѓународниот суд на правдата може да постапува по одреден спор само доколку државите ја прифатиле неговата надлежност. Доколку ова важи за спорови, уште повеќе важи за правни мислења. Во спротивно, она што не може да се постигне со тужба, би можело да се постигне со правно мислење, а тоа е argumentum ad absurdum.

Во конкретниов случај, Македонија и Грција со член 21 од Времената согласност, изричито забраниле постапка пред Судот за спорот за името и Судот не смее да даде правно мислење за спорот за името.

Дека судот ќе одбие да даде мислење аргументира проф. д-р Тирк, поранешен Претседател на Словенија, заменик на Кофи Анан и веројатно идниот Секретар на ОН 2016 година (источна Европа е на ред за Секретар):

»Sodišče je v svoji praksi že zgodaj odklonilo izdajo svetovalnega mnenja, ko je ocenilo, da vprašanje posega v spor med dvema državama, od katerih ena ni želela sprejeti pravdne pristojnosti sodišča.«[5]

Значи, д-р Тирк посочува и преседан во кој што Судот одбил да даде мислење, во случај кога една од државите не прифаќала надлежност на судот.

Во конкретниов случај, и Македонија, и Грција изричито изјавуваат во писмен договор дека не сакаат Судот да одлучува за спорот за името.

„Во својата школка, бисерот е безвреден (индиска поговорка).“

Од наведеното станува јасно, дека само нашиот ius cogens може да ја отвори вратата на доброто за Македонија. Овој бисер засега е безвреден, бидејќи власта не го објави како книга.

„Поговорката доаѓа од разумот, а разумот од поговорката (чешка поговорка).“


[1] Тие што не следат знаат дека во телевизиското интервју изнесовме над десетина аргументи против ставовите на д-р Јанев.

[2] Vladimir-Đuro Degan, »Međunarodno pravo«, Školska knjiga, Zagreb, 2011, stranica 429.

[3] Признавањето на одредена држава од друга држава има декларативен ефект. Само зачленувањето во ОН може да се смета за признавање на држава, кое што има конститутивен ефект. Бидејќи и Европските заедници се меѓународна организација, која што во преамбулата на своето примарно право има запишано дека одредбите на Повелбата ќе имаат предност во однос на примарното право на Европските заедници, сметаме дека аналогијата е правилна.

[4] Antonio Kaseze, »Samoodređenje naroda«, JP Službeni glasnik, Beograd, 2011, stranica 308.

[5] 554 Zadeva Vzhodne karelije, PCIJ Reports, series B, no. 5, 1923, »Temelji mednarodnega prava, GV Založba, Ljubljana, 2007, str.394.